fbpx
Таг: авионски летови

таг: авионски летови

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе засегне 50.000 патници. Поради ова, откажани се 24 летови од Виена до градовите во земјите од регионот што требаше да се реализираат овие два дена, објави интернет-страницата „exyuaviation.com“. Откажани се шест лета...

Само „Визер“ и „Луфтханза“ побарале субвенции за нови авионски линии од Скопје и Охрид

Авиокомпаниите „Визер“ и „Луфтханза“ се единствените што се јавиле на повикот на македонското Министерство за транспорт и врски за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, соопшти министерството. Отворањето на барањата за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се случило денеска во просториите на министерството. Јавниот повик траеше...

Приземјени сите летови во САД поради дефект на системот за контрола на лет

Сите домашни летови во САД беа приземјени неколку часа поради дефект со системот за контрола на летот, јавија светските медиуми. Американската Федерална управа за авијација соопшти дека настанал проблем со системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности за време на летовите, критичен систем за воздухопловната безбедност. „Гардијан“ јави дека биле одложени повеќе од 2.500 летови во, кон или надвор од...

Авионскиот режим станува минато, ЕУ ќе дозволи повици за време на летовите

Патниците кои летаат со авиокомпаниите во Европската унија (ЕУ) наскоро ќе можат целосно да ги користат своите телефони додека се на небото, откако Европската комисија (ЕК) воведе правило со кое авиокомпаниите можат да обезбедат 5Г технологија во авионите. Би-би-си пишува дека луѓето што летаат со авион сега ќе можат да ги користат сите функции на телефонот во текот на летот,...

Еден прекуокеански лет има климатско влијание што би можело да ја чини економијата 3.000 долари

Еден прекуокеански лет меѓу Обединетото Кралство и Њујорк на долг рок има климатско влијание што би можело да ја чини глобалната економија 3.000 долари, кои би требало да се потрошат на справување со последиците од климатската криза, пишува весникот „Гардијан“. Истражувањето за ваквите трошоци што произлегуваат од испуштањето на штетните емисии на стакленички гасови е изработено од експерти од Универзитетот...

Авиокомпаниите ги прекинуваат летовите над Белорусија, ЕУ го затвора небото за белоруски авиони

Европските лидери, покрај вчерашната одлука за нови санкции за Белорусија, ја повикаа авиоиндустријата да го избегнува воздушниот простор за авионите над таа земја и истовремено ги забранија летовите на белоруските авиокомпании над воздушниот простор на ЕУ. Потегот на ЕУ е одговор на присилното слетување на летот на „Рајанер“, од Атина до Вилнус, во Минск на 23 мај и притворањето...

Франција ќе забрани домашни летови до градовите кои се меѓусебно поврзани со воз

Француските пратеници изгласаа забрана на летови во домашниот воздухопловен превоз помеѓу градови за кои патувањето може да се изврши со патнички воз во времетраење од максимум 2 и пол часа, јавува Гардијан. Како дел од мерките за заштита на животната средина и климата, на авиокомпаниите ќе им се забрани да летаат меѓу дестинациите како што се Париз-Нант, Париз-Лион и...

„Ејжиан ерлајнс“ од 15 февруари повторно ќе лета меѓу Атина и Скопје

Грчката авиокомпанија „Ејжиан ерлајнс“ планира повторно да ја воспостави авиолинијата меѓу Атина и Скопје од 15 февруари годинава. Летовите ќе се одржуваат два пати неделно, а авионските билети веќе се пуштени во продажба на веб-страницата на оваа авиокомпанија. Плановите се авиолинијата меѓу двата града да се одржува со авионот АТР-42 со 48 седишта. Резервацијата за билети може да се направи...

Авиосообраќајот профункционира во јули, но бројот на патници драстично е намален (инфографик)

Воздухопловниот превоз од двата македонски аеродрома беше воспоставен во јули за прв пат од почетокот на корона кризата во нашата земја, но малку граѓани го користеле авиосообраќајот за патувања изминатиот месец. Државниот завод за статистика во јули 2020 година регистрирал вкупно 63.448 патници од аеродромите во Скопје и Охрид, што е за над 228.000 патници помалку во споредба со...

