fbpx
Таг: автомобили

таг: автомобили

Недостигот на паркинзи во Центар носи повисоки цени и протести на пазарџиите

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утринава предизвикаа сообраќаен хаос во централното градско подрачје со блокадата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ пред седиштето на „Макпетрол“. Тие се незадоволни од зголемувањето на цената на паркингот кај пазарчето на 70 денари за еден час, бидејќи со ваквата одлука им се намалува прометот на пазарот. Пазарџиите бараат од Паркинзи на општина...

Во Тетово два километра со автомобил се возат половина час (ВИДЕО)

Растојанието од два и пол километри за новогодишните празници за тетовци се претвори во 20 до 30 минути минати во автомобил, а завршувањето на овој потфат значи нови главоболки, бидејќи кога ќе стаса, започнува „борбата“ за наоѓање место за паркирање. Преоптоварениот сообраќај во Тетово го зголемува загадувањето на воздухот, бидејќи повеќето од возилата се од ниски еколошки категории и...

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз бележи континуирано намалување на...

Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ)” денеска соопшти дека од 8 јануари, среда, паркирањето за еден час ќе чини 20 денари повеќе отколку досега. Цените, пак, на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти. „Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со...

Од Нова година, нов данок за увоз на стари возила

Од почетокот на следната година се воведува нов данок за увоз на автомобили со примената на новиот Закон за данок на моторни возила, најави министерката за финансии Нина Ангеловска. Мерката има за цел да се намали аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот. Износот на оданочувањето ќе зависи од тоа колку увезеното возило загадува. Електричните автомобили се изземени од данокот, за хибридните возила...

На Скопје му фалат 8.000 паркинг места, а „Градски паркинг“ нема пари за нови гаражи

На Скопје во моментов му недостигаат околу 8.000 паркинг места за да го реши проблемот со паркирањето на возилата, но ЈП „Градски паркинг“ нема доволно финансии за да инвестира во изградба на монтажни или катни гаражи со кои би се надминал ваквиот недостиг. - ЈП „Градски паркинг“ - Скопје со моменталниот ценовник на услуги не обезбедува доволно финансиски средства за...

Од утре почнува обврската за носење зимска опрема во автомобилите

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од 15 ноември до 15 март треба задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи. Согласно Правилникот, тоа подразбира...

Бројот на возила расте 10 пати побрзо од бројот на паркинг места (инфографик)

Наместо со засилено темпо да го решаваат проблемот со паркирањето, општинските власти и одговорните државни институции со текот на годините го намалуваат бројот на објекти за паркирање со кои тие директно управуваат. Сето ова се случува во период кога бројот на регистрирани патнички возила во земјава значително расте од година во година. Во последниве пет години бројот на новоотворени паркинг...

На центарот на Скопје му фалат најмалку 4.000 паркинг места, велат од ПОЦ

Во центарот на Скопје има значително поголема побарувачка на места за паркирање во споредба со капацитетот на постојните паркиралишта. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), само во делот на паркинг зоните со кои стопанисува, во моментов забележува недостиг на 4.030 паркинг места. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека располагаат со 5.173 обележани паркинг места на сите отворени и...

Објавен повикот за субвенции за вградување плин во возилата

Министерството за економија денеска го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари за вграден плински уред по возило. Како што се наведува во објавениот повик, субвенционирањето ќе важи...

Запалените возила во Штип се со ист потпис – молотов коктел

Запалениот „мерцедес“ од изутрината во Штип, е шестото возило што гори во изминатите пет дена. Иако истражните органи не кажуваат ни збор за тоа како настанал пожарот, фактите од терен укажуваат на едно – дека пожарот е предизвикан од молотов коктел. Сосема идентитчно, како на возилото на поранeшниот прв човек на СДСМ Никола Тушев, и претходно „БМВ“ на бизнисмен...

Штипски пораки со молотови коктели, 19 запалени автомобили за неполна година

Вчерашниот случај со палењето на возилото на поранешниот прв човек на СДСМ во Штип, Никола Тушев и на неговиот татко, не е случаен. Фактот дека се запалени автомобилите кои не биле паркирани еден до друг, туку на спротивната страна, говори дека имало намера. Дополнително, двете возила се запалени на ист начин – со кршење на стаклото, по што е фрлен...

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили на секои 1.000 жители изброени во 2017 година. Наспроти пресметката на Државниот завод за статистика, податоците...

Дури 269.000 возила во земјава се постари од 18 години

Од 466.000 регистрирани возила во земјава, заклучно со 2017 година дури 269.000 биле произведени пред 2002 година. Математиката покажува дека повеќе од половина од возилата кои секојдневно се возат на улиците во нашата држава се постари од 18 години. Според правилникот за олдтајмери на Министерството за економија, статус на возило со посебна музејска вредност (олдтајмер) се доделува на возило што...

ЈП „ПОЦ“ ќе поставува „блокатори“ на автомобилите на резидентни паркиралишта

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 10-ти април (среда), започнува со воведување ред на резидентните паркиралишта, информираат од таму. Ќе се поставуваат „блокатори“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коj што се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на Oпштина Центар непречено...

За 5 години, бројот на патници на ЈСП опаднал за 8 милиони (инфографик)

Опаѓа интересот за користење на јавниот градски превоз во Скопје. ЈСП - Скопје во изминативе 5 години изгубило околу 8 милиони патници годишно. Услугите на ова претпријатие лани ги користеле 44.726.781 патници, додека во 2014 година со автобусите на ЈСП - Скопје биле превезени 52.990.214 патници, се наведува во годишните финансиски извештаи за работењето на јавното сообраќајно претпријатие. Ваквата ситуација...

Еколошките налепници за старите возила заглавија поради уставните измени (видео)

Поради целата постапка со донесувањето на уставните измени во Собранието, во заден план беше турнат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој предвидува неколку промени, меѓу кои и еколошка категоризација на возилата. Од Министерството за економија, предлагачот на законот за „Мета“ одговорија дека се очекува наскоро повторно да влезе во собраниска процедура, односно да продолжи пленарната седница...

ЈСП апелира граѓаните прописно да паркираат на Водно, за автобусите да можат да возат

Во пресрет на претстојниот викенд, од ЈСП апелираат граѓаните кои планираат да го посетат Водно со автомобили, да се паркираат прописно на обележаните паркинг-места, за автобусите непречено да возат до крајната станица на Средно Водно. „Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто...

Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година

Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава. Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена со целта на гувернерот на...

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

video
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...