fbpx
Таг: авиони

таг: авиони

САД сакаат да наплатат 7,5 милијарди евра од царини за производите од ЕУ

Се заострува трговскиот конфликт меѓу САД и ЕУ по донесената пресуда на Светската трговска организација (СТО) со која ЕУ е прогласена за виновна поради тоа што го илегално го субвенционирала европскиот производител на авиони „Ербас“. Веднаш по одлуката на СТО, американските власти воведоа царини во висина од 7,5 милијарди евра за производите од ЕУ. Меѓу бројните европски производи што ќе...

Грција направи тест-летови, а не летови за заштита на македонското небо

Во големиот број вести објавени вчера, па и денеска, во бугарските медиуми за вчерашните тест-летови на грчки воени авиони - ловци на небото над Македонија, заради испитување на комуникациите и радарското покривање, речиси сите без еден ги пренесоа коректно фактите и во насловите и во текстовите.Сите напоменуваа дека станува збор за подготовки за заштита на небото над Македонија како...

Закани за бомби принудно слетаа девет авиони во Јужна Америка и Грција

Девет авиони итно ги променија рутите откако авиокомпании во Јужна Америка и Грција добиле закани за бомби. По истрагата е откриено дека нема експлозиви. Целиот инцидент следувал по добиени закани до различни авиокомпании и цивилните авијациски власти, а полицијата се обидува да го дознае нивното потекло, пишуваат странските медиуми. „Отсекогаш сме наоѓале по некој напуштен куфер или торба, но ова...

Викендов прво авионско прскање против комарци

Првото авионско прскање против комарци на територијата на Град Скопје ќе се одвива во сабота и недела во раните утрински часови, информираат од градската администрација. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита...

„Ербас“ се закани дека ќе го напушти производството во Велика Британија

Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се закани дека ќе ја напушти Велика Британија доколку таа се одвои од Европска унија без постигнат договор за идните трговски односи. Компанијата која вработува 14.000 луѓе на 25 локации во Велика Британија соопшти дека ќе ги преиспита своите инвестиции во Велика Британија, како и својот иден престој во земјата доколку не биде постигнат трговски...

Четворица загинати во судир во воздух на хеликоптер и авион во Германија

Во страотна воздухопловна несреќа што се случи во Германија, кога во градот Филипсбург се судриле хеликоптер за итна помош и мал авион, четири лица ги загубиле животите. Несреќата се случила денеска во регионот Карлсруе во покраината Баден-Виртемберг, во близина на нуклеарна централа, а причините за судирот во воздух засега се непознати.

1,2 милиони патници од Македонија летале со „Виз-ер“

„Виз ер“, лани  превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20 проценти на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии. Лани, компанијата ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од Скопје до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо. - Како авиокомпанија со најголем удел во патничкиот авиосообраќај, очекуваме...

Тунис им забрани на авиокомпаниите од ОАЕ да слетуваат на туниска територија

Тунис им забрани на авиокомпаниите од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), нивните авиони да слетуваат на туниска територија, соопшти денеска Министерството за сообраќај на Тунис. Забраната следува два дена откако, туниската влада соопшти дека ОАЕ им забраниле на Тунижанките да слетуваат на нивна територија или ОАЕ да ја користат како транзитна земја, пренесуваат светските медиуми. Од Министерство за сообраќај на Тунис велат...

1,6 милиони патници патувале преку двата аеродрома во првите девет месеци

Вкупно 1,6 милиони патници патувале преку двата аеродрома, „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“, во првите девет месеци од 2017 година, што претставува годишен пораст од 12 проценти споредено со истиот период лани, известуваат од „ТАВ Македонија“. Двата аеродрома од јануари до септември, опслужиле вкупно 13.752 летови, што е зголемување за 6 проценти на годишно ниво. Според статистиките на „ТАВ Македонија“ за патничкиот...

Американскиот секретар за здравство, љубител на луксузни авиони, поднесе оставка

Секретарот за здравство и социјална заштита на САД, Том Прајс поднесе оставка откако беше покрената истрага за неговите патувања со скапи чартер летови, кои го налутија претседателот Доналд Трамп. „Секретарот за здравство и социјална заштита Том Прајс ја понуди оставката и претседателот ја прифати“, се наведува во соопштението на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс. Изјавата ја дадоа помалку од...

