fbpx
Таг: авиосообраќај

таг: авиосообраќај

Штрајковите на германските аеродроми ги поништуваат плановите на илјадници патници

Вработените во обезбедувањето на пет германски аеродроми вчера стапија во штрајк, попречувајќи ги плановите на десетици илјади патници, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во четвртокот наутро синдикатот „Верди“ започна еднодневен штрајк на аеродромите во Хамбург, Штутгарт, Карлсруе/Баден-Баден, Келн и Берлин. Според здружението на аеродромски оператори, повеќе од 580 летови биле откажани, а 90.000 патници морале да ги променат своите планови. Денеска...

Стотици летови поради снежно невреме беа откажани на аеродромот во Франкфурт

Стотици летови на аеродромот во Франкфурт вчера беа откажани, откако зимската бура го принуди германскиот авијациски центар накратко да ги запре полетувањата и слетувањата. „Повеќе од 300 од околу 1.000 планирани летови во четвртокот беа откажани“, изјави портпаролката на аеродромскиот оператор Фрапорт, пренесе германската агенција ДПА. Авионите пристигнуваат во Франкфурт и поаѓаат од аеродромот, но воздушниот сообраќај сè уште се опоравува...

Приземјени се 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа еден ден откако се случи инцидентот со отпаѓање на дел од патнички авион на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. Во петокот авион на „Алјаска ерлајнс“ од серијата „737-9 макс“ мораше принудно да слета по полетувањето од американската сојузна држава...

Над 3 милиони патници годинава превезени од македонските аеродроми

Преку 3 милиони патници се превезени од Меѓународниот аеродром Скопје и од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле во Охрид од почетокот на годината до денеска. Ова е нова рекордна бројка на превезени патници од домашните аеродроми, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој денеска оствари работна средба со генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт, на која се...

Европските аеродроми очекуваат повеќе патници во 2024 година отколку пред ковидот

Европските аеродроми очекуваат следната година да имаат поголем број на патници во споредба со периодот од пред ковид-19 пандемијата, пишува германската новинска агенција ДПА. По силниот годишен пораст од 11,6 отсто на бројот на патници во август, Меѓународното здружение на аеродроми во средата ја надгради својата прогноза за следната година. Бројот на патници догодина ќе биде за 1,4 отсто поголем отколку...

Одложен е штрајкот на контролата за летање, нема да има застој во авиосообраќајот

На вчерашната средба во Министерството за транспорт и врски бил постигнат договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ). „Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни“, соопштија од Владата. Барањата...

„Ер Балтик“ ќе лета од Скопје за Рига од 2 мај догодина

Летонскиот национален авиопревозник „Ер Балтик“ од 2 мај наредната година ќе започне да ја одржува авионската линија Рига-Скопје-Рига. Новата дестинација со која се поврзува македонскиот главен град е вметната во летниот ред на летање на „Ер Балтик“, а заедно со Скопје, Рига ќе биде поврзана и со Љубљана и Приштина во текот на наредното лето. На релацијата Рига-Скопје-Рига, „Ер Балтик“...

„Норвеџиан ерлајнс“ од денеска ќе лета од Осло до Скопје и обратно

ТАВ Македонија утринава со воден мост за добредојде, на меѓународниот аеродром Скопје, го пречека првиот лет на скандинавската авиокомпанија „Норвеџиан ерлајнс“ од Осло. Со авион Боинг 737, со капацитет од 189 патници, авиокомпанијата за прв пат слета во Скопје, со што го означи почетокот на комерцијалните операции на македонскиот пазар. „Од денеска ќе бидеме поврзан авионски со главниот град на...

Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер

Охрид од денеска авионски се поврзува со две нови дестинации. На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион со туристи од Манчестер, Велика Британија, а подоцна и вториот авион од аеродромот Гетвик во Лондон. Воведувањето на двете нови сезонски авиолинии од и кон охридскиот аеродром беше одбележано со воден мост и свечен пречек на туристите. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски...

