fbpx
Таг: барел

таг: барел

Цената на нафтата испиша историја, отиде во негатива

За првпат во историјата, цената на сировата нафта во САД отиде во негатива откако вчера цел ден имаше пад на берзите. Цената на нафтата достигна минус 30 долари, што практично значи дека трговците на купувачите им нудат 30 долари за барел, а се со цел да се ослободат од резервите кои се натрупани поради состојбата со корона вирусот. Затворените граници, економската...

Цената на литар дизел пораснала за 15,5 денари во споредба со лани

Цената на барел нафта од 2011 година до сега бележи опаѓање, но цената на литар дизел во Македонија во последните седум години не е значително намалена, покажува најновата анализа и визуелизација на „Дата“. Во 2011 година барел нафта чинел 117,74 долари, а литар дизел 66,5 денари. Во 2018 година, цената на барел нафта се намалила на 74,95 долари за барел,...

Цената на нафтата на највисоко ниво во последните три години

На лондонскиот пазар, цената на нафтата се зголеми за разлика од претходните шест недели, па достигна на највисоко ниво во последните три и пол години. Зголемување на цената на нафтата е последица на падот на производство во Венецуела, зголемената глобална побарувачка и најава за повторно воведување на санкции кон Иран од страна на САД. На лондонскиот пазар, цената за барел нафта...

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта и на тој начин ќе го поддржи планот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој предвидува да се намали прекумерната глобална понуда и да се зголеми цената на нафтата, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад. - Она што во намалување на производството ќе го изгубиме, ќе го...

Слабеењето на доларот ја зголеми цената на нафтата во Азија

Цената на нафтата денеска закрепнува во Азија, што е поттикнато од слабеење на доларот, како и од шпекулациите за можно намалување на производството од членките на Организацијата на земјите-извозници на нафта (ОПЕК). Трговците одлучиле да ги игнорираат информациите за уште едно зголемување на американските комерцијални резерви на сурова нафта. Американското министерство за енергетика соопшти дека комерцијалните резерви на таа суровина во САД, кои се најголем...

Цената на нафтата пониска од 30 долари за еден барел

Ценaта на нафтата денеска во Азија е пониска од 30 долари за еден барел, забележувајќи нов пад при очекувањето на дополнителен пораст на резерви во САД и на влошување на ситуацијата на и онака презаситениот глобален пазар. Трговците очекуваат дека извештајот на американското министерство за енергетика ќе укаже на неделен пораст на резерви на нафта во САД, а секое зголемување значи помала...

Нафтата најевтина во последните 11 години

Европската нафта „брент“ денеска поевтини на 36 долари и 29 центи за еден барел, што е најниска цена во последните 11 години. Во однос на тргувањето во петокот, цената на еден барел се намали за 59 центи и моментно е на ниво од јули 2004 година. Еден барел сурова нафта во САД моментно чини 34 долари и 37 центи, пренесува АФП. Американскиот конгрес...

Цената на нафтата ќе се намали на 40 долари

„Интернешнел бизнис тајмс“ (The International business times) објави дека цената на суровата нафта ќе почне да опаѓа кога глобалните резерви ќе почнат да се зголемуваат, така што на пазарот во САД таа наскоро ќе достигне 40 долари за еден барел. Според весникот, цената на нафтата од типот „брент“ исто така ќе се намали под притисок на зголемените резерви, а нафтата од...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...