fbpx
Таг: автопати

таг: автопати

Започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за...

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред пратениците

Македонската влада информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, вклучени во изградбата на автопатите, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. „Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора,...

Брзањето на законските измени за изградба на автопатите ја отвара Пандорината кутија

Скратените постапки со брзање и непрецизни законски формулации во законите кои се поврзани со изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д би можеле да ги нарушат правилата на еднаквост и фер пристап, коишто хипотетички во иднина би можело да резултираат со евентуални тужби од други компании и плаќање на отштети од страна на државата. Ова беше кажано на...

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за да ги изгради автопатите ќе треба да користи барем половина од ресурсите во државава, при што како подизведувачи би биле ангажирани механизација и градежни компании. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не треба да постои сомнеж за изградбата на четирите автопати, но и додаде дека договорот со овој конзорциум не се објавува бидејќи има доверливи податоци...

Законските измени ќе ја забрзаат изградбата на автопатите, договорот со „Бехтел-Енка“ останува тајна

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствено што знае е да шири хистерија, лаги и да блокираат во Собранието на РСМ и тоа го прават со сите законски решенија веќе подолг период наназад, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по бројните обвинувања на опозицијата во врска со предложените измени и дополнувања на осум закони кои се наоѓаат во Собранието и во однос на...

Власта вели дека нема да плаќаме пенали ако Собранието ги отфрли законите за автопатите

Владејачката партија СДСМ се јави со реакција, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги околу законските измени и дополнувањата со кои би се забрзала изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д. Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектот вреден 1,3 милијарди евра, со кој ќе се изградат на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и...

Мноштво реакции за законските измени за изградба на автопатите што се во Собрание

Предложените измени и дополнувања на осум закони за забрзување на изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“ откако вчера поминаа на прво читање во Собранието на РСМ, денеска експресно се најдоа пред дел од собраниските комисии. Во собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска се најдоа на разгледување предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи. Веќе утре, во...

Собранието во прва фаза ги усвои законските измени за изградба на автопатите

Предложените измени и дополнувања на осум закони денеска ја поминаа првата фаза на читање во Собранието. Предложените законски измени во прво читање се најдоа пред пратениците по скратена постапка и беа експедитивно усвоени во текот на денешниот ден, но без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, како и...

Пендаровски: Став за потпишување указ ќе има по конечната верзија на законите за автопатски делници

Треба да ја видиме конечната верзија на сетот закони, па потоа ќе кажеме каков ќе биде ставот во однос на указот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, во врска со пакетот предлог-закони поврзани со изградбата на автопатите, предложени по скратена постапка. Со 55 гласови „за“, пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса, без ЛДП и без пратеничката Маја Морачанин, денеска ги поминаа...

Ковачевски: За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не само на оската север-југ

Премиерот Димитар Ковачевски, но и речиси сите министри присуствуваа на денешното поставување камен-темелник, со кој се означи почетокот на изградбата на автопатите Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани и Требениште - Струга - Ќафасан. Бината од каде што се обраќаа владините претставници беше претставена во форма на автопат, а на говорницата беше поставен бројот 8. Со црна маица на која...

Од летово во Македонија и Србија електронски ќе се плаќа за патарина со исти уреди

Електронска наплата на патарина по автопатите во Македонија и Србија со идентични уреди за плаќање - тагови и картички. Ова е новината што треба да се воведе од летово со потпишаниот меморандум меѓу двете земји во областа на инфраструктурата, кој се однесува на воспоставувањето интероперабилен електронски система за наплата на патарина. Со ова, граѓаните ќе можат да плаќаат патарина без...

„360 степени“: Обвинителството отвори предмет за надзорот над „Бехтел и Енка“

Изборот на надзорот за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д, ќе биде под лупа на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), јави „360 степени“. На упатено прашање од редакцијата до ОЈО-ГОК, дали ќе се отвори предистражна постапка по допрен глас, по серијата пишувања за фирмите што се избрани да го вршат надзорот, од Обвинителството...

Најевтино ќе чини автопатот Тетово-Гостивар, за Гостивар-Кичево ќе се издвојат најмногу пари

Автопатот Гостивар-Кичево ќе биде најсложен за градба и ќе чини најмногу средства од четирите проекти што ќе ги реализира американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ во земјава. За делот меѓу Гостивар и кичевското село Букојчани, каде треба да се изградат 30,3 километри, е предвидено да се издвојат 560 милиони евра. Ова беше кажано на денешниот брифинг на министерот за транспорт и врски...

„Бехтел-Енка“ за 1,3 милијарди евра ќе изгради автопати долги 108 километри

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе четири нови автопати во земјава со вкупна должина од 108 километри, за кои ќе бидат издвоени 1,3 милијарди евра, или по околу 12 милиони евра од изграден километар. Конзорциумот ќе гради автопати со шест коловозни ленти на трасите Прилеп-Битола (40 километри), Тетово-Гостивар (17 километри), Требеништа-Струга-Ќафасан (22 километри) и Гостивар-Букојчани (30 километри). Рокот за нивната изведба...

Владата го одобри договорот за автопатите на Коридорите 8 и 10Д

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорите 8 и 10Д, со кој раководи вицепремиерот Артан Груби, македонската влада денеска го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д. „Владата на денешната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер,...

Над 15 месеци се реконструира автопатот Катланово-Петровец, готов ќе биде догодина

Од септември 2020 година се реконструира и проширува автопатската делница од Катланово до Петровец и до денешен ден не е завршен овој проект. Повеќе од една година на терен не се одвиваат градежни работи, а возачите кои секојдневно плаќаат патарина се приморани да возат по делот од автопатот во правец од Скопје кон Велес во двете насоки, како на...

Уставниот суд пресуди: Работниците на патните Коридори 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно

Градежните работници кои ќе бидат ангажирани при изградбата на автопатите долж Коридорите 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, односно за 20 часа подолго од вообичаеното неделно работно време во земјава. Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница:...

Додека ВМРО-ДПМНЕ блокира автопати и магистрални патишта, МВР потсетуваат дека тоа е забрането со закон

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска ги продолжија протестите преку блокади на сообраќајот на четири локации низ земјава. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека блокирањето на автопати и магистрални патишта е забрането со закон, иако тоа опозицијата денеска го направи на магистралните патишта Градско-Прилеп кај Плетвар, Штип-Радовиш и Велес-Штип. Од МВР известуваат дека денеска во архивата на МВР е примен...

Клучните инфраструктурни проекти лани заглавија во лавиринтите од тендери и администрација

Изминатата 2021 е година што ја одбележа понатамошниот развој на патниот сообраќај, како и уназадување на железницата во земјава. Исто така, изминатата година може да се окарактеризира како период во којшто клучните инфраструктурни проекти во Македонија заглавија во лавиринтите на тендери и административни процедури. Меѓународниот тендер за изградба на пругата кон Бугарија течеше во текот на целата година, добар...

Обезбедени пари за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево

Македонија може да почне да ја гради првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево по комплетирањето на финансиската конструкција за проектот од 130 милиони евра. По добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), земјава доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 110 милиони евра. Инаку, првата фаза од автопатот...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...