fbpx
Таг: автомобили

таг: автомобили

Запленети 22 патнички автомобили управувани од македонски државјани

Во дводневна заедничка акција на секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи (МВР), запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани. Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири се марка МЕРЦЕДЕС, три се марка АУДИ, две се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка...

Налепниците за возилата со ознаката „NMK“ ќе бидат бесплатни

Министерството за внатрешни работи информира дека донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните. „Тие ќе бидат на товар на МВР“, велат од Министерството. Претходно, одлуката беше дека налепниците со новото име на државата ќе чинат 50 денари. Тие можат да се подигнат од секоја станица за технички преглед,...

Лани биле издадени 20.000 зелени картони повеќе во споредба со 2022 година

Секое трето осигурано возило лани имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците што ги објави Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени картони, што е осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе...

Аерозагадувањето нема да го снема со 50.000 нови автомобили, колку што Скопје добило деценијава [инфографик]

Европската недела на мобилност завршува денеска, а во изминативе денови низ македонските општини се одржаа бројни настани со возење на велосипеди и изјави на функционерите со поуки за користење на алтернативен превоз. Но, во реалноста, официјалните бројки говорат за пораст на бројот на возила во земјава, во услови и кога весникот Гардијан деновиве известуваше за лошиот квалитет на воздухот...

Железница не користиме, субвенции за нови возила немаме, климатските промени ги игнорираме [инфографик]

Транспортот учествува со 28 отсто во вкупните емисии на стакленички гасови во Македонија и во моментов се наоѓа на второ место меѓу изворите на штетни материи кои имаат негативно влијание врз климатските промени. Кај транспортот не постои интегриран пристап во водењето политика за намалување на количествата на јаглерод што ги произведуваат, а треба да се работи и на зголемување...

Владата одлучи: За возилата ќе има налепници „НМК“, а не нови регистaрски таблички

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на веќе постоечките регистарски таблици на возилата, предложена од Министерството за внатрешни работи. Од Владата велат дека со ставањето налепница на регистарските таблици, од една страна, во целост ќе се почитува обврската за означување на новиот код на Република Северна...

Четири автомобили изгореа на улицата „Цветан Димов“ во Чаир

Четири автомобили биле зафатени во пожар кој избувнал ноќеска во три часот по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во СВР Скопје, во 3 част и 11 минути било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје,...

Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк. Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја поврзува оваа општина со центарот...

Мета факт: Владата не ги воведе ветените еколошки налепници за категоризација на возилата

Владата на Република Северна Македонија кон крајот на 2018 година вети воведување на еколошки налепници за категоризација на возилата, со рок за имплементација во 2019 и 2020 година. Ова ветување беше наведено во Програмата за намалување на аерозагадување на Владата на РСМ и до денешен ден е неисполнето. Извршната власт на 15 ноември 2018 година ги презентираше планот и програмата...

Општина Тетово воведе зонско паркирање, половина на улица половина на тротоар

Отежнато е минувањето за пешаците по тротоарите во горниот дел од улицата „120“, кај Зеленото пазарче во Тетово, бидејќи покрај узурпацијата од страна на тамошните продавачи, Општина Тетово со согласност на СВР Тетово воведе зонско паркирање кое половината е на тротоар. Од СВР Тетово велат дека пред да биде ставен во функција, ќе се провери дали паркингот е направен...

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и...

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила e-go, со што ќе се отворат...

„Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места [инфографик]

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето. Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и други јавни површини кои...

Приведен скопјанецот што искрши 18 паркирани возила во катната гаража кај „Буњаковец“

Приведен е четириесет и осумгодишен скопјанец кој оштети 18 автомобили во катната гаража во близина на трговскиот центар „Буњаковец“. „Полициска станица Центар, денеска, во периодот од 07.25 и 07.40 часот, доби повеќе пријави од граѓани чии автомобили биле оштетени. Од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото на настанот, и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички...

За една година регистрирани дополнителни 59.000 возила на македонските патишта [инфографик]

Бројот на граѓани и компании кои имаат сопствено возило за само една година се зголемил за загрижувачки 59.000. На крајот од 2021 година, во Македонија биле регистрирани 559.418 возила на патиштата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во периодот на ковид-19 пандемијата, постои засилено зголемување на стапката на моторизација на населението во земјава. Колку за споредба, во...

Рекордни 66,8 отсто од домаќинствата во земјава лани пријавиле дека поседуваат автомобил [инфографик]

Заштита на животната средина преку борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто. Спроведеното истражување на статистичарите покажува дека бројката на домаќинства кои...

Над 40.000 возила биле увезени лани во земјава, над 85 отсто од автомобилите се половни [инфографик]

Бројот на увезени возила од земјава лани драстично се зголемил. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат дека од јануари до ноември 2021 година во земјава биле увезени вкупно 40.326 возила, вклучувајќи автомобили, автобуси, минибуси и товарни моторни возила. Севкупните информации за целата измината година не се објавени, но постојните бројки покажуваат дека бројот на увезени возила лани е...

Летечкиот автомобил „AirCar“ доби сертификат за летање во Словачка

Летечкиот автомобил AirCar
Летечки автомобил што може да достигне брзина од 160 километри на час и да лета на висина од над 2,5 километри го доби својот сертификат за летање од страна на Транспортната управа на Словачка. Хибридниот автомобил – авион, наречен „ЕрКар“ (AirCar) поседува мотор на „БМВ“ (BMW) и работи на обично гориво, пишува „Би-би-си“. На возилото му се потребни две минути и...

Порталб: Метеж на Попова Шапка, дали жичарницата од Тетово е решение за проблемот?

Бројни автомобили и граѓани од земјава и регионот изминатиот викенд го блокираа патот Тетово - Попова Шапка. Се створи колона возила од околу седум километри, од селото Лисец до туристичката атракција, која за жал е запоставена и од централните и од локалните власти. Решението за сообраќајниот хаос граѓаните го гледаат во враќање на жичарницата Тетово-Попова Шапка, која работеше од...

Анализа на „Порталб.мк“: Возен парк на општините – од скромност до луксуз!

Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња и автобуси се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. „Порталб.мк“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот парк на поатрактивните општини во земјава. Интересно е дека во регистерот нема податоци за возниот парк...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...