fbpx
Таг: автори

таг: автори

Втор циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека

Градската библиотека во Скопје го најавува вториот циклус од „Читаме современи македонски автори“ кој ќе се одвива низ неколку фази: книга на месецот, разговор со авторот и клубот на читатели. Низ овие активности читателите одблизу се запознаваат со современите македонски писатели и нивните дела, велат од Градската бибилиотека. Вториот циклус од кампањата почнува со романот „Естом“ (Или-Или, 2022) од Николина...

Холивудските сценаристи во штрајк, продукцијата на филмови и серии може да прекине

Филмските и телевизиските сценаристи во Холивуд стапуваат во штрајк, запирајќи бројни продукциски проекти и задавајќи ѝ удар на индустријата што последниве години беше погодена од пандемијата и огромните технолошки промени, пишува Њујорк Тајмс. Синдикатите кои ги претставуваат сценаристите преку соопштение информираа дека „едногласно гласале за свикување штрајк“. Штрајкот ќе започне попладнево. Алијансата на филмски и телевизиски продуценти, која преговара во име...

Македонски автори може да престојуваат еден месец во некоја од земјите во регионот

Писатели, поети, стрип артисти, драматурзи, поети, илустратори и графички дизајнери од земјава имаат можност извесно време да престојуваат во некоја од земјите во регионот. Ова им е овозможено преку регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД)“, кој е финансиран од Европската Унија, а во рамки на кој е објавен повик за резиденцијален престој. Земјите во кои ќе се престојува...

Министерството за образование со нов закон против грешките во учебниците

Работна група составена од експерти во моментов ја работат првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното образование, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Ова се прави за да се зголеми квалитетот на учебниците, откако во декември лани беше обелоденето дека во новиот учебник по Историја и општество има многу содржински и технички грешки. „Ова...

Ристо Манасиев, илустратор: Најбитно е младите да го следат својот сон и да бидат упорни

Ристо Манасиев Фото: лична архива, се користи со дозвола
Ристо Манасиев, дипломиран стоматолог, се преориентирал во друга професија, во која денес е успешен - илустратор и 2D аниматор. Тој исто така е голем познавач на гик културата - читање книги, стрипови и гледање  филмови, серии и аниме. Работи и на боење Warhammer и D&D минијатури и е мајстор-играч на видео игри. Неговите обоени минијатури како и некои цртежи...

Регионален конкурс за кратки раскази на тема за намалување на меѓусебната омраза и непријателство

Регионалниот конкурс за краток расказ наречен „Бибер“ оваа година се оддржува по петти пат и истиот ќе биде отворен за конкурирање до 01.06.2022 година. Станува збор за конкурс кој опфаќа учесници од регионот, односно автори и авторки кои пишуваат на македонски, црногорски, босански, хрватски, српски или албански јазик, а право на пријавување имаат афирмирани автори како и оние кои досега...

Десет генерации станале електротехничари, без учебник по електротехника  

Повеќе од 10 генерации ученици што учеле во тригодишно образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, станале електротехничари, без да учат од учебник по основниот и главен предмет, електротехника. За да можат да ја усвојат материјата и да бидат оценети, тие учеле, но сè уште учат од диктати на нивните професори или пак, од прирачници, а неретко користат материјали...

Кирилицата, традиционалниот вез и тробојката на бугарското лого за претседавањето со ЕУ

Бугарија, која од вчера е новиот претседавач со Советот на Европската Унија го претстави и логото под кое ќе ја води Унијата во следните шест месеци. Логото, како што е наведено во описот на официјалниот твитер-профил креиран за оваа прилика, ги претставува трите симболи кои јасно го отсликуваат бугарскиот идентитет - кириличната азбука, традиционалниот вез и националната тробојка. „Логото ја рефрлектира идејата...

Конкурс за манифестацијата „Нов културен бран“

Министерството за култура денеска на својата веб-страница ќе ги објави условите и формуларите за пријавување на општини, здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата и на уметноста за манифестацијата „Нов културен бран“. Таа ќе се реализира од крајот на август до крајот на октомври годинава,  односно сè до исцрпување на средствата за реализација на манифестацијата. „Цел...

Македонската поетска реч презентирана во Софија

Поезија од вкупно 16 македонски автори, беше презентирана во Галеријата на Столичната библиотека во Софија, а во исто време уште и во 12 други бугарски градови, во рамките на шестата „Европска ноќ на литературата“. Љубителите на поетската реч можеа да ги слушаат стиховите на Славе Ѓорго Димоски, Ристо Јачев, Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Анте Поповски, Радован Павловски, Лилјана Дирјан, Никола...

Денеска почнува Саемот на книга

Саемот на книга почнува денеска и ќе трае до 10 април. Најавено е учество на 80 издавачи, а ќе се продаваат околу 80.000 книги, некои со попуст и до 70 проценти. Саемот се одржува во првата хала во Скопски саем, на површина од 4.000 квадратни метри. Во Промотивниот центар во втората саемска хала ќе има 60 промоции на нови дела и...

Тројца македонски поети претставени во Солун

Македонската современа поезија и литературни автори беа претставени на поетската вечер „Живите гласови на Медитеранот“ во Францускиот институт во Солун. Бројната грчка и странска публика ги слушна стиховите и поетските мисли на истакнатите македонски автори Владимир Мартиновски, Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески. Поетската вечер се одржа по повод Месецот на Франкофонијата, настан на кој Македонија со помош на Генералниот конзулат...

Поезија од македонски автори објавена во романско книжевно списание

Одбрани песни од поетите Мишо Китаноски, Петко Шипинкаровски и Димо Димчев објавени се, во печатена и во електронска верзија, во најновиот број, за март и за април, на книжевното списание „Хелис“ во Романија. Преводот на стиховите на романски го направи македонскиот поет Димо Н. Димчев, а списанието го уредува угледниот романски поет Ѓеорѓи Добре. Објавувањето на творештвото на македонските поети книжевното списание „Хелис“...

„Бибер“ објави збирка раскази на тема помирување

Книжевно-активистичкиот тим „Бибер“ денеска соопшти дека е објавена збирка кратки раскази на тема помирување, избрани на конкурсот што беше објавен минатата година. Во збирката има 25 избрани ракази, меѓу кои и на авторите Владимир Табашевиќ, Надиа Герас и Слаѓана Љубичиќ, кои се наградени на конкурсот. Обајвените и наградените раскази ги избра жирито во состав Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ. Во збираката...

БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра

Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на владината зграда, објави БИРН во истражувањето „Скопје 2014 под лупа“. Според документите, најскап објект од проектот „Скопје...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...