fbpx
Таг: Барак Обама

таг: Барак Обама

Изменето видео лажно прикажува дека Бајден бил исвиркан за време на говорот на Обама

Постот и видеото коишто се споделуваат на Фејсбук се со изменета содржина (altered video). Во ниту еден момент од видеото, Обама не е ниту лут, ниту пак е вистина изнесеното во постот, дека не успеал да ја контролира толпата присутна на неговиот говор. Аудио делот во позадина на видеото е измонтиран, односно додаден, за да се добие лажна слика...

Вистиномер: На Фејсбук невистинито се тврди дека Обама и Меркел се внук и ќерка на Хитлер

Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква. Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата...

Обама од КОП 26 им порача на младите да продолжат да се борат против климатските промени

Поранешниот американски претседател Барак Обама во своето обраќање на Конференцијата за климатски промени (КОП 26) ги повика младите да продолжат со својата борба против климатските промени, јавува Би-би-си. https://www.youtube.com/watch?v=kpOSlo_gwWo Тој им порача на младите низ целиот свет дека треба да извршат политички притисок за да направат промена, но и додаде дека ќе мора да прифатат компромиси на тој пат. Обама рече и...

Интернетот го прогласи роденденот на Трамп за Ден на Обама

Интернет заедницата го прогласи роденденот на претседателот на САД, Доналд Трамп (14 јуни), за ден на поранешниот претседател Барак Обама. Платформите како Твитер и Инстаграм беа преплавени со постови кои го слават Обама користејќи хаштази како #ObamaDayJune14th #ObamaAppreciationDay #ObamaDayUSA како и #AllBirthdaysMatter што е директна реакција на хаштагот #AllLivesMatter кој го користат луѓето кои се против движењето #BlackLivesMatter. https://twitter.com/GeorgeTakei/status/1272151269134798848?s=19 https://twitter.com/kerrywashington/status/1272213092831641600?s=19 https://twitter.com/kenjeong/status/1272202685526097920?s=19 Голем број...

Гласачката екипа на Мишел Обама (видео)

Речиси една година пред наредните претседателски избори во САД, поранешната прва дама Мишел Обама објави ново видео на Инстаграм во кое заедно со група познати личности го повикуваат американскиот народ да се регистрира за да гласа. Во видеото вели дека минатата година имало милиони нови гласачи кои гласале за прв пат, а сега е дури уште поважно да гласаат...

Трамп ја откажа посетата на Лондон

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа плaнираната посета на Велика Британија, во текот на која требаше да ја отвори новата американска амбасада во Лондон. Токму новата амбасада, која според Трамп е уште една лоша одлука на неговиот претходник, Барак Обама, е причината за откажувањето на посетата. „Го откажувам патувањето во Лондон затоа што не сум голем обожавател...

Твитот на Обама против насилствата влезе во историјата

Твитот на поранешниот американски претседател Барак Обама по повод насилствата во Шарлотвил стана најпопуларниот во историјата на „Твитер“. Твитот на Обама, во кој го цитира Нелсон Мандела, лајкуван е три милиони пати откако е објавен на 12 август, после насилствата во Шарлотвил во Вирџинија. - Никој не се раѓа со омраза кон другите поради бојата на нивната кожа, потеклото или вера......

ФБИ и НСА го негираат тврдењето на Трамп за прислушување

Директорите на американските водечки безбедносни и разузнавачки агенции изјавија дека немаат информации што би ги потврдиле тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека неговиот претходник Барак Обама прислушувал пред изборите. - Со почитување на претседателските твитови за тоа дека претходната администрација го прислушувала, јас немам информации што би ги поддржале тие твитови – изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми, за време...

Комитетот за разузнавање на Сенатот ги отфрли тврдењата на Трамп дека бил прислушуван

Не постојат никакви индиции дека кулата „Трамп“ била надгледувана и дека комуникациите биле следени од владата на САД, пред или по претседателските избори минатата година, соопштил денеска Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, јавува „Би-би-си“. Во заедничка изјава, претседателот на комитетот, републиканскиот сенатор Ричард Бур, и неговиот заменик, сенаторот Марк Ворнер, ги отфрлиле тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека...

Центарот на Штип излепен со „потерници“ за пратеникот на СДСМ, Бочварски

На повеќе локации во центарот на Штип денеска беа излепени лажни потерници за пратеникот во Собранието на Република Македонија од СДСМ, Благој Бочварски. На „потерниците“, Бочварски се бара за предавство, односно, како што стои на нив, заради „прифаќање на редефинирање на државатa и албанскиот јазик... промена на химната и знамето и воведување казни од 5.000 евра за непознавање на албанскиот...

