Утре во Скопје ќе се прска против комарци


Скопје, 30 август, 2018 - 10:55 (META) 

Градот Скопје соопшти дека третата фаза прскање против ларви од комарци од авион и од земја ќе се изврши утре, 31 август, додека четвртата фаза од прскањето од земја против возрасни форми на комарци ќе почне в понеделник, а ќе заврши најдоцна в петок.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и прскањето од земја.

Град Скопје ги повика пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Шилегов: Проблемот со комарците е поради лошото време, но интензивно реагиравме


Скопје, 14 август, 2018 - 13:06 (META) 

Неповолното време го создаде проблемот со комарците, но интензивно реагиравме, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов, уверувајќи дека средството кое се користи при прскањето на комарците во главниот град не влијае на здравјето на луѓето.

– Препаратот кој го користевме годинава не влијае врз општото здравје на луѓето и малку или минимално влијае на остатокот од живиот свет. Исклучиво ги третира комарците и останатите инсекти кои се јавуваат како штетни инсекти во овој период – изјави Шилегов.

Тој вели дека годинава климатските услови, односно врнежливото лето, придонеле интензивно да се појават комарците.

– Годинава имавме климатски услови што придонесоа толку да се појават комарците. И на 1 јули температурата беше 18 степени и имаше врнежи. Имавме долг врнежлив период, врнежливо лето и наглото затоплување и сушење всушност претставува основа за интензивно зголемување, расплодување на комарците. Поради таквата масовна појава, иако претходно веќе двапати беа третирани комарците, дадовме интензитет со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните. Интензивното прскање во изминатите четири дена придонесе таа експанзија на комарците да прекине – рече Шилегов.

Тој рече дека се прскало кога тоа го дозволувале климатските услови, односно најмалку три дена без врнежи и потоа и следните два дена да бидат без врнежи за да не се измие средството кое се употребува.

– Ние не можеме да ги предвидуваме природните појави, ниту временските услови, но можеме соодветно да реагираме. Соодветната реакција на градот беше со интензивирање на прскањето против комарци – рече скопскиот градоначалник.


Прскање против комарци во Скопје в сабота и в понеделник


Скопје, 12 јули, 2018 - 17:00 (META) 

Град Скопје соопшти дека в сабота во раните утрински часови на подрачјето на Скопје, ќе се врши авионско прскање против ларви од комарци.

В понеделник пак, во текот на денот ќе се врши прскање од земја.

Доколку условите не дозволуваат прскање в сабота и в понеделник, тоа ќе се изврши во првиот погоден ден, во истите термини.

Од Град Скопје ги предупредуваат пчеларите навреме да ги заштитат своите пчели.


Авионски ќе се прска против комарци во Скопје утре и задутре


Скопје, 17 август, 2017 - 10:38 (META) 

Град Скопје извести дека утре и в сабота во раните утрински часови на територијата на Скопје ќе се врши авионско прскање против комарци.

Доколку не дозволуваат временските услови, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредува градската управа на Скопје.