fbpx
Таг: Австралија

таг: Австралија

Бурна биографија на „боемот“ Борис Трајков, обвинет за проневера во Мелбурн

Медиум на македонски јазик во Австралија, Борис Трајков го нарекува „боем“ и „плејбој“. Австралиската државна телевизија „Еј-би-си“, пак, со него се занимава како осомничен за проневери вредни милиони австралиски долари, како човек уапсен во јануари годинава поради одгледување значителни количества марихуана, како човек што крадел струја додека бил пуштен на слобода со кауција... Австралискиот новинар со македонско потекло, Саша Узунов,...

Тројца падобранци загинаа откако се судриле во воздух

Тројца падобранци загинаа во Квинсленд откако се судрија во воздух, соопшти австралиската полиција. Итната полош и полиција веднаш биле повикани во местото Бич, јужно од Квинс, каде се случила несреќата. Како што пренесува „Би-би-си“, загинале двајца мажи на возраст од околу 30 години, како и една 50-годишна жена. Падобранците починале веднаш, соопшти полицијата во Квинсленд. Според прелиминарнарната истрага, несреќата се случила кога...

Австралискиот премиер Турнбул поддржува истополови бракови

Австралискиот премиер Малколм Турнбул ја поддржа кампањата за признавање на истополовите бракови, иако досега беше молчалив по тоа прашање. Сепак, тој денеска се изјасни за промена на законот за брак и за прифаќање на истополовите бракови, предизвикувајќи големо изненадување во јавноста. Во Сиднеј денеска се одржа голем митинг за поддршка на истополовите бракови, на кој учествуваа повеќе од 20.000 луѓе. На...

Македонски Австралиец убиен во ресторан во Мелбурн, напаѓачите избегале

Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачка на забава во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, јавуваат австралиските медиуми. Несреќниот настан се случил во ресторанот „Корзо грил“ во Каролин Спрингс, во раните утрински часови во саботата. Полицијата соопшти дека групата избегала од местото на настанот. Групата заминала пеш од македонскиот ресторан откако жртвата била прободена неколкупати,...

Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и на нејзините сојузници. Трамп вчера телефонски разговарал со премиерите на Австралија и на Велика Британија, Малком Трнбул и Тереза Меј, за последната нуклеарна проба на Северна Кореја, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските агенции. Претседателот на...

Во Сиднеј уапсени четири лица кои подготвувале терористички напад на авион

Четири лица се уапсени во масовната антитерористичката акција во неколку предградија на Сиднеј, спроведена по добиени сознанија за подготовка на терористички напад во авион, јавуваат светските новински агенции. „Претресите и истрагата продолжуваат. Други информации ќе бидат соопштени дополнително во соодветно време“, соопшти полицијата. Австралискиот весник „Сидни морниг хералд“, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека операцијата во сиднејските предградија Лакемба, Сари...

Димитров – Бишоп: Дијаспората е мост за поголема соработка меѓу Австралија и Македонија

Македонската дијаспора, билатералната и економската соработка биле главните теми на состанокот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп. Тие заклучиле дека постои огромен потенцијал за соработка меѓу двете земји, а како мост за таа сораборка ја посочија и бројната македонска дијаспора во Австралија. Шефицата на австралиската дипломатија ги поздрави прмените во Македонија...

Австралиската министерка за надворешни работи во посета на Македонија

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе престојува во Република Македонија, во рамки на нејзината посета на Источна Европа планирана од 9 до 15 јули, соопшти денеска нејзиниот кабинет. На официјалната веб-страница на австралиското МНР пишува дека Бишоп ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои...

Во Австралија живеат 98.441 Македонец

Бројот на Македонците во Австралија во последните пет години се зголемил за околу 5.000 лица, покажуваат најновите статистички податоци на австралиското Биро за статистика. Според денеска објавените податоци од минатогодишниот попис во Австралија, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, додека според претходниот попис, спроведен во 2011 година, така се изјасниле 93.570 лица. Сепак, според овие податоци, намален е бројот на Македонците...

И Австралија сака да забрани електронски уреди во патничките авиони

Премиерот на Австралија, Малком Турнбул, денеска соопшти дека неговата земјата размислува за воведување забрана за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди во кабините за патници во авионите, но не откри кога би стапила на сила. Турнбул не сакал да објасни дали одлуката за забрана за внесување електронски уреди во патничките кабини на авионите е поврзана со терористичките закани од Исламска држава, за...

