fbpx
Таг: Бан Ки Мун

таг: Бан Ки Мун

Бан Ки-мун: Се надевам дека набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. - Сметам дека е многу охрабрувачки фактот што и двете страни се...

Бан Ки-мун нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, објави дека нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја и дека се повлекува од политиката. Бан тоа го соопшти на претходно ненајавена прес-конференција во парламентот, по состанокот со лидерите на конзервативните партии, јавува јужнокорејската агенција „Јонхап“. – Се повлекувам од политиката. Жал ми е што разочарав многу луѓе – рече Бан,...

Бан Ки-мун се врати во Јужна Кореја, навестува претседателска кандидатура

Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска се врати во својата земја, Јужна Кореја, каде многумина очекуваат да се кандидира за претседател на земјата. Бан пристигна во Сеул, а стотина приврзаници го пречекаа на аеродромот, извикувајќи го неговото име. Тој во обраќањето, кое го пренесуваше државната телевизија, рече дека ќе се посвети на постигнување национално единство. Бан Ки-мун и претходно...

Португалецот Антонио Гутереш од денеска ја презема функцијата генерален секретар на ОН

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, од денеска ја презема функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Гутереш доаѓа на местото на Бан Ки-мун, кој два мандати беше генерален секретар на светската организација. Положувајќи заклетва на 12 декември, тој оцени дека ОН мораат да се подготват за промени. - Од акутните кризи во Сирија, Јемен, Јужен Судан и во други места, до долгогодишните...

Сè помали се изгледите за мир на Блискиот Исток, оцени Бан Ки-мун

Генералниот секретар на обединетите нации, Бан Ки-мун, рече дека меѓународната заедница мора јасно да каже дека и понатаму е посветена на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, затоа што изгледите за мир „можат да се лизнат од раце“. Бан, чиј десетгодишен мандат завршува за еден месец, синоќа издаде соопштение во пресрет на состанокот на Генералното собрание на ОН, кое го...

Бан Ки-мун во посета на Хаити, апелира на итна помош

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, е во посета на Хаити и на областа што беше погодена од налетот на ураганот Метју. Тој апелираше на итна помош, која му е неопходна на народот што живее на погоденото подрачје. Генералниот секретар на ОН за време на посетата ќе се сретне со претставници на државните и на локалните власти, претставници на загрозените заедници и...

Гутереш и официјално е новиот генерален секретар на ОН

Генералното собрание на Обединетите нации, во кое има претставници на 193 држави, денеска едногласно го именуваше поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, за нов генерален секретар на светската организација, јавуваат светските агенции. Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 декември. Со денешното гласање на генералното...

Бан Ки-мун бара истрага за воените злосторства во Сирија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, побара од Советот за безбедност за упати и официјален повик до Меѓународниот кривичен суд за да почне истрага за воените злосторства во Сирија. Ова не е првпат Бан да упати вакво барање. Во 2014 година тоа барање го блокираа Русија и Кина, кои имаат право на вето. Бан, меѓутоа, рече дека Советот за безбедност треба...

Ѓорге Иванов и Бан Ки-мун разговараа за бегалската криза и за спорот со името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. - Чест и привилегија беше можноста да соработувам со Вас изминатите години, Вие сте еден од највидливите и најактивните лидери - истакна Бан за претседателот на Република Македонија, поздравувајќи го лидерството на Иванов...

Дамаск го критикува Бан Ки-мун за говорот во ОН

Дамаск го обвини генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, дека неговиот говор пред ОН, во кој вели дека сириската влада е одговорна за најголемиот број убиени цивили во војната е далеку од Повелбата на светската организација. - Зборовите на Бан Ки-мун за Сирија се далеку од Повелбата на ОН, која треба да ја почитува лицето што е на функцијата генерален секретар...

Бан Ки-мун сака следниот генерален секретар на ОН да биде жена

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјавил дека тој лично би сакал, кога ќе му истече мандатот, на негово место да дојде жена, што би било првпат од основањето на светската организација пред повеќе од 70 години, јавуваат светските агенции. Бан, чиј втор мандат од пет години како генерален секретар на ОН му истекува на 31 декември, изјавил...

