fbpx
Таг: Авганистан

таг: Авганистан

Фоторепортерот на „Ројтерс“ Даниш Сидики загина оставен од авганистанските војници

Неполн месец потрајала најновата задача на Даниш Сидики, фоторепортер на „Ројтерс“ - од моментот кога се пријавил да ги покрива борбите на авганистанските безбедносни сили со Талибанците кои полека освојуваа територии во Авганистан во јуни, до средината на јули - кога Сидики загинува од куршумите на Талибанците со уште двајца авганистански војници. И Сидики и војниците биле оставени назад...

Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“. Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната порта на аеродромот, а нема...

Талибанците влегуваат по домови и бараат соработници на НАТО и на досегашната влада на Авганистан

Според документ од Обединетите Нации, Талибанците во Авганистан ги засилиле своите потраги по луѓе што работеле за силите на НАТО и на доскорешната влада на Авганистан. Милитантите одат од врата на врата за да ги најдат луѓето од списоците и се закануваат на нивните семејства, пренесува Би-Би-Си. Од преземањето на контролата над земјата во неделата исламистичкото движење ги убедуваше Авганистанците...

До крајот на неделава ќе пристигнат 450 Авганистанци за привремено прибежиште

Душко Арсовски Муамет Хоџа фото : Влада на РСМ
Најголемиот дел од 450-те граѓани од Авганистан се очекува да пристигнат со организирани авионски летови до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул. Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени и жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и...

Хелсиншки комитет повикува да не се шират дезинформации за бегалците од Авганистан

Хуманитарната криза во Авганистан и владината најава за привремено прифаќање на бегалци од оваа земја очекувано е проследена со интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните. Изминативе години, особено за време на бегалската криза во периодот 2015-2017, дезинформациските кампањи поврзани со бегалците и мигрантите беа постојано присутни во јавниот дискурс. Иако реалноста целосно ги...

Борел: ЕУ ќе разговара со Талбанците за да се спречи „миграциска криза“

ЕУ ќе се вклучи во дијалог со Талибанците во Авганистан за да се спречи „хуманитарна и потенцијално миграциска криза“, порача еврокомесарот Жозеп Борел вчеравечер по итната видеоконференција на 27-те министри за надворешни работи од земјите членки. Борел рече дека фокусот на дијалогот ќе биде да се спречи Авганистан да стане „гнездо на странски терористи“. „Ние мора да контактираме со властите...

МНР: Сите македонски државјани пријавени за евакуација го напуштија Кабул

Сите македнски државјани што беа пријавени за евакуација, веќе го имаат напуштено Кабул, главниот град на Авганистан и во моментов се наоѓаат на неколку локации, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон...

Владата апелира да не се шират дезинформации за „населување со Талибанци од Авганистан“

Во овој момент Владата на Република Северна Македонија има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките...

МВР демантира: Прифатниот центар во Гази Баба нема да се користи за бегалците од Авганистан

Министерството за внатрешни работи (МВР) „најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил“. Како што порачаа од МВР, всушност станува збор за преселување на Прифатниот центар за странци во близина на Бардовци. Користениот статус на министерот Спасовски е во...

Фејсбук забрани содржини кои ги поддржуваат и промовираат талибанците

„Фејсбук“ соопшти дека го забранува присуството на талибанците, како и секоја содржина која го промовира нивното движење на платформата, бидејќи смета дека групата е терористичка организација. Компанијата вели дека има тим од авганистански експерти кои ги разбираат локалните проблеми во Авганистан и ги надгледуваат и отстрануваат содржините поврзани со групата. Талибанците со години ги користат социјалните мрежи за да ги шират...

Османи: Шеесет наши државјани веќе се евакуирани од Авганистан

Педесетина граѓани на Северна Македонија во текот на ноќта и изутрината се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а утрово уште 19 наши граѓани се превезени за Доха, Катар, а потоа со цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава. Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, во НАТО базата...

