fbpx
Таг: автокефалност

таг: автокефалност

Руски агенти во мантија

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     По руската агресија на Украина, во 2022...

Македонска црковна и државна делегација презеде Благодатен оган во Ерусалим

Државна делегација на Република Северна Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Светиот Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА., соопшти Владата. Ова е првпат претставник на МПЦ-ОА да го преземе...

Зеленски не ја претвора војната во религиозна, туку ја брани Украина од руска пропаганда во црквите

Руската православна црква и нејзиното водство активно ја поддржуваат агресијата на Путин на Украина. Тајната служба на Украина има регистрирано случаи во кои свештенството на Украинската православна црква – Московска патријаршија се вклучувало во оправдување на руската агресија против Украина и колаборација со руски трупи во окупираните територии. Поентата на новиот закон е да се спречи Русија преку црквата во Украина да инсталира свои...

Контраспин: Признавањето на МПЦ – ОА во 2022 година било успех на СДСМ!?

На последниот ден од старата 2022 година, владејачката СДСМ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое набројува за 20-те успеси на партијата во годината што замина. Иако неколку од набројаните 20 успеси можат да си конкурираат за полуизвртувања на вистината или полуспинови, еден е еклатантен спин. Имено, СДСМ признавањето на МПЦ-ОА како нешизматичка од дел од сестринските цркви во...

Руската амбасада по урнекот на Лавров „го одбележа“ признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на РПЦ

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје денеска се приклучи на значителниот број профили на социјалните мрежи и македонски медиуми и извести за вчера донесената одлука на Руската Православна Црква - Московска Патријаршија за признавање на автокефалноста на Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Со двата твита, руската амбасада, иако навидум суво фактографски се занимава со ова случување битно за...

Бугарскиот митрополит Гавриил до Пендаровски: Нема ништо политичко во одлуката за македонската црква

Решението на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да го признае канонскиот статус на Македонската црква е донесено според предлогот на српската црква, коментира бугарскиот Ловчански митрополит Гавриил, инаку еден од повлијателните во БПЦ, по исказот на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој порача дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ. „Денеска ја видов одлуката на БПЦ...

Прва заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија

Поглаварите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г. Стефан и на Вселенската патријаршија, Вартоломеј, денеска во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул ја одржаа првата заедничка литургија, откако МПЦ-ОА беше примена во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви. Архиепископот Стефан во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул богослужеше на македонски јазик. Заедничката богослужба...

Српскиот патријарх Порфириј го додели томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

По отслужувањето на заедничката литургија во Соборната црква „Свети Архангел Михаил“ во Белград со македонскиот архиепископ Г.г. Стефан, српскиот патријарх Порфириј денеска го врачи томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, јави српската новинска агенција „Бета“. Томосот, кој беше прочитан во црквата, овозможува целосна автокефалност на македонската црква на територијата на земјава, но и во дијаспората. Патријархот Порфириј...

Порфириј соопшти дека СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) го признава и прифаќа барањето за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави српскиот патријарх Порфириј во својот говор по задничката литургија меѓу МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. „Сега кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архијерејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на...

По заедничката богослужба со поглаварот на СПЦ, г.г. Стефан очекува и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

На Литургијата на помирување, која денеска се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан рече дека раната која болеше цели 55 години е излекувана и изрази надеж дека деновиве ќе се случи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. „Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј кој само по неколку дена...

Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ-ОА како канонска, последното ниво пред автокефалност

На седница на Светиот Синод на Вселенската патријаршија вчера е донесена одлука свештенството и верниците на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) да се примат во евхаристиско (литургиско) единство, односно ја признава како црква со своја организација, но која не е автокефална. Прифаќањето на МПЦ-ОА е под името „Охридска“, со Господин господин Стефан како нејзин поглавар, се вели...

Тимотеј: Одлуката на Вселенската патријаршија отвора пат за признавање на МПЦ-ОА

МПЦ е подготвена за разговор со Цариград за изнаоѓање пат и начин за решавaње на македонското црковно прашање, вели владиката Тимотеј за Радио Слободна Европа, во врска со одлуката што ја донесе Вселенската патријаршија на соборот во Истанбул од 1 до 3 септември, да објавува независност на црквите и без согласност на останатите православни цркви. Според митрополитот дебарско-кичевски и плаошки,...

Заев во ист коверт ги ставил неговото и писмото на владиците до Вартоломеј

Македонскиот премиер Зоран Заев во ист коверт ги ставил неговата молба до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и писмото на владиците од Македонска православна црква - Охридска архиепископија МПЦ-ОА, со кое се бара да се реши долгогодишниот проблем на македонската црква и да се додели автокефалност. Тоа се гледа од неговото писмо, што Владата денеска го препрати до медиумите. Во него Заев...

Бошњаковски: Заев не побара бришење на „Македонска“ од името на МПЦ

Според портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, во своето писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј, македонскиот премиер не побарал бришење на зборот „Македонска“ од името на Македонска православна црква. Како што веќе беше објавено, и Македонска православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и премиерот Зоран Заев писмено се обратиле до Вселенската патријаршија со молба да се додели автокефален статус на МЦП-ОА. - Премиерот...

Тимотеј: МПЦ-ОА побара признавање на автокефалноста, за името сега не се зборува

Македонската православна црква испрати барање до Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста, а какво име тие би прифатиле, ние не можеме сега да коментираме, не е сега време за тоа, изјави за „Мета“ владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ-ОА. Македонската црква барањето за признавање на автокефалност го испратила пред еден месец, а писмо испратил и македонскиот премиер Зоран Заев, кој во...

Иринеј: Зад договорот помеѓу БПЦ и МПЦ стои политичка позадина

Зад односите меѓу БПЦ и МПЦ има политичка позадина вели српскиот патријарх Иринеј во интервју за весникот „Печат“. За новонастанатата ситуација со Бугарската православна црква, чиј Синод ја прифати улогата на мајка црква на македонската црква со што таа би обидела да стекне легалност и автокефалност, Иринеј вели дека се работи за чиста фарса. Во интервјуто тој наведува дека ова...

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за спасение на нашиот богољубив...

Заев: Како православен верник, радосен сум за одлуката на БПЦ

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го прифати барањето на Македоднската православна црква - Охрдиска архиепископија да ѝ биде мајка црква и додаде оти е среќен што градењето пријателства дава резултати. Тој истакна дека со ова се прави напредок во процесот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. - Како православен верник, радосен сум за оваа...

Охрид денеска и утре е домаќин на одбележувањето на 50-годишнината на МПЦ

Во Охрид, градот во кој пред половина век е прогласена автокефалноста на МПЦ, денеска и утре се одбележува црковниот јубилеј. На  17 јули 1967 година на свечена седница во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид,  Светиот архиерејски синод на МПЦ, во состав митрополитот македонски Доситеј, епископот преспанско-битолски Климент, епископот злетовско-струмички Наум, епископот дебарско-кичевски Методиј и епископот американско-канадско-австралиски Кирил, ја донел...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...