fbpx
Таг: авиолинија

таг: авиолинија

„Визер“ со нов лет Скопје-Салцбург од април 2024 година

Авиокомпанијата Визер (Wizz Air) денеска објави дека ќе отвори нова линија од Скопје до Салцбург, Австрија. Планирано e да започне во април 2024 година, преку целата година. Летови ќе има три пати неделно, во понеделник, среда и во петок. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на компанијата. „Со задоволство воведуваме нова рута до Салцбург од Скопје. Северна...

Од 12 мај се воведува нова авиолинија Скопје-Сплит

Хрватскиот национален превозник, „Кроација ерлајнс“ ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје – Сплит, од 12 мај годинава, најави ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит. „Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври...

„Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе лета меѓу Скопје и Москва

Руската чартер авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ на 21 мај ќе започне со летови меѓу Скопје и Москва. Летовите ќе се одржуваат еднаш неделно, секој петок, соопштија од авиокомпанијата. Воздухопловната врска ќе се воспостави со московскиот аеродром „Шереметјево“, а авиокомпанијата на оваа линија ќе користи авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. На веб-страницата на авиокомпанијата веќе можат да се...

Воведена директна авионска линија Скопје – Варшава

Денеска се воспостави нова авиолинија Варшава - Скопје - Варшава која ја реализира „ЛОТ-Полиш ерлјанс“, шест пати неделно. Просечната цена на повратен билет изнесува 120 евра. Со оваа линија ќе се овозможи конекција од Варшава до повеќе дестинации во Источна и Западна Европа, Скандинавија, САД и Канада. „Со новата авиолинија Варшава – Скопје – Варшава создаваме можност за зајакнување на економските...

„Виз ер“ ќе воведе авиолинија Охрид – Виена

„ТАВ Македонија“ и ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ најавија нова авиолинија од Охрид до Виена од 15 ноември. Летовите ќе бидат три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела со цени на картите од 1.199 денари. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој изјави дека Виена како дестинација ќе биде четврта по ред авиолинија од Охрид што ќе сообраќа во текот на...

Компанијата „Аркиа“ заинтересирана за воведување на авиолинија Скопје – Тел Авив

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници од авиокомпанијата „Аркиа“ од Израел. На средбата се разговарало за воспоставување на нова линија на релација Скопје -Тел Авив. Министерот Сугарески ги презентирал можностите и условите што државата ги нуди за авиокомпании заинтересирани да оперираат од домашните аеродроми. - Тие ги презентираа плановите за ширење на нивната мрежа и во...

Денеска се воспоставува авиолинијата Белград – Охрид

Официјалниот почеток на авионските летови на линијата Белград - Охрид ќе се означи денеска со слетувањето на првиот авион на „Ер Србија“. Со воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да се придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции. Исто така,...

Се обновува редовната авиолинија Скопје-Прага

„Чех ерланјс“ ќе лета Скопје-Прага-Скопје двапати неделно со што по пауза од четири години се обновува редовната линија. Летовите од Скопје ќе бидат понеделник и петок во раните утрински часови, а од Прага се четврток и недела, навечер. Од 28 јуни компанијата ќе додаде уште еден термин така што фрекфенцијата до и од претстолнината на Чешка ќе биде трипати...

Од октомври директна авиолинија Скопје – Доха

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ најавува директна авиолинија Скопје - Доха од октомври годинава. Официјален допис за новиот лет, авиокомпанијата доставила вчера до македонското Министерство за транспорт и врски. Ресорниот министер Владо Мисајловски денеска изјави дека деталите за летот ќе ги промовира авиокомпанијата и оти очекува од октомври да се реализира најавата. – Сакам да се заблагодарам на амбасадорот на Катар и на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...