fbpx
Таг: автобуска несреќа

таг: автобуска несреќа

Се запали автобус на ЈСП во Аеродром вчеравечер, нема повредени лица

Двокатен кинески автобус на ЈСП-Скопје што сообраќал на линијата број 7 од Лисиче кон Карпош вчера вечер околу 18:30 часот се запали на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Возачот го приметил чадот кај моторот од автобусот, застанал, ги евакуирал патниците и повикал пожарникари. Нема повредени лица, а од ЈСП Скопје излегоа со информација дека предизвикана е единствено материјална...

Вистиномер: Не е точно дека во автобусот на „Беса транс“ се шверцувале еден тон нафта и 30 илјади петарди

Бугарските обвинители на прес-конференција демантираа дека во автобусот имало туби со нафта. „Има верзии дека имало туби со гориво. Таа верзија од нас е отфрлена. Најдени се 3 туби но биле празни, има остатоци од нафта која ја користи автобусот, а пожарот не настанал од тубите“, изјави Борислав Сарафов, заменик главен обвинител на Бугарија. Сарафов кажа дека на местото...

Експертите тврдат: Во земјава не постои систем за ефикасна контрола на транспортните компании

Контролите што се спроведуваат во превозот на патници со автобуси и комбиња не се строги, не се редовни и се без резултати. Постојат делови од различни институции кои функционираат независно едни од други, без директна поврзаност меѓу истите. Државниот инспекторат за транспорт и да има 100 инспектори, тие нема да можат ниту основните контроли да ги направат како што...

Утврдувањето на причините за пожарот ќе биде најтешкиот дел од истрагата за автобуската несреќа

По кобната несреќа на автобусот на „Беса транс БТБ“ на автопатот „Струма“ во Бугарија, бугарските органи излегоа со податокот дека целокупната истражна постапка би траела шест месеци за да се осознаат причините за сообраќајната незгода. Мета.мк го контактираше Дејан Трпевски, судски вештак за сообраќајни незгоди, којшто објаснува дека најмалку време на истрагата ќе ѝ треба за утврдување на причините за...

Јовески: ДНК анализите од семејствата на загинатите денеска ќе бидат предадени на Бугарија

ДНК анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за судска медицина во Скопје, треба да бидат завршени до денеска напладне. Јавното обвинителство ги очекува истражителите од Република Бугарија денеска да ги подигнат овие примероци и извршени анализи, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утринава во...

Синот на загинатиот возач апелира да не се шпекулира со дезинформации и бара почит за болката на семејствата

„Јас не сум видел дали на списокот со преживеаните лица е и името на арапскиот патник Шаип Науф ал Салах“ во изјава за Мета.мк рече Бесар Мемеди, синот на еден од возачите кои го изгубија животот во трагедијата во Бугарија, во која според денешните официјални податоци загинаа 44 лица. Бесар апелира да се избегнуваат шпекулации и погрешни толкувања. „Видов дека меѓу...

Двајца повредени во автобуската несреќа оперирани вчера, денеска уште една операција

Сите седуммина преживеани патници од автобуската несреќа се во стабилна состојба, соопшти денеска доцент Христо Шивачев заменик-медицинскиот директор на Универзитетската болница за активно лекување и ургентна медицина „Пирогов“ (пандан на скопска КАРИЛ) во Софија. „Вчера беа оперирани две од лицата, коишто се стабилни и се во добра општа состојба. Пациентите што беа во шок-собра денеска се преместени во одделение на...

Јовески за бТВ: Шпекулација е дека во автобусот имало гориво во туби

Како шпекулации, во разговор за бугарската телевизија бТВ, Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги отфрли како шпекулација наводите дека во автобусот на „Беса транс“ имало гориво во пластични туби. Тој додаде дека македонското обвинителство зема ДНК примероци од роднини на загинатите за да се идентификуваат жртвите во несреќата, а потоа резултатите ќе бидат предадени на бугарските власти. Преживеаните досега не биле...

Студеничани обвиено во тага по трагедијата, роднините немаат зборови да ја опишат болката

Правдата нема да ги врати починатите, но мора да завршат процедурите и да се открие што се случило за да не страдаат други патници во вакви несреќи, вели Фати Исеини, роднина на дел од жртвите во несреќата во Бугарија кои потекнуваат од општина Студеничани. Тој посочува дека истрагата нема да им ја намали загубата, нема да ги врати загинатите, но...

Царина истражува како автобусот на „Беса транс“ без извод од лиценца го минал преминот „Деве Баир“

Царинската управа на РСМ од рано утрово започнала контрола за тоа како автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија успеал да го мине граничниот премин „Деве Баир“. Детали за контролата нема, но од Царина велат дека за наодите од контролата јавноста навремено ќе биде информирана. „Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на...