Грчката авиокомпанија „Ејџиан“ ги прекинува летовите меѓу Атина и Скопје на неодредено време

Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ ги прекина летовите меѓу Скопје и Атина на неодредено време. По затворањето на Меѓународниот аеродром Скопје кон средината на март годинава, од компанијата најпрво излегоа со официјален став дека летовите ќе ги возобноват на почетокот од септември годинава, но во меѓувреме одлуката за летовите меѓу двата главни града е променета, пишува „Ex-Yu Aviation News“. Скопје како...

Аеродромите во јуни со само 36 патници, поради короната досега изгубени над 720.000 патници (инфографик)

Со само 36 превезени патници во текот на јуни 2020 година, македонските аеродроми поради ковид-19 минатиот месец срушија неславен рекорд во историјата на авиосообраќајот на земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека пандемијата со корона вирусот во првите шест месеци од годинава довела до губење на 727.930 патници во споредба со првото полугодие од минатата година. На аеродромите...

Австрија од четврток ги забранува сите летови од Виена и Салцбург кон Македонија и 9 други земји

Министерството за здравство на Австрија ја прошири листата на земји од кои е забрането да пристигнуваат летови на австриските аеродроми. Од четврток, 16 јули, Австрија ги стопира сите летови од и кон сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, а на листата се вклучени и Бугарија, Романија, Молдавија и Египет. На проширената листа од 18 земји веќе...

Летовите и автобусите кон странство профункционираа, но само до дел од дестинациите

Со летовите на „Туркиш ерлајнс“, „Пегасус“, „Германија“, „Еделвајс“ и „Виз ер“, од 1 јули повторно ќе профункционира Меѓународниот аеродром Скопје, додека „Германија“ и „Виз ер“ од овој датум ќе почнат да летаат и од Охрид. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој денеска извршија обиколка на скопскиот...

Македонските аеродроми поради корона кризата досега изгубија над 720.000 патници (инфографик)

Растат штетите од корона вирусот во ависообраќајот од двата македонски аеродрома. Како последица на нивното затворање за да се спречи ширењето на ковид-19 во земјава, во мај 2020 година биле превезени само 849 патници, наспроти бројката од 219.141 патник што минале низ скопскиот и охридскиот аеродром во мај 2019 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од...

Аеродромите во земјава не се очекува да бидат отворени пред 15 јуни

Директорот за Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев смета дека не треба да се очекува аеродромите во земјава да бидат отворени пред 15 јуни. Моментално во земјава, бројот на летови во споредба со претходната година е само 7 до 10 отсто и во нив се опфатени воените летови, специјалните медицински, државните, хуманитарните летови и летовите за репатриација на државјаните...

Корона кризата доведе македонските аеродроми да изгубат половина милион патници

Корона вирусот и неговото четиримесечно ширење во нашата земја нанесува сериозни штети по авиосообраќајот. Поради одлуката на 18 март да се затворат двата аеродрома како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19 во Македонија, до крајот на мај биле изгубени околу половина милион патници во авиосообраќајот. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април 2020 воздухопловниот превоз...

Короната го урна ависообраќајот – за два месеца „изгубени“ 300.000 патници (инфографик)

Затворањето на македонските аеродроми заради спречување на ширењето на корона вирусот веќе предизвика значајни штети во авиосообраќајот во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека низ двата аеродрома во првиот квартал од годинава минале 429.869 патници, односно за над 50.000 помалку во споредба со идентичниот период лани. Бројот на патници во првите три месеци од годинава е...

„Адриа ервејз“ банкротираше, Скопје останува без директни летови за Љубљана

„Адриа Ервејз“ вчера банкротираше и го остави Меѓународниот аеродром Скопје без двата дневни лета за и од Љубљана. Раководството на авиокомпанијата објави дека пред судот во Крањ е отворена стечајна постапка, а судот ќе донесе пресуда за побарувањата во рок од три дена. Во исто време, словенечката влада ги отпочна преговорите со „Луфтханза“ за преземање на дел од летовите на...

Сугарески се пофали со 188 милиони евра грантови обезбедени за 100 дена

За само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови - неповратни средства за подобрување на патната, железничката и на комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во своето обраќање до јавноста по повод 100 дена на функцијата. Тој рече дека би можел со часови да зборува за ситуацијата што го затекнала него и неговиот...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...