На двата аеродроми, зголемен број на патници за 10,5 отсто во однос на лани

Од двата аеродроми во Македонија, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, од јануари до август годинава превезени се вкупно 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5 проценти споредено со истиот период лани, информираат од Министерство за транспорт и врски. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во истиот период биле регистрирани вкупно 1.223.630 патници, што во споредба со...

Беснее пожар на планината Ловќен, во опасност е мавзолејот на Његош

На планината Ловќен во Црна Гора, неколку дена беснее пожар, а од утринава ситуацијата е критична бидејќи огнената стихија се приближува кон мавзолејот на Петар Петровиќ- Његош, кој се наоѓа на врвот на планината, јавуваат црногорските медиуми. Во гаснењето на пожарот пристигнала и војската, како и хеликоптери и авиони на Министерството за внатрешни работи. Огнот е проширен на целата планина, а...

Активни пожарите во Чашка, Македонски Брод и во Маврово – Ростуше

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во 12 часот се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово - Ростуше. Ангажирани се два авиона, хеликоптери, 40 лица преку ДЗС во координација со „Македонски шуми“, како и месно население. Во Чашка пожарот е кај селото Богомила, местото Бела Вода и во Урбанци, село Дреново. Пожарот е на терен...

СДСМ: Сите надлежни институции се на терен за побргу да се изгаснат пожарите

Криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставија нефункционален систем за справување со кризни ситуации, застарена и запуштена механизација и стара и дотраена опрема во службите задолжени за заштита, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека дури и авионите за гаснење на пожар не биле функционални сè до...

Се разгоруваат пожарите на многу места во земјава, изгореа четири куќи

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата со шумските пожари е алармантна и на многу места во земјава пожарите се разгоруваат. Во селото Могилец целосно изгореле четири куќи, а една е делумно оштетена. Како што извести „ЕВН Македонија“, поради големите пожари во Богомила, Ореше, Папрадиште, како и планинарски дом Чеплес, сите корисници на општина Чашка ќе...

Шпански и фински авиони пресретнале руски летала кај Естонија

Шпански и фински борбени авиони пресретнале три руски авиона кои летале во близина на воздушниот простор на Естонија, соопшти НАТО. Руските летала се идентификувани како два авиона „миг-31“ и еден транспортен авион „антонов АН-26“, додава НАТО. За пресретнувањето полетале два шпански авиона „Ф-18“ од воздухопловната база Амари во Естонија, како и фински авиони. Последниве години зголемен е бројот на руски авиони што се пресретнати...

Два авиона принудно слетаа во Букурешт

Претставници на романскиот аеродром денеска соопштија дека авиони на компаниите „КЛМ“ и „Скандинавијан ерлајнс“ принудно слетале на меѓународниот аеродром во Букурешт. Летот на компанијата „КЛМ“ од Кувајт до Амстердам слетал рано утринава откако еден од моторите на авионот почнал да испушта поголемо количество бензин. Авионот на „Скандинавијан ерлајнс“ од Копенхаген до Родос побарал итно слетување затоа што еден од патниците имал...

САД ја укинаа забраната за внесување електронски уреди на летовите од Турција

Тримесечната забрана за внесување електронски уреди на летовите од Турција кон САД е укината денеска, јави приватната турска новинска агенција „Доган“. Како што јавува агенцијата, турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ утринава примил патници со електронски уреди на летот од Истанбул за Њујорк. САД претходно ја укинаа забраната за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди за патниците на авиокомпанијата „Етихад ервејз“ кој лета од Абу...

Во Охрид пристигнаа полски туристи со првиот чартер-лет од Катовице

„ТАВ Македонија“ утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу „ТАВ Аеродроми“ и еден од најголемите полски тур-оператори „Рего-бис“. Првиот чартер-лет, управуван од полската авиокомпанија „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines), пристигна од Катовице и донесе 220 полски туристи во Охрид. - Ќе имаме еден чартер-лет неделно, односно секој...

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...