fbpx
Таг: Б-интегрирана дозвола

таг: Б-интегрирана дозвола

Отпадот од Топилница не се чисти, се чека случајот да го решаваат институциите

Компанијата Кепс Монт груп, која има концесија за расчистување на депонијата со згура на топилницата во Велес, поднела жалба до второстепената комисија за управна постапка за одлуката на Општината Велес да не им даде нова Б-интегрирана дозвола. Концесионерот смета дека е оштетен што локалната власт, во образложението на одлуката наведува дека отпадот во депонијата од топилницата не се третирал како...

„Кепс Монт груп“ ќе се жали на одлуката на Општина Велес да не им даде Б-интегрирана дозвола

Општината Велес не му издаде Б-интегрирана дозвола на концесионерот „Кепс Монт груп“, заради тоа што отпадот во депонијата од топилницата не го третира како историска жешка точка, туку како техногена минерална суровина. Во решението општинарите навеле дека го отфрлаат барањето на компанијата за продолжување на дозволата, бидејќи постоеле опасности, заради начинот на кој се предлага да се работи на...

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат наведени двете дополнителни дејности кои...

Чистењето и извозот на згурата од Топилницата во Велес чека проширување на Б-интегрираната дозвола  

Концесионерот „Кепс Монт груп“ има рок до јуни да ја комплетира документацијата за поставување на нова линија за дробење на техногената минерална суровина од ридот со згура на некогашната Топилница во Велес. Компанијата од Општина Велес побарала можност за проширување на Б-интегрираната дозвола за поставување на нова инсталација до депонијата со троска, која треба да го забрза и интензивира...

Министерството за животна средина објави дигитален регистар со издадените А или Б-еколошки дозволи

Сите компании кои поседуваат А или Б-интегрирана еколошка дозвола од денеска се објавени како дел од дигиталниот регистар што го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање. На веб страната https://registers.mk поставени се дигитализирани и мапирани информации на повеќе од 450 страници, со имиња, адреси и дејност на субјекти, како и индустриите во кои работат. За секоја компанија е...

Концесионерот што копа згура од Топилница бара измена на дозволата, Општината вели му фали техничка документација

Извозот на згура од велешката Топилница последните два месеци се заплетка во процедури низ локалните и државните институции. Од компанијата „Кепс монт груп“ за Мета велат дека побарале измена на Б- интегрираната еколошка дозвола за да можат да инсталираат сепарација од затворен тип, но Општината Велес го одбила барањето. Случајот во моментов се разгледува Второстепената комисија за одлучување во...

На погон во Штип ќе му се одземе Б-интегрираната дозвола, горел гума и пластика без заштита

Државниот инспекторат за животна средина бара од Општината Штип да ја одземе Б- интегрираната дозвола на погонот за горење гуми и пластика САНС-АГ, заради непочитување на обврските од дозволата и сериозно загадување на воздухот и почвата. Инспекторите, во вонредна контрола во фирмата, која била направена по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието на работата на...

„Стентон градба“ привремено го затвори каменоломот над Битола

Концесионерот на каменоломот на Билбил-камен во близина на Битола, фирмата „Стентон градба“, одлучи привремено да престане со работа сè додека не добие интергирана еколошка дозвола Б од надлежните институции. Ова денеска, на прес-конференција кај каменоломот, го изјави Гоце Стојановски, инженер во фирмата. Според Стојановски, ставањето во мирување на рудникот претставува добар гест поради загриженоста на граѓаните на Битола, која, како...

Каменоломот кај Битола не доби Б-интегрирана еколошка дозвола за работа

Новиот рудник за гранит на Билбил Камен над Битола не успеа да ја добие Б-интегрираната еколошка дозвола за работа. Од Општината Битола за „Мета“ потврдуваат дека каменоломот сè уште ја нема оваа дозвола за ископ на руда. Вчера бил последниот ден кога требало да се издаде потребната дозвола. Рудникот е во близина на магистралниот пат од Ресен за Прилеп, кој...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...