„Потерниците“ за пратениците на СДСМ по урнек на „потерниците“ за Обама и за Кенеди

Лажни потерници со ликовите на пратениците на СДСМ, Стево Пендаровски, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, утрово беа излепени во неколку скопски населби. Во нив овие пратеници на СДСМ се обвинуваат дека се предавници и дека прифатиле официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик, двојазични банкноти и униформи, како и дека прифатиле редефинирање на државата како вовед во кантонизација и во...

ФБИ: Да се отфрлат обвинувањата на Трамп за прислушување

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) побара од Министерството за правда да ги оспори наводите на претседателот Доналд Трамп дека неговиот претходник, Барак Обама, го прислушувал пред претседателските избори. Трамп на „Твитер“ го обвини поранешниот претседател Обама дека го прислушувал пред претседателските избори, одржани на 8 ноември минатата година, и побара од Конгресот да истражи дали администрацијата на неговиот претходник...

Обама никогаш не наредил прислушување на Трамп, вели портпаролот на експретседателот

Портпаролот на поранешниот американски претседател, Барак Обама, денеска ги негираше и ги отфрли тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека Обама, наводно, наредил прислушување на неговите телефоните во октомври минатата година, пред претседателските избори, јавуваат светските агенции. „Главно правило на администрацијата на Обама беше дека ниту еден службеник на Белата куќа нема да се меша во каква било истрага што ја спроведува...

Трамп го обвини Обама дека го прислушувал пред изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го обвини својот претходник, Барак Обама, дека го прислушувал пред претседателските избори, кои се одржаа на 8 ноември минатата година. Трамп обвинувањата за прислушување ги изнесе во неколку пораки на својот твитер-профил, не наведувајќи детали или докази. „Страшно. Штотуку дознав дека Обама ме прислушувал во Кулата Трамп непосредно пред мојата победа“, напиша Трамп на „Твитер“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/837989835818287106 Тој...

Трамп ги обвини медиумите дека лажат за бројката на присутни луѓе на инаугурацијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги обвини медиумите дека се „нечесни“ околу проценките за бројот на луѓе што присуствувале на неговата инаугурација пред Капитол хил, јавува „Би-би-си“. Новиот претседател на САД реагирал на фотографиите објавени во медиумите, со кои се споредува бројот на граѓани што биле присутни на неговата и на инаугурацијата на претходниот претседател на САД, Барак Обама, во 2009...

Обама последен пат како претседател телефонски разговарал со Меркел

Последниот телефонски разговор како претседател, Барак Обама го имаше со германската канцеларка, Ангела Меркел. Својот последен работен ден во Белата куќа, претседателот во заминување, Барак Обама, го мина, меѓу другото, поздравувајќи се со своите соработници, но и со странските колеги, а последниот претседател со кој во телефонски разговор се поздравил била германската канцеларка Ангела Меркел. „Тој ѝ се заблагодари за осумгодишното пријателство и партнерство“,...

Обама ја помилува Менинг, ќе биде ослободена на 17 мај

Американскиот претседател во заминување Барак Обама ја помилува 29-годишната Челси Менинг, која во август 2013 година беше осудена на 35 години затвор за шпионажа заедно со други службеници, по објавување на документи на веб-страницата на „Викиликс“. Трансродната офицерка во американската војска, која родена е како Бредли Менинг, ќе биде ослободена на 17 мај годинава, наместо во 2045 година, како што првобитно...

Последната прес-конференција на Обама како претседател ќе биде на 18 јануари

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, последната прес-конференција како лидер на САД ќе ја одржи на 18 јануари. Портпаролот на Обама, Џош Ернест, соопшти дека конференцијата ќе биде одржана во собата за брифинзи во Белата куќа. В петок, на 20 јануари, улогата претседател на САД ќе ја преземе новоизбраниот претседател, Донлад Трамп. Бизнисменот и републикански кандидат на изборите одржани на 8 ноември...

Обама ја укина политика на отворени врати за кубанските мигранти

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ја укина петдецениската „политика на отворени врати“ за кубанските мигранти, јавуваат американските медиуми. Од 60-тите години на минатиот век, за кубанските мигранти важеа посебни правила, според кои им се овозможуваше брзо добивање американско државјанство, а отсега за Кубанците ќе важат слични правила како и за другите жители на Јужна Америка. – Отсега Кубанците што сакаат да...

Американскиот Сенат на пат да ги укине здравствените реформи на Обама

Горниот дом на американскиот парламент денеска одобри мерка која е прв чекор за укинување на законот на претседателот во заминување, Барак Обама, за здравствена заштита. Со тесно мнозинство, со 51 гласови „за“ и со 48 „против“, Сенатот ја усвои мерката која го олеснува подоцнежното укинување на законот, што би можело да биде предмет на гласање следниот месец. Долниот, Претставнички дом на Конгресот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...