fbpx
Таг: автопат

таг: автопат

Автопатот Тетово – Гостивар полн со дупки, ќе се проектира неговата реконструкција во 2022 година

Иако се наплаќа патарина, на автопатот Тетово - Гостивар се вози по брановиден и оштетен асфалт, кој е полн со дупки и нерамнини со кои се отежнува движењето на возилата. Делницата долга 22 километри меѓу двата града се нарекува автопат, но на одредени нејзини сегменти се вози со ограничување на брзината до 80 километри на час. Автопатот Тетово -...

Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба

Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар - Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри. Од ова претпријатие информираат дека...

Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер

Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...

Автобусот на патот Миладиновци-Штип вчера се запалил поради пожар во моторот

Пожар во делот кај моторот е причината поради која се запалил автобусот „даф“ со штипски регистарски ознаки, кој вчера возеше по автопатот Скопје-Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат оттаму, во автобусот управуван од Б.Г.(56) од Штип, а во кој немало патници, настанал пожар во делот кај моторот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Свети Николе, а...

Istinomer.rs ги оценува предизборните ветувања на претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец - Катланово од автопатот Скопје - Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во...

Возачите негодуваат за лошата состојба на автопатот Скопје – Велес

Нереконструиран коловоз и дупки во асфалтот, одрони на патот, недоволно осветлување на критичните места и недоволно одржување во зимските месеци се само дел од забелешките на граѓаните што патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес. Тие плаќаат патарина од 120 денари по еден правец. Најгласни во негодувањата за состојбата на автопатот Скопје - Велес - Скопје се граѓаните од Велес....

Мицкоски предизборно ветува авион до Америка и автопат до Битола

Автопат Велес - Битола, експресен пат Куманово - Крива Паланка, експресен пат Битола - Меџитлија, експресен пат Струмица - граница со Бугарија се само дел од предизборните ветувања на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, кои денес беа изложени од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Како и пред секои избори до сега, ветувањата на политичарите добиваат небесни димензии овој пат и...

Владата до УНЕСКО: Со Албанија ќе бараме прифатливо решение за трасата на пругата

Покрај отворањето на тендерската постапка за анализа на алтернативна рута за идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија, владата во доставениот извештај до УНЕСКО тврди дека формирале државна работна група, која заедно со УНЕСКО и албанските институции ќе работи на изнаоѓање прифатливо решение за овој инфраструктурен проект што нема да му наштети на исклучителната универзална вредност на Охридското езеро. Ваквите...

За поминување на црвено 250 евра, повеќето глоби за 50 евра помали

Предлог-законот за безбедност во патиштата, кој предвидува намалување на глобите за сообраќајните прекршоци го помина првото читање во Собрание и се очекува да биде донесен пред прогласување на парламентарните избори, пишува „Порталб.мк“. Граѓаните сè уште плаќаат казни според старата тарифа за сторените прекршоци во сообраќајот, иако законот е во Собрание и се чека да биде донесен. Новите законски измени предвидуваат намалување...

Со новата наплатна кај Демир Капија, патарината Скопје – Гевгелија – Скопје ќе чини 720 денари

Новата патарина кај Демир Капија на автопатот на Коридор 10 ќе биде готова со изведба во наредните месец и половина. На оваа наплатна станица ќе се собира надоместокот за изминати километри на делницата од Градско до Демир Капија, а граѓаните за своите автомобили ќе плаќаат по 80 денари во еден правец. Висината на надоместокот за оваа патарина веќе е...

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа - Струга и пругата Струга - Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид СОС“ во соопштението за медиуми...

Електронска наплата од денеска и на патарината „Миладиновци“

Јавното претпријатие за државни патишта од денеска ја пушти во употреба електронската наплата на патарина на наплатната рампа „Миладиновци“. За почеток, во функција ќе бидат само електронските картички „М-карт“, а допрва ќе профункционира плаќањето со м-таг на оваа патарина. Со имплементацијата на системот на патарината „Миладиновци“, возачите што патуваат по автопатите Скопје - Куманово и Скопје - Штип ќе можат...

Бугарија сака да гради автопат од Софија до бугарско – македонската граница

Бугарија би сакала Софија и Скопје во иднина да се поврзани со автопат и со брза железница. Забрзаната изградба на паневропскиот Коридор 8 е од особено значење за Бугарија, изјави денеска бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова. Таа денеска беше во посета на Скопје, каде со министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Меморандумот за...

Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година

Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево - Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница - од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. - Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот...

На автопатот Миладиновци – Штип сè уште се работи

Не се оствари најавата на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов дека автопатот Миладиновци - Штип ќе биде пуштен во употреба до крајот на мај. Помина и оваа недела, а од најавите нема ништо. Сепак, иако не е пуштен за употреба, со назнака дека не е безбеден, по автопатот се вози, во насока од Штип кон...

Миладиновци – Штип: Изградба, провизии и доцнења (хронологија)

Со пробиен рок на изведба од дури две години, деновиве се привршуваат подготовките за пуштање во употреба на автопатот Миладиновци - Штип. Неговата изградба започна на 21 февруари 2014 година, со ветување од тогашната влада дека делницата долга 47 километри ќе биде завршена до 1 мај 2017 година. За проектот вреден 206 милиони евра кон крајот од 2013 година...

Автопатот Миладиновци – Штип во употреба до крајот на месецов

Автопатот Миладиновци - Штип ќе биде пуштен во употреба за 10 до 15 дена, јавува државната агенција „МИА“. Како што информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, инспекцијата пред официјалното пуштање во употреба уште во декември лани покажала дека дел од сервисните патишта и заштитните мрежи долж автопатот не биле во целост завршени. Оттука, кинески „Синохидро“...

И покрај забраната, се вози и преку пречките на автопатот Штип – Миладиновци

Возачите и покрај забраната, секој ден поминуваат низ пречките од бетонски столпчиња, песок и една рампа и возат по автопатот Штип – Миладиновци, кој официјално, веќе петта година е во изградба. Тоа се главно оние кои секојдневно патуваат на релација Штип – Скопје, поради работа, дообука, трговија или како транспортери. Од Штип за Скопје, преку новиот автопат се стигнува за нешто...

Сугарески: Осум милиони евра за реконструкција на патот од Гостивар до Кичево

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески информираше дека во реконструкција на патниот правец Гостивар-Кичево ќе се инвестираат осум милиони евра, бидејќи годишно таму поминуваат четири милиони патници. „Вкупно осум милиони евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за државни патишта за реконструирање на патниот правец од Гостивар до Кичево. Претходно ја реконструиравме делницата од Гостивар до Колари и дополнително уште...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...