Сè потешко до виза за Австралија, се укинуваат привремените визи

встралијаАвстралија ќе ги укине привремените визи популарни кај странците и ќе ги замени со визи за кои е потребно подобро познавање на англискиот јазик и професионални вештини, соопшти денеска премиерот на Австралија, Малколм Турнбул. Тој ги отфрли обвинувањата дека измените се донесени на барање на десничарските партии, како Една нација, за посилна националистичка политика. Но, на својот профил на „Фејсбук“,...

Поплавите во Австралија со себе носат, крокодили, змии и ајкули

Повеќе десетици илјади лица се евакуирани во Австралија поради поплавите, а властите ги предупредија жителите на опасност од крокодили и од змии во надојдените води. Циклонот Деби, кој е од четврта категорија, во вторникот го погоди Квинсленд, на североистокот на Австралија. Циклонот оттогаш премина во тропска бура и се движи кон југозападот на Австралија, Поројни дождови има и на брегот јужно...

Силен циклон го погоди североисточниот брег на Австралија

Силен циклон, со брзина на ветерот и до 260 километри на час, денеска го погоди североисточниот брег на Австралија, уривајќи огради, покриви и дрвја, а околу 10.000 куќи останале без струја, јавуваат светските медиуми. На удар на циколнот Деби, кој преминал во четврта категорија, првин се нашол тропскиот брег на австралиската држава Квинсленд, соопштило австралиското биро за метеорологија. Најтешко било погодено популарното...

Евакуација во Австралија поради циклонот Деби

Неколку илјади Австралијци денеска се евакуирани поради силниот циклон кој го погоди Квисленд, кој достигнувал брзина и до 300 километри на час. Премиерката на државата Квинсленд, Анастасија Паласчук изјави дека се евакуирани околу 3.500 жители, додека властите советуваат уште 2.000 граѓани да се евакуираат, бидејќи подоцна, кога времето ќе се влоши, евакуацијата ќе биде многу потешка. Поради невремето затворени се пристаништата,...

Иванов денеска во работна посета на Унгарија

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштија утринава од неговиот кабинет. „Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер“, стои во соопштението. Иванов минатата недела беше во дводневна посета на Азербејџан, каде учествуваше на Форумот...

Иванов ја одложи посетата на Австралија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА. Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, каде, како што велат од...

Голем пожар во фабрика за рециклажа во Сиднеј

Во фабрика за рециклажа во предградие на Сиднеј избил голем пожар, во чие гаснење учествувале повеќе од 100 пожарникари, но нема повредени. Пожарот избил околу 9.30 часот по локално време, во фабрика која се наоѓа на околу 15 километри западно од центарот на Сиднеј, по што облак од густ чад го прекрил небото над најголемиот австралиски град. Портпаролката на противпожарната служба...

Во пожари во Австралија повредени двајца пожарникари

Најмалку двајца пожарникари се повредени, а 19 куќи се уништени за викендот во пожарите кои ја зафатија австралиската држава Нов Јужен Велс. Повеќе од 2.500 лица се бореле со 100 пожари ширум Нов Јужен Велс, додека температурите во одредени делови на земјата достигнувала и до 47 Целзиусови степени. Пожарите, како што оценуваат локалните власти, се предизвикани од сувите и жешки северозападни...

Топлотен бран го зафати истокот на Австралија, температури и до 48 степени

Австралиските служби за вонредни ситуации се подготвуваат за потенцијален температурен шок, додека пожарникарите се борат со околу 50 пожари во државата Нов Јужен Велс, по топлотниот бран кој го зафати источниот брег на земјата, јавуваат медиумите. Метеоролозите предвидуваат дека во некои подрачја температурата на воздухот ќе порасне на рекордни 48 Целзиусови степени. На граѓаните на истокот на земјата им е...

Седум отсто од австралиските свештеници злоупотребувале деца

Седум отсто од свештениците на католичката црква во Австралија се обвинети за злоупотребува на деца во текот на претходните неколку децении, тврдат официјални лица кои го истражувале злоупотребување деца во институциите во Австралија. Статистиката е објавена на сослушувањето на државната комисија на Австралија за системски одговор на сексуалната злоупотреба на децата. Државната комисија е највисок степен на истрага во Австралија и од...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...