fbpx
Таг: азил

таг: азил

Европратениците побараа Унгарија да го екстрадира Груевски

Европскиот парламент денеска при гласањето за резолуцијата за Македонија и усвои и два амандмани со кои се бара Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија, јави МИА. Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник. Амандманот поднесен од европратеничката...

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски, рече вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува унгарскиот новински сајт „Азонали“. - Видете, нема време двапати да се вдише и издише, гледате како се натегаме тука - одговори Орбан на прашањето од „Азонали“ дали се сретнал со поранешниот македонски премиер кој преку Албанија, Црна Гора и Србија...

Орбан: Организацијата на Сорос стои зад прогонот на Груевски

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“. Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти. – Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна...

EK: Потребни се објаснувања од Унгарија за одлуката да му се додели азил на Груевски

Европската комисија го дели ставот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека одлуката да му се додели азил на Никола Груевски заслужува дополнителни објаснувања од страна на унгарските власти. – Нема бегање од владеењето на правото - изјави портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас. Тој порача дека одлуката за доделување на азил за Груевски е одлука на судијата и дека Европската комисија...

Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Nepszava”. Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес”. Од Стејт департментот истакнуваат дека против Груевски се водат...

Македонија ќе побара повлекување на одлуката за азил на Груевски

Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил на Никола Груевски, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска на настанот за почетокот на проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“. Таа додаде дека, доколку одлуката е заснована врз определени факти кои не се такви какви што се, државата има право да ја отповика...

Сијарто: Груевски законски мина три граници, наши дипломати не го криумчареа

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски мораше да мине три граници за да стигне во Унгарија и во сите три случаи го стори тоа во целосна согласност со регулативите, порача унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто на прес конференција денеска во Будимпешта. Тој рече и дека неговото министерство никако не е поврзано со случајот, имајќи предвид дека телото што го...

Димитров: Иронија и парадокс е земја-членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик

Иронија е и парадокс земја-членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со неговиот колега од Данска, Андерс Самуелсон. Тој додаде дека Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти, ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи го...

Хан: Очекувам издржано објаснување од Орбан за одобрувањето на азилот на Груевски

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан изреагира на вчерашната одлука на Унгарија да му додели азил на Груевски, како што се пофали на Фејсбук поранешниот премиер. Хан порача дека ако е навистина така, ќе очекува издржано објаснување од унгарскиот премиер Виктор Орбан за основите на таквата одлука. „Слушнав за извештаи за одлука на Унгарија да му...

Груевски немаше закани по живот и не беше политички прогонуван, велат од Владата

Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда во јавен и транспарентен процес, а истовремено против него се водат уште неколку судски постапки, истраги и уште една предистражна постапка, велат од Владата како реакција на „Фејсбук“ статусот на експремиерот Груевски во кој објави дека добил азил во Унгарија. „Осудениот Никола Груевски беше под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа...

Груевски на „Фејсбук“ потврди дека добил азил во Унгарија

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е правосилно осуден на две години затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО, на  својата „Фејсбук“ страница преку статус потврди дека добил азил во Унгарија. „Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија....

„Транспаренси Интернешнл“ и ограноците ја повикаа Унгарија да го испорача Груевски

„Транспаренси Интернешнл“ преку нејзините ограноци во Македонија и Унгарија денеска ги повика унгарските власти да го екстрадираат Груевски од Унгарија, каде што тој моментално бара азил во обид да избегне затворање по осуда за корупција. - Оваа ситуација е голем тест за македонските и унгарските власти и треба да се реши во согласност со унгарскиот закон. Ги повикуваме унгарските власти...

Орбан: Унгарија не му помогна на Груевски да излезе од Македонија

Спротивно на претпоставките и на лажните вести кои беа објавени во медиумите, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски да ја напушти Македонија, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. „Никола Груевски ја посочи својата намера да поднесе барање за азил во едно од унгарските претставништва во странство. Од безбедносни причини,...

„Вијести“: Од Црна Гора, Груевски заминал за Србија

Од Црна Гора, Никола Груевски излегол во неделата, три часа откако влегол во земјата, и во Србија влегол преку граничниот премин „Добраково“, пишува црногорскиот весник „Вијести“, цитирајќи свои извори. Весникот пишува дека Груевски влегол со неговата лична карта во Црна Гора преку граничниот премин „Божај“ во 19.19 часот на 11 ноември. -Не се појавила никаква заштитна мерка на системот за пребарување...

Белград без официјална реакција за „случајот Груевски“

Поголемиот дел медиуми во Србија денеска ги пренесуваат информациите од министерствата за внатрешни работи на Албанија и Црна Гора дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал од Македонија преку Албанија и Црна Гора во автомобил на амбасадата на Унгарија во Тирана, и тоа два дена пред за него да биде распишана потерница. Но српската власт сè уште не се огласила...

МВР потврди дека Груевски е во Унгарија, унгарскиот амбасадор повикан во МНР

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчеравечер потврди дека поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а актуелен пратеник, Никола Груевски е во Унгарија. Министерството за надворешни работи (МНР), пак, соопшти дека за да ја провери информацијата што Груевски ја изнесе на својата страница на Фејсбук, вчера го повикалo амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс. Тој бил повикан на средба кај државниот...

Груевски: Во Будимпешта сум, побарав политички азил

Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по кого е распишана потерница, се наоѓа во Будимпешта и таму ќе бара политички азил. Ова самиот го соопшти на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на...

Опаѓа бројот на барања за азил во ЕУ

Во првата половина на 2018 година во ЕУ, Норвешка и Швајцарија биле примени 301.390 барања за азил, што е пад за 15% во однос на првата половина на 2017 година, соопшти Европската канцеларија за азилска поддршка (ЕАСО). Во јуни годинава, пак, биле примени 1.600 барања за азил помалку отколку во мај. Денеска објавените бројки од ЕАСО покажуваат дека генерално се задржува...

Австрија ќе ги штити границите, по договорот за мигрантите во германската влада

Австриската влада соопшти дека е подготвена да преземе мерки за заштита на границите, по договорот во германската влада со кој се предвидува рестрикција за влез на мигранти во Германија. „Доколку германската влада го потврди договорот, ќе бидеме приморани да преземеме мерки за да ги спречиме непријатностите на граѓаните во Австрија“, се наведува во соопштението. Во него се додава дека Австрија е подготвена...

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет, според коалицискиот договор на конзервативците на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вели Хелге Браун, кој е именуван за шеф на кабинетот на германската канцеларка. Во интервју за весникот „Билд“, Браун објаснува дека новата голема владина коалиција ќе создаде правна рамка со која граѓаните ќе добијат право на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...