fbpx
Таг: Балканска рута

таг: Балканска рута

Наскоро спогодба на Србија со Фронтекс

Сем Фабрици, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија денеска најави дека наскоро во Србија ќе стаса еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос и оти претпоставува дека тој со Србија ќе потпише статусна спогодба за Фронтекс, граничната служба на ЕУ. Повикувајќи се на изјава на Аврамопулос, „Дојче веле“ вчера пренесе дека со Србија, Македонија и Албанија веќе се постигнати соодветни спогодби...

„Оксфам“: Балканските земји да преземат мерки против малтретирањето на мигрантите

Владите на Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и на Бугарија мора веднаш да ги истражат сите кривични дела извршени врз мигранти, вклучувајќи и бегалци, и да преземат мерки за спречување на вакви случаи во иднина, се вели во новиот извештај на британската хуманитарна организација „Оксфам“. Во извештајот се бара владите на овие земји итно да престанат со илегалните одвраќања и со...

Отсега и Јапонците во балканската туристичка тура

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот на Република Македонија и ЏИКА - Јапонската агенција за меѓународна соработка, потпишаа меморандум за соработка, со кој нашата земја, заедно со Албанија, Србија, Црна Гора и со Босна и Херцеговина, ќе го промовираат Балканот во Јапонија. Тоа значи дека отсега и Јапонците ќе бидат дел од таканаречената балканската туристичка тура, во која се...

Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски. Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница...

Нухиу: Ако има нова бегалска криза, нашите капацитети нема да бидат доволни

Доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните државни капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница на Република Македонија. Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Конференцијата на министрите за внатрешни работи и за одбрана во рамките...

Курц: Затворањето на балканската рута беше правилен чекор

Затворањето на балканската рута беше правилен чекор, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, пред одборот за надворешна политика на австрискиот парламент. Курц ги отфрли тврдењата на пратеничката од Зелените, Ален Корун, дека затворањето на балканската рута придонело за најголемиот товар да падне врз Грција и врз Италија. Тој, исто така, негираше дека официјална Виена води политика на оградување...

Керн: ЕУ мора да се подготви за последиците од акумулацијата на бегалците на Балканот

Земјите од балканската миграциска рута, од Грција до Германија, се согласуваат дека треба да се зајакнат контролите на надворешните граници на ЕУ, изјави денеска австрискиот канцелар, Кристијан Керн, по самитот во Виена. Керн на самиот ги собра колегите од Германија, Словенија, Хрватска, Србија Унгарија, Романија, Бугарија, Македонија, Грција и од Албанија. На состанокот учествуваа и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Туск: Мигрантската криза може да се реши само со соработка со Балканот

Услов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот, порача денеска во Виена претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред почетокот на самитот „Мигрантската рута на Балканот“. - Уште од првите денови на миграциската криза, немав сомнеж дека клучот за решавањето на кризата е во враќањето на ефикасната контрола на надворешните граници на...

На 24 септември во Виена ќе се одржи самит за балканската рута на бегалците

На 24 септември во Виена ќе се одржи самит за балканската рута на бегалците, на кој се повикани лидери на држави кои се најмногу погодени од мигрантската криза. Од австриската влада порачуваат дека е потребно по европскиот совет во Братислава да продолжат разговорите за важните прашања за иднината на Европската Унија, особено за мигрантите. На самитот се повикани премиерите на Грција,...

Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

Повеќето Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и го одобруваат остриот курс на австриската влада во бегалската криза. Истражувањето на јавното мислење, спроведено по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија, покажува дека дури 85 отсто од Австријците го сметаат за исправно затворањето на балканската рута. Само 12 отсто сметаат дека затворањето на...

Меркел нема да ја менува политиката на отворени врати за бегалците

Германската канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија има полза од затворањето на балканската рута за мигрантите кои се движат кон ЕУ, но оцени дека тоа не е трајно решение. Изјавата на Меркел доаѓа еден ден по лошите резултати на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) на изборите во три германски федерални покраини. - Јасно е дека Германија има корист од...

Микл-Лајтнер: На бегалците да им се каже дека балканската рута е затворена засекогаш

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер, денеска во Брисел рече дека на бегалците што се заглавени на грчко-македонската граница треба да им се соопшти дека нема шанси да ја минат. - Најчесно е на бегалците да им се каже дека не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците...

ЕУ загрижена поради можната хуманитарна криза на балканската рута

ЕУ подготвува планови за да може да се соочи со можната хуманитарна криза на балканската миграциска рута поради воведените рестрикции. Во заедничката изјава, еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, и холандскиот министер за миграција, Клас Дијкхоф, изразиле загриженост поради состојбите на Балканот. Македонија забрани влез на мигранти од Авганистан, откако Австрија воведе нови контроли. Официјална Атина изрази незадоволство поради рестрикциите кои оставија илјадници бегалци...

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето поздравно обраќање на...

МВР за „Мета“: Оградата двојно го намали протекот на мигранти

По подигнувањето на жичената ограда на македонско-грчката граница кај Гевгелија, во земјава од Грција дневно во просек влегуваат 2.640 мигранти, што е двојно помалку од периодот претходно, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера, според министерството, биле регистрирани и им биле издадени потврди на вкупно 3.784 мигранти, од кои најголем дел се државјани на Сирија, односно 1.783...

Македонските власти се најтаинствени околу парискиот бомбаш

Дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, минал низ територијата на Македонија, е сè уште мистерија, за која молчат македонските власти. Грција и Србија уште вчера потврдија дека лице со тој идентитет, кое се движело по т.н. балканска бегалска рута, било регистрирано од нивните служби и изнесоа точни датуми и податоци...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...