fbpx
Таг: автомобили

таг: автомобили

Улиците околу градскиот стадион ќе бидат затворени од 15 часот

Министерството за внатрешни работи информира дека од 15 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на возила и на движење на пешаците во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје. Ограничувањето на движењето ќе биде поради одигрувањето на меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Шпанија со почеток во 20.45 часот. „Ќе биде ограничено движењето на возилата по булеварот Илинден и по...

Крадци оперираат во завеани возила на патот Битола – Прилеп

Крадци удрија по завеани и оставени возила на патиштата во Битолско. Неколку автомобили кои поради мали сообраќајни несреќи, лизгање или завеани од снегот биле оставени на патот Битола - Прилеп, во текот на ноќта биле мета на крадци кои ги оставиле без делови и опрема. Крадците ваделе гуми, бандажи, радија и дополнителна опрема. Возачи кои утрово патуваа за Прилеп сведочат дека...

СВР Охрид предупредува: Внимателно на патот Охрид – Кичево, пет возила излетани од патот

Пет патнички автомобили и едно товарно возило излетале од коловозот на магистралниот пат Охрид - Кичево, на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Причина за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите и состојбата на патот. Нема повредени лица, но е предизвикана поголема материјална штета. - СВР Охрид веќе го...

Центарот на Тетово блокиран од паркирани возила

Жители од центарот на Тетово реагираа поради хаосот со паркирањето во нивните населби. Според нив, поради недостиг од слободни места за паркирање во рамки на зоната А, голем број возила се паркираат покрај нивните домови. - Автомобилите нема каде да се паркираат и на крај луѓето ги оставаат пред нашите домови, на тротоари и на улици. Поради ваквиот начин на паркирање тука се...

Груевски промовираше мерки за намалување на загаденоста на воздухот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовираше мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Како што истакна, најголемите загадувачи на воздухот се затоплувањето на домовите со дрва, автомобилите и индустријата и рече дека тие, како владејачка партија, во таа насока ќе донесат мерки за намалување на загаденоста. Тој најави гасификација на државата и носење на гасот до...

Големо велосипедско дефиле на скопските улици

Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци, денеска учествуваа во големото велосипедско дефиле што на скопските улици се возеше по повод 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2016. Велосипедистите стартуваа кај Порта „Македонија“ и пристигнаа во Градскиот парк, на Школка, каде што се одржа забава со настап на улични музичари. Меѓу учесниците беа и министерот...

Финансиска помош за лицата со инвалидност за набавка на автомобил

Од денеска до 30 септември лицата со инвалидност во центрите за социјални работи ќе може да аплицираат за новиот владин проект, преку  кој ќе добијат поддршка за набавка на автомобил. На лицата со најмалку 80 отсто инвалидност на долните екстремитети, целосно слепите лица и глувите лица и лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, ќе им бидат рефундираат средства до...

Едно лице загина во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Радовиш - Струмица меѓу автомобил „форд“, управуван од А.Д. (33) од Радовиш, и возило „фолксваген“, управувано од У.Д. (25) од Радовиш. Во несреќата на самото место починал А.Д., а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар - Струмица, бил пренесен во Клинички центар - Скопје. Увид на местото...

Граѓаните ќе може да увезуваат половни возила само со стандард „еуро 4“

Рокот за увезување половни возила што се постари од 2005 година истекува на 1 јули и по овој датум граѓаните ќе можат да увезат половни возила само со стандард „eуро 4“ или повисок. Граѓаните кои купиле половно возило со стандард „еуро 3“ имаат рок до 30 јуни да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација...

Зголемената продажба на автомобили во САД сигнал за подобри состојби во економијата

Малопродажбата на автомобили и на други производи во САД, во април забележа најголем пораст од 1,3 отсто во последната година, што укажува на зголемување на економскиот пораст по стагнацијата во првото тримесечје годинава. Продажбата на автомобили истиот месец се зголемила за 3,2 отсто, а прометот во продавниците забележал пораст од еден отсто, што е највисок од мај 2015 година. Интернет-продажбата се зголемила за...

