fbpx
Таг: автопат Арбен Џафери

таг: автопат Арбен Џафери

Тендерот за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце ќе се објави догодина, изградбата ќе почне во 2022 година

Во третиот квартал од 2021 година се очекува да се објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, долга околу 10,5 километри. Досега за идната автопатска делница е изработено нацрт идејно решение, со кое треба да се избере најповолната алтернатива за трасата на автопатот, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за...

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата. - Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не...

Корона вирусот ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Епидемијата со корона вирусот во земјава ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов ја средува експропријацијата на земјиштето низ кое ќе минува идниот автопат, додека на самиот терен се одвиваат подготвителни работи за изведба на трасата долга 2 километри. Од вкупно 68 имоти низ кои минува трасата на првата...

Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје - Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до крајот на 2024 година. -...

Автопат Скопје – Блаце: Две децении ветувања за 12,5 километри дупки и нерамнини (видео)

Македонскиот главен град го делат околу 20 километри пат до границата со Косово. Јадранската магистрала денес е преполна со дупки и нерамнини има застарена сообраќајна сигнализација и заштитни огради на патот, како и неосветлен тунел што се наоѓа на трасата. Максималната брзина на движење на возилата е од 60 до 80 километри на час, па требаат 30 минути да...

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат со средства од буџетот на...

„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје...

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември - датум што претставуваше и краен рок за нивното доставување. - Во...

До крајот на ноември ќе се прибираат понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Izvor: Ministerstvo za gradeznistvo, transport i infrastruktura na Srbija
Јавното претпријатие за државни патишта го објави вториот по ред тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. До 29 ноември ќе биде отворен тендерот за доставување на понуди од заинтересираните градежни компании, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Финалната цена по која ќе се гради трасата долга два километри ќе биде позната...

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. - До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот...

Продолжен рокот за 20 дена за понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта за 20 - тина дена го продолжи рокот за доставување понуди за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Поради голем интерес за поднесување на понуди од компаниите, крајниот рок за нивното доставување е продолжен до 23 септември. Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека постои интерес од домашни и странски...

Објавен тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Станува збор за првата подделница, од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, во должина од 2 километри. Краен рок за доставување на понудите од градежните компании е 4 септември, по што ќе се бира најповолен изведувач. Доколку успешно се спроведе...

Заев предлага заеднички компании со Косово за струјата, железницата и авиосообраќајот

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Приштина со бизнисмените од Косово, потсетил дека Македонија и Косово покренале иницијатива за формирање на заедничка економска зона, царинска унија и олеснување на граничните процедури и порачал дека двете земји имаат заеднички интерес за формирање заеднички компании и оператори за менаџирање на енергетската мрежа, железничкиот и авио-сообраќајот, се вели во официјалното соопштение...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...