Од ноќеска почнува да се применува летниот ред на летање на аеродромите

Летниот ред на летање стапува на сила од ноќеска на скопскиот и охридскиот аеродром и ќе трае до крајот на октомври годинава. Според актуелниот ред на летање, од скопскиот аеродром ќе сообраќаат 20 авиокомпании до 44 дестинации, додека од аеродромот „Св. Апостол Павле“ ќе летаат шест авиокомпании до девет дестинации. Има неколку новини за патниците кои го користат авиосообраќајот, а...

Луфтханза по една деценија повторно ќе лета до Скопје

Германската авиокомпанија Луфтханза, една од најголемите компании во бизнисот во европски и во светски рамки, кон крајот на април следната година повторно ќе лета до Скопје, соопшти компанијата на својот вебсајт. Компанијата имаше летови до Скопје во минатото, но не лета на оваа дестинација повеќе од една деценија. Луфтханза вчера го објави својот нов распоред за следното лето, којшто во однос...

Ќе се распише повик за субвенции за авиокомпаниите што сакаат да воведат летови од земјава

Владата планира да додели финансиска поддршка за авиокомпаниите кои планираат да воведат нови летови од македонските аеродроми кон странство за периодот 2023-2025 година. Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај на домашни и странски превозници и ја донесе Програмата. „Донесена...

Британска компанија претставува нова иновација на КОП26 – авионите како гориво да користат водород

Британска компанија на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) денеска ќе ја открие новата технологија што ќе овозможи авиосообраќајот да постигне нулта емисии на стакленички гасови, кои се виновник за глобалното затоплување на планетата, пишува Гардијан.  Станува збор за иновација, со која авионите ќе може да се придвижуваат на водород до 2030 година, како замена за млазното гориво...

Поради рехабилитација на пистата, скопскиот аеродром ќе работи од 17:30 до 9 часот наутро од март до мај 2022

Пистата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде подложена на рехабилитација во времетраење од 50 дена, од крајот на март до средината на мај следната година, но тоа нема да значи и затворање на скопскиот аеродром, соопшти операторот на аеродромот, компанијата ТАВ Македонија. Во периодот од 28 март до 16 мај 2022 година, на пистата ќе се работи секојдневно од 9...

Еден прекуокеански лет има климатско влијание што би можело да ја чини економијата 3.000 долари

Еден прекуокеански лет меѓу Обединетото Кралство и Њујорк на долг рок има климатско влијание што би можело да ја чини глобалната економија 3.000 долари, кои би требало да се потрошат на справување со последиците од климатската криза, пишува весникот „Гардијан“. Истражувањето за ваквите трошоци што произлегуваат од испуштањето на штетните емисии на стакленички гасови е изработено од експерти од Универзитетот...

Македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава со речиси 400.000 патници

Низ портите на двата македонски аеродрома во периодот јануари-јуни 2021 година минале 393.391 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Притоа, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се регистрирани вкупно 19.502 патници, додека воздухопловниот превоз на Меѓународниот аеродром Скопје во првото полугодие се состоел од 373.889 патници. Со олабавувањето на рестриктивните мерки и намалувањето на бројот на активни случаи...

Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава

Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...

„Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе лета меѓу Скопје и Москва

Руската чартер авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ на 21 мај ќе започне со летови меѓу Скопје и Москва. Летовите ќе се одржуваат еднаш неделно, секој петок, соопштија од авиокомпанијата. Воздухопловната врска ќе се воспостави со московскиот аеродром „Шереметјево“, а авиокомпанијата на оваа линија ќе користи авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. На веб-страницата на авиокомпанијата веќе можат да се...

Франција ќе забрани домашни летови до градовите кои се меѓусебно поврзани со воз

Француските пратеници изгласаа забрана на летови во домашниот воздухопловен превоз помеѓу градови за кои патувањето може да се изврши со патнички воз во времетраење од максимум 2 и пол часа, јавува Гардијан. Како дел од мерките за заштита на животната средина и климата, на авиокомпаниите ќе им се забрани да летаат меѓу дестинациите како што се Париз-Нант, Париз-Лион и...

Грција од 5 април ги укинува ограничувањата за летови со нашата земја, Албанија и Турција

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопшти дека од 5 април ги укинува рестрикциите за летови меѓу Грција и Северна Македонија, Албанија и Турција. Летовите од земјава од овој датум ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше случај до сега. Во меѓувреме, Грција ги продолжува ограничувањата за воздухопловните врски во рамките...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...