fbpx
Таг: автобуси

таг: автобуси

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората...

Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од...

Во земјава лани биле регистрирани 3.144 автобуси, со просечна старост од 18,1 години (инфографик)

Автобускиот превоз во земјава и лани се одвивал со полнолетен возен парк. Просечната старост на автобусите што сообраќаат во градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз во 2019 година изнесувала 18,1 години. Споредбата на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека старосната граница на возниот парк од околу 18 години речиси не е воопшто изменета во изминативе една и пол...

Автобусот на патот Миладиновци-Штип вчера се запалил поради пожар во моторот

Пожар во делот кај моторот е причината поради која се запалил автобусот „даф“ со штипски регистарски ознаки, кој вчера возеше по автопатот Скопје-Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат оттаму, во автобусот управуван од Б.Г.(56) од Штип, а во кој немало патници, настанал пожар во делот кај моторот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Свети Николе, а...

Запален автобус „се прошета“ по автопатот Миладиновци-Штип, нема повредени и загинати лица

Празен автобус на штипската компанија „Кит-го“ се самозапали на автопатот Миладиновци-Штип кај месноста Крушица. Во автобусот бил само возачот, кој безуспешно се обидел да го изгаси запалениот автобус. Поради тоа што се запалил на удолница, автобусот во пламен се спуштил од локацијата на која се запалил стотици метри подолу, удрил во банкина и предизвикал мал пожар на околната нива....

МВР за само пет часа пронајде 52 прекршоци кај возилата што вршат јавен превоз на патници

И по катастрофалната автобуска несреќа кај селото Ласкарци што се случи во февруари минатата година, дел од превозниците во земјава продолжуваат да вршат јавен превоз на патници со технички неисправни автобуси и такси возила. Полицијата само во текот на вчерашниот ден, во периодот на петчасовна контрола во различни делови од земјава, открила 52 различни прекршоци кај возилата што вршеле...

Огромен пад на бројот на патници превезени со автобуси во вториот квартал од годинава

Забележан е огромен пад на бројот на патници превезени со автобуси во вториот квартал на годинава, односно 64 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Податоците објавени денеска говорат дека во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз со автобуси се превезени вкупно 7,136 милиони патници, и во однос на истиот...

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите. Општина Тетово...

Најмногу патуваме со автомобили, сè помалку користиме јавен превоз, автобуси и возови (инфографик)

Во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека автомобилот и такси превозот постанале главното средство за патување низ годините. Во 2018 година, 80,4 отсто од изминатите патнички километри во патниот превоз (9.452 милиони патнички километри) граѓаните ги поминале со своите автомобили или со такси. За разлика...

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit - BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска...

Поради ковид-19, јавниот превоз до мај изгубил 11,6 милиони патници и околу 4,5 милиони евра (инфографик)

Пандемијата на корона вирусот има големо негативно влијание врз функционирањето на скопскиот јавен превоз и на ЈСП-Скопје. Долгите полициски часови, затворените школи и факултети, работењето од дома на вработени во голем број компани, ограничениот капацитет за превоз на патници во автобусите и стравот на граѓаните да користат јавен превоз за период од околу три месеци предизвикаа загуби на ЈСП-Скопје...

Летовите и автобусите кон странство профункционираа, но само до дел од дестинациите

Со летовите на „Туркиш ерлајнс“, „Пегасус“, „Германија“, „Еделвајс“ и „Виз ер“, од 1 јули повторно ќе профункционира Меѓународниот аеродром Скопје, додека „Германија“ и „Виз ер“ од овој датум ќе почнат да летаат и од Охрид. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој денеска извршија обиколка на скопскиот...

Распишан тендерот за набавка на градски автобуси за Тетово, повикот трае до 15 јули

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Тетово наскоро треба да добие нови градски автобуси со кои ќе може да профункционира јавниот превоз во градот. Општина Тетово го распиша повикот за доставување понуди од заинтересираните компании за набавка на автобуси за јавен превоз. Тендерот е отворен за доставување на понуди до 15 јули, а процесот на понудување и избор на фирмата ќе се спроведе преку процедури...

Aвтобусите на ЈСП и возовите со изменет возен ред поради полицискиот час

Железници на РСМ-Транспорт објавија план за сообраќај на патничките возови во услови на ограничено движење со важност од денеска на полноќ до 7 јуни до 24 часот. Денеска (4 јуни) нема да сообраќаат следниве возови: возот Скопје – Гевгелија – Скопје, кој од Скопје поаѓа во 16:55 часот; возовите на релација Скопје – Битола – Скопје, кои поаѓаат од Скопје во...

Автобусите во Скопје од денеска возат од 5 до 24 часот, од петок повторно бесплатен превоз за постарите лица

По владината одлука за укинување на полицискиот час во државава, од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје соопштуваат дека од денеска, 27 мај, јавниот автобуски превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување, од 5 до 24 часот, во зависност од линијата. А од петок, 29 мај, продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, жени...

Во меѓуградскиот превоз десет пати повеќе се патува со такси отколку со воз (инфографик)

Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат дека возовите и автобусите се сè помалку атрактивни за патниците, па така таксистите го земаат приматот и во превозот меѓу...

И по Ласкарци, најголем дел од увезените автобуси се половни (инфографик)

И по тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи во февруари лани, Македонија продолжува со зголемување на увозот на половни автобуси и минибуси од странство за превоз на патници. Податоците од Царинската управа покажуваат дека не само што не се намалил, туку во 2019 година бил постигнат рекорд во увозот на стари и веќе употребувани превозни средства во...

Автобусите на ЈСП утре ќе возат до 15 часот, потоа од понеделник од пет

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат до 15 часот, а потоа од понеделник од 5 часот. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб-страницата www.jsp.com.mk. Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче...

Од ЕБОР бараме 70 милиони евра за воведување на „трамвајот на тркала“ во Скопје

Македонската влада побарала 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти, при што банката...

Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...