fbpx
Таг: банкарски систем

таг: банкарски систем

Колапс на американската СВБ банка, властите уверуваат дека парите се безбедни

Американските власти вчера презеле итни мерки за да го зајакнат банкарскиот систем откако пропадна Silicon Valley Bank (Банка „Силиконската долина“), јавува Би-Би-Си. Банката која ја поддржуваше ИТ и стартап индустријата во САД, СВБ, пропадна за помалку од 48 часа. Ова е најголем колапс на банка во САД од 2008 година и втор најголем по крахот на банката Washington Mutual. „Луѓето и...

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, потврди кредитната агенција „Стандард и Пурс“

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја, „ББ-“, со стабилен изглед. Во најновиот извештај на агенцијата одделен акцент е ставен на монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата, девизниот курс на денарот и состојбата во банкарскиот систем, се вели во соопштението од Народна банка. Од „Стандард и Пурс“ напоменуваат дека поставеноста...

МБА: Не верувајте нa невистини и искривени толкувања на социјалните мрежи, банкарскиот систем е стабилен

Македонската банкарска асоцијација (МБА) се огласи со предупредување по објавите во социјалните мрежи „со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните“. МБА вели дека треба особено да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките, односно да се прифаќаат за точни и веродостојни само информациите...

МБА: Банкарскиот систем е сигурен, стабилен и солвентен

Македонската банкарска асоцијација, МБА, по одземањето на лиценцата на Еуростандард банка информира дека ниту една друга банка не е изложена на ризик со кој би се нарушила стабилноста и солвентноста. „Банкарскиот систем се одликува со прудентно работење и отпорност на шокови. Утврдените слабости во работењето на Еуростандард банка и укинувањето на дозволата за нејзино работење, не ги отсликуваат карактеристиките на...

ММФ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој што престојуваше во нашата земја заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. Во текот на изминатитe денови тимот оствари повеќе работни средби со претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Во Заклучокот на тимот на ММФ е укажано и...

НБРМ: Нефункционалните кредити на домаќинствата се во пораст

Банките повеќе кредити одобриле за граѓаните, отколку за компаниите и во третиот квартал од годината, кредитниот пораст изнесува 0,3 проценти, се вели во најновиот извештај на Народна банка. „Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се намалија за два проценти, на квартална основа. Нефункционалните кредити на домаќинствата бележат забрзан пораст присутен уште од почетокот на 2017 година. Истовреме, има зголемување на пролонгираните и...

НБРМ: И покрај политичката криза, банкарскиот систем ја задржа стабилноста

Советот на Народната банка на Македонија го усвои годишниот извештај за 2016 година, при што се вели дека девизниот курс останал стабилен, стапката на реален пораст на економијата изнесувала 2,4 проценти и е умерено пониска во споредба со 2015 година. На крајот на 2016 година, надворешниот бруто-долг изнесува 7.253,2 милиони евра, или 73,5 отсто од домашниот бруто-производ, што претставува пораст...

Банките имаат вишок пари за кредити кои малку се бараат поради кризата, велат од НБРМ

Ликвидноста во банкарскиот систем се зголемува петти месец по ред, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето-откуп на девизи, велат од Народна банка. Во услови на солидна девизна ликвидност кон средината на месецот, на меѓубанкарскиот пазар се јави вишок понуда на девизи. - Порастот на потенцијалната ликвидност на...

Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

„Македонската економија е стабилна и нема опасност од девалвација на валутата. Деновиве Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со проекција за економскиот пораст во оваа година од 3,6 проценти, но беше искажана загриженост дека најновите политички случувања и политичка несигурност што владее во Македонија, може да го загрози овој потенцијален економски пораст“, оценил гувернерот Димитар Богов на учеството на пролетниот...

Ликвидноста на банкарскиот систем е стабилна

Ликвидноста на банкарскиот систем и понатаму е стабилна и е на задоволително ниво и покрај користењето на ликвидните средства на банките, кои се зголемија во вториот квартал од 2015 година, се вели во најновиот извештај на Народна банка. - Стабилната солвентност на банкарскиот систем дополнително зајакна. Во вториот квартал од 2015 година, стапката на адекватност на капиталот благо се зголеми...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...