Сириските трупи ја презедоа контролата над автопатот кон Алепо


Сириската државна телевизија објави дека војската презела контрола над стратегиски важната сообраќајница на северот на земјата, која води кон Алепо, во централниот дел на Сирија.

Како што е наведено, воените единици ја презеле целосно контролата над главниот автопат Алепо – Канасер – Итрија – Ал Самијех, по жестоки борби со Исламска држава.

Експертите за мини почнале да го чистат теренот, а патот за цивилен сообраќај ќе биде отворен на 5 ноември, стои во соопштението.

Контролата над Алепо, најголемиот град во Сирија пред војната, е поделена меѓу владините трупи и бунтовници кои немаат врска со Исламска држава.


Автопатот од мотел „Македонија“ до Градско затворен за сообраќај


Скопје, 3 ноември, 2015 - 10:16 (META) 

Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, од денеска до 6 ноември, во периодот од 5 до 18 часот, ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на францускиот филм „А фонд“.

Сообраќајот, како и досега, ќе се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.


Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина


Ерфурт, 30 октомври, 2015 - 19:28 (META) 

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт.

Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел.

Во автобусот биле 59 деца на возраст меѓу 13 и 14 години, како и петмина возрасни. Сите се повредени, а пет деца добиле тешки повреди.

Настарданото момче било син на еден од учителите.

Медиумите пренесуваат дека автопатот е затворен и дека на терен се голем број полицајци и спасувачи.


На автопатот Тетово – Гостивар се крпат само опасните дупки


Тетово, 27 октомври, 2015 - 16:36 (META) 

Механизацијата на Јавното претпријатие „Македонија пат“, денеска ги пополнуваше опасните дупки на автопатот Тетово – Гостивар.

Се работи за делница од 17 километри. За оваа интервенција, планирано е да се потрошат 200 тони асфалтна маса. Поради санирањето на оштетените делови од патот, сообраќајот на одредени делови од автопатот се одвива забавено.

Возачите ја поздравуваат санацијата на патот каде секојдневно ги оштетуваат возилата, но сметаат дека надлежните треба да обрнат поголемо внимание на овој патен правец, чие одржување се сведува само на крпење дупки.

– Патот е изграден пред речиси две децении, но оттогаш истиот не е реконструиран. Овој пат треба да се прошири, се кажува дека е автопат, но тука има само две коловозни ленти. Проблем е што жичаната ограда долж патот е уништена, па животни од околните села слободно влегуваат на патот и предизвикуваат сообраќајни незгоди – изјави возач.

Од ЈП „Македонија пат“ велат дека засега нема најави дека патот ќе претрпи целосна реконструкција.

– Жичана ограда поставуваме постојано, но за неколку дена таа завршува во рацете на крадците – тврдат од претпријатието.

Пополнувањето на големите дупки на автопатот Тетово – Гостивар и на двата правци ќе трае неколку дена.


Автопатот Градско – Неготино е затворен


Неготино, 24 октомври, 2015 - 12:11 (META) 

Автопатот А1, односно делницата Градско – Неготино, ќе биде затворена до 18 часот, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на возилата се пренасочува по стариот пат.

Заради снимањето на овој филм, затворена беше и скопската обиколница, при што возилата се пренасочуваа да поминуваат низ Скопје.


Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат


Скопје, 15 октомври, 2015 - 10:41 (META) 

Екипата на францускиот филм „A фонд“ го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел „Македонија“ до Градско.

Поради тоа, од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови.

Поради обилни врнежи од дожд, сè уште е во прекин сообраќајот на локалниот пат од селото Ропаљце до селото Никуштак, а сообраќајот на другите патни правци во Македонија се одвива по суви коловози.


На Петровец утре нема да се наплаќа патарина, ќе се снима францускиот филм


Скопје, 2 октомври, 2015 - 11:40 (META) 

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“ (A Fond), утре, 3 октормври, во периодот од 5 до 18 часот, затворена во двата правци ќе биде патарината Петровец, на автопатот Скопје – Велес, известуваат преку Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) од продукциската куќа „Шик филмс“ и „Манауфактура продукција“.

Оттаму, соопштуваат дека автопатот нема да биде затворен за сообраќај, туку ќе има соодветна патна сигнализација за заобиколување, а патарината нема да врши наплата.

За потребите на снимањето на филмот, речиси цел септември беше затворената за сообраќај скопската обиколница.


Изградбата на автопатот Скопје – Штип ќе заврши во 2017 година


Свети Николе, 21 септември, 2015 - 16:50 (META) 

Трасата од автопатот Скопје – Свети Николе – Штип е 90 проценти пробиена, а предвидено е целосната изградбата да заврши најдоцна до февруари 2017 година, информираше министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Со изградбата на автопатот ќе се скрати времето на патување, што ќе влијае за подобро инфраструктурно поврзување со источниот регион и за подобрување на бизнис-климата.


Автопатот Австрија – Унгарија затворен во двата правци


Виена, 14 септември, 2015 - 12:13 (META) 

Автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, кој минува низ границата на двете земји и е рута по која се движат бегалците кон ЕУ, е затворен во двата правци, соопшти австрискиот автомото-сојуз АСФИНАГ.

– Причината е приливот на бегалци што го очекува полицијата – се наведува во изјавата и се додава дека сообраќајот од другата страна го запрела Унгарија.

Засега не се знае колку долго ќе биде затворен автопатот.


Австрија го затвори автопатот на границата со Унгарија


Виена, 11 септември, 2015 - 10:08 (META) 

Австрија утринава го затвори автопатот А4 на границата со Унгарија од безбедносни причини, додека десетина мигранти пеш се движат по патот кон Виена, соопшти портпаролот на полицијата во источната област Бургенланд.

Околу 8.000 лица вчера влегоа во Австрија, а дополнителни 3.600 по полноќ, соопшти портпаролот.