Бан Ки-мун предложи на ИД да им се суди во Меѓународниот суд во Хаг

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, вчера изјави дека дејствата на терористичката групација Исламска држава во градот Синџар се злосторство врз човештвото, јавуваат светските агенции. Генералниот секретар предложил и тие настани да бидат ставени под истрага во Меѓународниот суд во Хаг. Тој изрази загриженост за судбината на луѓето што се наоѓаат во областите окупирани од ИД, особено за „илјадниците жени и деца -...

Бан Ки-мун во Атина ги слушна грчките ставови за спорот за името

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска во Атина разговараше со грчкиот државен врв за бегалската криза, спорот за името и за кипарското прашање. Бан Ки-мун утрово се сретна со премиерот Алексис Ципрас, со кој се фокусираше на бегалската криза, додека на пладневната средба со шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас, генералниот секретар дискутираше за македонско-грчкиот спор. Никос Коѕиас пред Бан Ки-мун...

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори за мерките за градење доверба

Во Атина се одржа нова рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Со оваа средба меѓу претставниците на грчкото и на македонското министерство за надворешни работи во Атина, се продолжува дијалогот за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе различни сектори за приближување на двете општества. Според информациите од грчкото МНР, на оваа рунда разговори се разговарало за...

Бан Ки-мун од 17 до 19 јуни во посета на Грција

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, од 17 до 19 јуни ќе биде во официјална посета на Грција. На агендата на Бан ќе бидат бегалската криза, кипарското прашање, но и спорот за името. Прва станица на генералниот секретар на ОН ќе биде Атина, каде на 17 јуни ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со претседателот Прокопис Павлопулос....

Слаб одзив на развиените земји на хуманитарниот самит за бегалците

Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Бан Ки-мун и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразија жалење поради слабиот одзив на групите на најразвиени земји (Г7), од кои, на хуманитарниот самит на ОН учествувала само германската канцеларка Ангела Меркел. Ки-мун ги повика земјите повеќе да партиципираат во хуманитарната помош и да преземат заедничка одговорност за бегалците, на што поддршка даде и домаќинот...

Седница на ОН посветена на Косово

Седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на Косово, ќе се одржи денеска во Њујорк. На неа ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за работата на Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово (УНМИК) и за ситуацијата на Косово во изминатите три месеци. Извештајот, како што се очекува, ќе биде претставен од шефот на...

Бан Ки-мун повика на заштита на слободните и независни медиуми

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изрази загриженост поради сè поголемите рестрикции со кои се соочуваат медиумските работници во многу земји и ги повика владите, политичарите, бизнисмените и граѓаните да се обврзат дека ќе ги чуваат и ќе ги штитат независните и слободните медиуми. „Ограничувањата на слободите на изразување ставаат окови на самиот напредок“, предупреди Ки-мун во писмената изјава по...

Бан Ки-мун ја критикува политиката на Австрија кон бегалците

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ја критикуваше сè порестриктивната политика на ЕУ кон бегалците. - Загрижен сум бидејќи европските држави усвојуваат сè порестриктивни политики за имиграцијата и за бегалците. Таквата политика има негативно влијание врз обврските на земјите членки кон меѓународното хуманитарно и европско право – изјави Ки-мун во обраќањето во австрискиот паралмент. Тој ова го истакна откако австрискиот парламент усвои еден...

Бан Ки-мун повика на прекин на нуклеарните проби

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги повика САД, Кина и другите нуклеарни сили да го прекинат „лудилото“ со нуклеарни проби, така што ќе ја ратификуваат Спогодбата за забрана на нуклеарни проби, која годинава навршува 20 години. Со договорот за забрана на нуклеарни проби, кој е ставен на потпишување во септември 1996 години, се забрануваат сите нуклеарни експлозии и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...