!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Индонезија: Падот на „ербасот“ е предизвикан од механички дефект


Џакарта, 1 декември, 2015 - 13:51 (META) 

Минатогодишната авионска несреќа, во која авион на „Ер Азија“ во декември се урна во Јаванско Море во Индонезија, при што загинаа 162 лица, во најголема мера е последица на механички дефект на управувачкиот систем на „ербас A320-200“, соопштија денеска индонезиските истражители во завршниот извештај.

Поради повеќекратните проблеми со управувачкиот систем, пилотите, во особено лоши временски услови, го исклучиле автоматскиот пилот за да се справат со проблемите. Потоа изгубиле контрола над леталото, соопшти Националниот одбор за сигурност во сообраќајот.
„ЕрбасA320-200“, кој на 28 декември 2014 година, од индонезискиот град Сурабај полета кон Сингапур, а исчезнал од радарите половина час по полетувањето откако побарал дозвола за зголемување на висината поради лошите метеоролошки услови.


Во странство ќе се анализира снимката од рускиот авион


Каиро, 13 ноември, 2015 - 15:10 (META) 

Египетскиот министер за авиосообраќај, Хосам Камал, денеска изјави дека во странство ќе бидат анализирани последните секунди од снимката од пилотската кабина на рускиот патнички авион, кој на 31 октомври се урна на Синај.

– Снимката треба да биде анализирана со користење технологија каква што не постои во повеќето земји – рече Камал.

Во истрагата за падот на авионот, во кој загинаа 224 лица, учествуваат експерти од Египет, Русија, Франција, Германија и од Ирска.


Во Санкт Петерсбург погреб на жртвите од авионската несреќа во Египет


Санкт Петерсбург, 8 ноември, 2015 - 10:55 (META) 

Во Санкт Петерсбург денеска ќе бидат погребани жртвите од авионот „ербас А321“ на руската авиокомпанија „Когалимавиа“, кој се урна во египетскиот дел на Синај.

Камбаните на црквата „Исакијевски собир“ ќе се огласат 224 пати во чест за 217 патници и седумте членови на екипажот кои загинаа пред девет дена на враќање од летувањето во екипетски Шарм ел Шеик.

Од црквата информираат дека службата по повод погребот ќе биде отворена за сите жители на Санкт Петерсбург. Црковниот хор со запалени свеќи ќе отпее музички дела во траење од 30 минути.

Другите меморијални настани за жртвите на авионската несреќа ќе траат цела недела и сите свештеници на епархијата во Санкт Петерсбург ќе спроведуваат обреди.