Инспектори на царината заплениле 8,5 килограми злато, шверцувано од Турција

Инспектори од Одделението за истраги на Царинската управа вчера при претрес на автомобил, марка „голф 5“, на патот Гостивар - Дебреше, откриле 8,5 килограми злато, наменето за македонскиот пазар, соопшти Царинската управа. Според Царината, златото, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра, било набавено во Турција и потоа прошверцувано во Македонија. „Околу 10.30 часот, за детална царинска контрола сопрен е...

„Катимерини“: Македонската војска ги враќа бегалците низ шуми и планини

Во грчките медиуми цел ден се поставува прашањето што се случува со бегалците што вчера преку Сува Река преминаа во Македонија. Иако македонската полиција извести дека бегалците се вратени назад, во Грција сè уште стои ставот дека немало официјално барање од македонска страна за реадмисија на бегалците и се поставува дилемата како се вратени. Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на полициски извори на...

Пет лица загинаа во верижен судир во Словенија

Најмалку пет лица загинаа, а 30 се повредени во верижен судир на 70 возила кај местото Сеножече во општина Дивача, во Западна Словенија. Се верува дека несреќата се случила поради густата магла, која сè уште е присутна и ја загрозува спасувачката акција. Полицијата наведе дека околу 70 возила, меѓу кои има и автобус и неколку камиони, учествувале во судирот што се случил 70...

Пожарите на два автомобила во Штип не биле подметнати

Штипската полиција денеска соопшти дека пожарите во кои на 20 јануари изгореа две возила, а уште три беа оштетени, не биле подметнати туку настанале поради неисправна електрична инсталација во возилата. - Водени се разговори со сопствениците на возилата и со очевидци, при што е констатирано дека не постојат основи за соменвање дека пожарите на возилата, марка „ауди“ и „фолксваген венто“,...

Во пожар изгореле два автомобили во Штип

Утрово, околу 5.10 часот, од засега непознати причини настанал пожар на две возила, паркирани на улицата Никола Карев во Штип, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во пожарот целосно изгореле автомобил, марка „ауди а4“, соопственост на 26-годишниот П.М. и автомобил „фиат брава“, сопственост на Д.Ј. (36), двајцата од Штип. Според полицијата, штипската територијална противпожарна единица го локализирала пожарот во 5.35 часот,...

Околу 4.000 нови продадени автомобили на македонскиот пазар годинава

Продажбата на нови автомобили на македонскиот пазар, познавачите на состојбата ја оценуваат како стабилно ниска. Врз намалувањето на продажбата на нови автомобили, големо влијание има увозот на стари автомобили, кој постојано се зголемува, но се чувствуваат и ефектите од економската криза. - Годинава ќе ја завршиме со околу 4.000 продадени возила, од сите дистрибутери, а на ниво на „Порше Македонија“ продажбата...

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод - Самоков, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило...

„Бентли“ повлекува 27.640 автомобили со фабричка грешка

Британскиот произведувач на луксузни возила „Бентли“, кој е дел од групацијата „Фолксваген“, објави дека повлекува 27.640 автомобили поради потенцијално неисправни кабли за акумулатори. Повлекувањето се однесува на моделите „континентал ГТ, „гтц“ и „флај спур“, кои се произведени меѓу февруари 2011 и јуни 2014 година. На споменатите модели постои можност спојката на главниот приклучок на батеријата да е лабава. Поради тоа...

Фабриката за автомобилски делови „Маркарт“ почна со работа во Велес

Фабриката „Маркарт“ за производство на делови за „мерцедес“, „ауди“ и „бе-ем-ве“, денеска почна со работа во Велес. Инвестицијата изнесува 35 милиони евра, а во првите две години ќе се отворат 600 работни места. Во фабриката веќе работат 120 луѓе. Процените се дека компанијата секоја година ќе извезува софистицирани автомобилски продукти, вредни повеќе од 70 милиони евра. „Маркарт“ досега има отворено фабрики во повеќе земји...

Зонско паркирање во Тетово, но само на две улици

Зонското паркирање што неодамна се воведе само на булеварите Илирија и Маршал Тито, не го реши сообраќајниот хаос во Тетово. Долж овие улици, според правилата на зонското, може да се паркира само во една коловозна лента. Возачите сега бараат паркинг-место повеќе во другиот дел од градот, каде се создава дополнителен метеж. За да се регулира сообраќајот, дел од тетовци сметатаат, дека треба...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...