Учениците од „Исмаил Ќемали“ се простија од загинатите другарчиња: Соништата завршија во пепел (Фото)

„Секогаш во нашите срца“, „Соништата завршија во пепел“, „Ќе се сеќаваме на вас“, „Ќе ни недостасувате“ - Со вакви пораки испишани на трансапренти, со букети цвеќе во рацете и со солзи во очите денеска учениците од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Чаир им оддадоа почит на своите соученици кои ги изгубија животите во кобната несреќа со автобусот на „Беса...

Државниот инспекторат за транспорт со години се жали дека има недостиг на инспектори

Постојат недоволен број на инспектори за контрола за нормално функционирање на Државниот инспекторат за транспорт. Ова денеска за Слободна ТВ кај новинарката Елизабета Дамјаноска-Спасеновска го изјави директорот на Државниот инспекторат за транспорт Руфат Хусеини, кој дополни дека во моментов имаат само 12 инспектори, што е недоволен број за да се направи надзор на сите компании кои вршат превоз на...

Трагедија во Бугарија: Преживеаните во шок сведочат како се спасиле од пеколот

Само четворица мажи и три жени ја преживеаја страотната сообраќајна несреќа на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија, во која изгореа 46 лица меѓу кои 12 деца, вклучително и момчиња близнаци. Тие се сè уште во шок и сведочат како за да останат живи поминале низ вистински пекол. Автобусот удрил во бариера и се запалил додека се враќал од Истанбул...

Кобниот автобус поминал технички преглед во октомври, но не бил пријавен во базата на Министерството за транспорт

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција по повод автобуската несреќа што се случи во Бугарија, изјави дека на кобниот автобус-учесник во незгодата последна извршена проверка на техничката исправност му била направена на 5 октомври 2021 година. Тој рече дека првичните информации говорат оти во автобусот имало двајца возачи. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека...

„Беса транс – Скопје“ изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите

Компанијата „Беса транс – Скопје“ на својот профил на Фејсбук упати телеграма со сочувство по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 луѓе. „Телеграма со сочувство! Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочувство до семејствата и роднините на починатите, се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со...

Тахографот на автобусот е изгорен, истрагата за несреќата продолжува

Истрагата што бугарските истражни органи ја водат за ноќешната трагична несреќа на автопатот близу Перник, Бугарија, во која во автобусот на превозник од Северна Македонија загинаа 45 патници, наидува на одреден проблем, бидејќи е изгорен тахографот што го бележи движењето на автобусот. Бојко Рановски од Извршната агенција „Автомобилска администрација“ за Бугарското национално радио (БНР) појасни дека не може да се...

Сочувство од амбасадорите во земјава по автобуската несреќа во Бугарија

Странските амбасадори во земјава испратија сочувство по трагичната автобуска несреќа што утрово се случи во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица. Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј изрази длабоко жалење за утринската вест за загинатите лица во трагичната автобуска несреќа во Бугарија. https://twitter.com/RGallowayUK/status/1463058651808157697 „Мое искрено сочувство до семејствата и пријателите на оние кои ги изгубија животите и се надевам на...

Автобуската несреќа на „Беса транс“ со 45 жртви главна вест во светските медиуми

Несреќата во соседна Бугарија ноќеска, кога во пожарот на автобус на „Беса транс“ од Рашче, Скопје, животите ги загубија 45 лица е во главните вести на најпознатите и највлијателните светски медиуми и на новинските агенции. Ројтерс, АФП, Дојче Веле, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си во сервисите на англиски јазик известуваат за големата несреќа, изнесувајќи ги фактите и наводите за несреќата пласирани преку медиумите...

Сведоштво од другиот автобус на Беса транс: Откога се вративме дознавме дека има 45 загинати во несреќата

Мета.мк стапи во контакт со еден од граѓаните коишто биле на тридневната екскурзија со „Беса транс“ во Истанбул. Нашиот соговорник којшто побара анонимност, ни кажа дека патувал со автобусот што бил пред возилото коешто учествуваше во несреќата, во која утрово загинаа 45 лица на автопатот „Струма“. Тој ни изјави дека за автобуската несреќа дознале во Бугарија кога биле близу границата...

Заев: Си помагаме кога е тешко, заедно сме и во добро и во лошо

Ние сме заедно и во добро и во лошо, оваа трагедија ќе има позитивно влијание врз односите на двете земји. Тука сме да си помогнеме кога е тешко, сите институции соработуваат, и тоа е пораката и кон двете земји и кон народите на двете земји. Тука сме и да си помогнеме кога е тешко. Ова е одговорот на премиерот на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...