fbpx
Таг: автобуси

таг: автобуси

Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава

Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...

Ковид кризата продолжи негативно да влијае на работењето на автобуските превозници во земјава

Автобускиот превоз во земјава и на почетокот од 2021 година со негативни резултати во работењето како резултатот на ковид-19 пандемијата. Во периодот јануари-март 2021 година, во градскиот превоз биле превезени 5.097.000 патници, во приградскиот превоз 3.481.000 патници, во меѓуградскиот превоз 546.000 патници, а со автобус надвор од земјава патувале само 34.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистичките...

Со градска железница, би се патувало барем двојно побрзо во споредба со автобус во Скопскиот регион [инфографик]

Доколку во Скопје би постоела градско-приградска железница како средство за масовен превоз на патници, тогаш времето за патување до приградските населби околу главниот град би се скратило барем за половина во споредба со постојното времетраење на патувањата со градско-приградските линии на ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници. Споредбата на возните редови на ЈСП-Скопје и на Железници на РСМ-Транспорт покажува дека на...

Во сообраќајниот хаос, јавниот превоз во Скопје секоја година ја намалува брзината на движење [инфографик]

Со околу 150.000 автомобили и десетици илјади други возила што секојдневно се движат по скопските улици, јавниот превоз во главниот град од година во година станува сè побавен за патниците. Набавката на нови возила од граѓаните низ годините и непрописното паркирање на автомобили на улиците го зголемува сообраќајниот метеж, кој пак предизвикува намалување на комерцијалната брзина на движење на...

Повторно неисправни возила во јавниот превоз, полицијата вчера санкционирала 74 возачи

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08 до 12 часот, спровела акциска контрола за контрола на возилата со кои се врши јавен превоз на патници низ земјава. При контролата санкционирани се 74 возила, информираа денеска од МВР. Најмногу од санкционираните возила, вкупно 28, се на територијата на СВР Тетово, додека 15 се на...

Ковид кризата лани го стави „на кислородна поддршка“ и јавниот превоз низ државата [инфографик]

Во 2020 година со градско-приградскиот превоз во Северна Македонија биле превезени само 40.523.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Станува збор за историски најнизок број на превезени патници со јавниот превоз низ општините во земјава, а што првенствено е резултат на ковид пандемијатаФотро. Споредено со 2019 година, бројот на патници во градско-приградскиот превоз на национално ниво е намален...

Автобусите на ЈСП за Водици ќе сообраќаат по неделен возен ред

Утре, вторник (19.01.2021 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Како што информираат од претпријатието, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои...

Порталб: За 9 дена Тетово треба да има пет градски автобуси, aко не ги донесат ќе има казни

Остануваат девет дена од крајниот рок кога петте автобуси за јавен превоз треба да пристигнат во Тетово. Претседателот на Советот на општината, Беким Мемети, за „Порталб.мк“ изјави дека автобусите ќе пристигнат на време бидејќи во спротивно, ќе има казни за соодветната компанија. „Рокот од датумот на потпишување на договорот до датумот на испорака на автобусите е шест недели, тие сè...

За Бадник и Божиќ, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Поради претстојните празници Бадник (06 јануари) и Божиќ (07 јануари), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Град Скопје. „Утре (среда), како дежурни билетарници ќе работат тие лоцирани на Зелениот пазар и Транспортниот центар, кои ќе работат од 07 до 19 часот, додека билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 07 до 13 часот. Во четврток (Божиќ)...

Владата го усвои, предлог-законот за финансирање на „трамвајот на тркала“ во Скопје оди во Собранието

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, информираат од владината прес-служба. Од ЕБОР побаравме кредит од 70 милиони евра за изведба на двете...

Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален

Јавниот превоз во земјава трпи сериозни штети од ковид-19 пандемијата, а веќе подолго време се посочува како ризична локација на која може да се пренесува корона вирусот меѓу граѓаните. Владата на крајот на октомври воведе мерка за ограничување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до 50 отсто од нивниот максимален капацитет. „Мета.мк“ контактираше со дел од превозниците,...

На технички преглед однесени 58 автобуси и комбиња, шест биле технички неисправни

Министерство за внатрешни работи (МВР) информираше дека во станица за технички преглед во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден се однесени 58 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници. Од нив шест биле технички неисправни. Инаку, „Мета.мк“ досега многу пати пишувала за техничката неисправност на возилата за превоз на патници,...

Порталб: Кривични пријави против 14 превозници без лиценци во Тетово, „легалните“ автобуси никаде ги нема

Во Општина Тетово продолжува акцијата за казнување на нелегалните превозници. Во рок од околу еден месец, 14 лица беа фатени од полицијата како превезуваат патници, без дозвола за дејност. Потсетуваме, дека друго решение за превоз на патници од околните села нема, пишува „Порталб.мк“. Лицата кои биле фатени како нелегално ја вршат оваа активност, живеат во околните тетовски села, како и...

Активистичка акција во Тетово: Автобуси духови поставени пред новите автобуски станици

Со акцијата „За прв пат во светот, автобус дух!“, група активисти во Тетово поставија автобуси духови пред автобуските станици за чекање, коишто неодамна беа поставени во градот од Општина Тетово. „Поаѓајќи од досегашното искуство, се поставува прашањето дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите. Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им...

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз...

Порталб: Автобуски постојки поставени, но автобуси во Тетово сѐ уште нема

Со иронија, сарказам и шеги, некои граѓани од Општина Тетово на социјалните мрежи го коментираат поставувањето на автобуските станици за јавен превоз во Тетово, имајќи предвид дека автобуси сè уште нема, пишува „Порталб.мк“. Овие постојки се наоѓаат на неколку локации во градот, почнувајќи од универзитетскиот пат до центарот. Во меѓувреме, Теута Арифи за „Порталб.мк“ вети дека пред Нова година ќе...

Порталб: Во Тетово одредени локациите за над 40 постојки, но автобуси сè уште нема

Во Општина Тетово автобуси за јавен превоз нема. Сепак, локациите за автобуски постојки се одредени, и тоа предвидени се вкупно 45 локации низ целата општина. Постапката за набавка на пет автобуси е вратена на точката нула, пишува „Порталб.мк“. Тетово е познат како град со преоптоварен транспорт и инфраструктура, додека слободни јавни простори има многу малку. Така, изборот на локациите за...

Полицијата вчера во Скопје изрекла 309 казни и исклучила 2 автобуси од сообраќај

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, информираат од МВР. Полицијата вчера казнила 8 лица кои возеле без возачка дозвола, како и 86 за пречекорување на брзината. Воедно изречени се 7 прекршоци за...

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје (фото+видео)

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. „Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно...

ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. „Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...