ЕУобсервер: Случувањата во Авганистан ги вратија стравувањата од мигрантите во Европа

Министрите за надворешни работи од ЕУ ќе се соберат на итен виртуелен состанок денеска за да дискутираат за безбедносната состојба и миграциите, во време кога во Европа се засилуваат стравувањата од нов бран бегалци од Авганистан, откако Талибанците ја презедоа власта врз државата, пишува „ЕУобсервер“. Неколку членки на ЕУ се загрижени дека доаѓањето на власт на Талибанците ќе предизвика реприза...

Хаос на аеродромот во Кабул, цивили се обидуваат да се качат на воените авиони за евакуација

На аеродромот во Кабул има голем метеж со стотици Авганистанци на и околу пистите, кои се надеваат дека ќе успеат да се качат на некои од авионите, воени или цивилни, што би полетале по воените авиони со кои се врши евакуација на персонал на амбасади и на некои организации, јави Би-Би-Си. Медиумот објави видео со десетици мажи што трчаат по...

Влада: Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни

Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација, Северна Македонија се приклучува на глобалната хуманитарна мисија за спас на локалното население, соопшти Владата, нагласувајќи дека со внимателност ја следи ситуацијата во Авганистан и е во постојана координација со сојузничките држави од НАТО Алијансата, а првенствено со САД. Владата е во директна комуникација со...

Талибанците ја прогласија војната за завршена, по претседателот на Авганистан, заминуваат и дипломатите

Талибанците ја прогласија за завршена војната во Авганистан по преземањето на претседателската палата, откако претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. Припадниците на исламистичкото движење вчера влегоа во Кабул без да наидат речиси на никаков отпор, а Гани замина велејќи дека сака да избегне крвопролевање. Според најновите информации, тој сега се наоѓа во Оман. Во меѓувреме стотици Авганистанци се обидуваат...

МНР: Околу 100 македонски државјани во Авганистан, досега нема барања за евакуација

Во изминативе 24 часа, на дежурните телефони во Министерството за надворешни работи (МНР )пријавени се неколку граѓани кои имаат свои роднини и/или пријатели во Авганистан, кои покажале интерес за состојбите во Авганистан, за напорите на МНР, но притоа не е побарана асистенција за нивно извлекување, соопшти министерството попладнево. Околу 100 македонски државјани се на безбедни локации и веќе се договорени...

Талибанците околу Кабул, за неколку часа мирно ќе ја преземат власта над Авганистан

Според авганистанската телевизија „1 ТВ Њус“, во претседателската палата во Кабул се одвиваат преговорите на Талибанците, кои веќе навлегуваат во главниот град на Авганистан, и авганистанската влада и претседател за мирно примопредавање на власта во следните неколку часа. Талибанците веќе контролираат 90 отсто од територијата на Авганистан и сите гранични премини. Во Кабул, иако нема известувања за посериозни борби, огромен...

Прво обраќање на авганистанскиот претседател до нацијата по напредокот на талибанските сили

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани одржа краток говор пред нацијата во кој порача дека целиот фокус го става на избегнување на понатамошна нестабилност, како што талибанците напредуваат брзо и се наближуваат кон главниот град Кабул, соопшти „Си-ен-ен“. Во говорот, претседателот Гани вели дека во тек се консултации со авганистанските лидери и меѓународните сојузници за да се спречи понатамошно уништување. Иднината на...

Жестоки борби меѓу Талибанците и авганистанската војска за три големи градови

Талибанските сили и авганистанската војска започнаа жестока битка во западниот и јужниот дел на Авганистан, јавува Би-би-си. Талибанците напредуваат кон градовите Лашкар Гах, Херат и Кандахар и во моментов се водат борби во нивните предградија. Кандахар е вториот град по големина во Авганистан, додека Херат е третото по големина населено место во оваа азиска земја. Талибанците во изминатиов период напредуваат...

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две децении долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во касарната „Илинден“ се одржа свечена церемонија на која...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...