fbpx
Таг: аутизам

таг: аутизам

Антиваксерска објава со куп невистини обвинува за сатанизам

Вакцините не содржат графен оксид, чипови, антифриз, не ја менуваат ДНК на личноста, ниту пак, некој ги условува граѓаните да примат вакцина, туку тоа е резултат на добра волја на граѓанинот кој сака да се вакцинира. Во објавата се изнесува и невистина дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам, што е отфрлено од медицинската и научната заедница како лага. Наспроти изнесеното...

Мајка на дете со аутизам бара училиштата да имаат сензорни соби и вработените да се обучат

Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФПЗ) да биде подостапна за родителите на деца со аутизам, да има поголем буџет за наставните асистенти, а на локално ниво училиштата да имаат сензорни соби и обуки за вработените во училиштата, се главните пораки што ги пренесува за Порталб.мк Ана Арсовска Анѓелеска како родител на дете со аутизам. За да научиме повеќе...

Антиваксерска објава неточно ги поврзува вакцините со аутизмот

Објавата ја шири добропознатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Оваа манипулативна објава, исто така,...

Мета факт: Дневниот центар за деца со аутизам во Кочани остана само предизборно ветување

Не е изграден Дневниот центар за деца со аутизам со Кочани што во својата предизборна програма го најави актуелниот кочански градоначалник. Ова ветување на градоначалникот Љупчо Папазов, и покрај тоа што рокот истекува, е неисполнето. Во својата предизборна програма за Локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов,...

Амишите се вакцинираат и не се поштедени од канцер или аутизам

Стив Кирш, кој говори во видеото од постот, самиот за Асошиејтед Прес кажал дека за неговото излагање пред сенатот во Пенсилванија немал најдено какви било медицински студии, туку само го кажал своето лично искуство дека меѓу Амишите не можел да најде лица кои страдаат од канцер, дијабетес, аутизам, автоимуни болести… Но, и самиот вели дека тоа не значи оти...

Не е точно дека не постојат аутистични деца кои не се вакцинирани

Не постојат докази кои го поврзуваат појавувањето на аутизам кај децата и вакцините. Бројни студии се направени за споредба на процентот на деца со аутизам помеѓу тие кои се вакцинирани и невакцинираните деца, а резултатите покажуваат дека нема разлики во процентот. Едно истражување спроведено во САД покажува дека децата со аутизам и нивните браќа и сестри примиле помалку вакцини...

Вистиномер: Неверодостојна приказна за дете со аутизам, се користи за да се собираат лајкови на Фејсбук

Во написот пишува дека мајката и девојчето со аутизам сакале да се симнат на постојката пред главна пошта, меѓутоа, спротивно на изнесеното, автобусот број 23 на ЈСП воопшто не поминува кај главната пошта, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува напис, во којшто се раскажува приказна...

Нова епизода на „Шорткат“: Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите!

Во новото издание на „Шорткат“ информираме за книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на Аниса Ејуп Беќировиќ, мајка на 15-годишното момче со нискофунцкионален аутизам Адам. Во книгата што ја подготвува, Аниса го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. За тоа какви им се секојдевијата, каков е  германскиот образовен ситем од кој Адам е...

Меѓународен ден на лицата со попреченост: „Не ме викај аутист, моето име е Адам“

Аниса Ејуп Беќировиќ е мајка на петнаесетгодишното момче Адам кој има нискофункционален аутизам, како и на седумгодишниот Роман кој е дете со типичен развој. „Не ме викај аутист - моето име е Адам“ е насловот на новата книга што таа ја подготвува, а која го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. По повод денешниот Меѓународен ден на...

Промовиран двојазичниот прирачник „Живот со аутизам-Предизвици и стратегии за поддршка“

Двојазичниот прирачник за семејствата на деца со аутистичен спектар на нарушување: „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“, денеска беше промовиран во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Целта е со прирачникот да се подигне јавната свест за да се влијае врз промената на ставовите на луѓето кон лицата кои се различни, како и создавање на еднакви можности...

Разобличување на дезинформациите дека вакцините содржат состојки кои се штетни за човековото здравје

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Во Охрид отворен Регионалниот центар за рани интервенции и третман кај деца со аутизам

Од денес во Охрид започна да функционира регионалниот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар. Центарот е сместен во просториите на Општа болница – Охрид, а е опремен со најсовремена соодветна опрема која ги опфаќа сите потреби на децата, од психолошки развој до социјализација. Во име на општина Охрид, претседателката на Советот на општината,...

Аутизмот не е поврзан со MРП вакцината, покажува најновата голема студија

Вакцината МРП за морбили, рубеола и паротитис не го зголемува ризикот од аутизам, ниту предизвикува аутизам кај децата, покажува најновата голема студија спроведена на 650.000 деца, објави британски „Гардијан“. Истражувачите го користеле пописот на населението, за да проценат дали МРП вакцината е ризик од аутизам кај децата родени во Данска од 1999 до 2010 година. Вкупно до август 2013 година следени...

Во последните четири години опфатот со МРП вакцината е под 90 отсто

Падот на опфатот со првата доза на МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца. Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација кој го прави Институтот за...

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари за лицата со аутизам од здружението „Во мојот свет“

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари финансиска поддршка за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром - „Во мојот свет“, за вработување на две лица во втора смена. На средбата, претставници на Здружението „Во мојот свет“ го информирале градоначалникот на Општината, Златко Марин, дека имаат потреба и од простории, по што Марин им ветил...

Општина Тетово ќе продолжи да го помага Центарот за аутизам во Тетово

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го посети здружението на албански психолози кое работи на евиденција и на едукација на деца со аутизам во рамки на Центарот за аутизам, а финансиски е поддржано од Општина Тетово. - Денеска сум во посета на еден проект, што почна како идеја на психологот Миген Хамзаи, за евиденција и за работа со деца со аутизам. Со оваа идеја...

Родители на деца со аутизам од Штип најавуваат кампување пред институциите

Единствениот вработен дефектолог во Центарот за аутизам во Штип пред два дена си дал отказ, а родителите на децата со аутизам не биле информирани за тоа. Тие денеска наидоа на затворена врата во Центарот за аутизам. Родителите немаа информација зошто е затворен Центарот за аутизам, каде нивните деца ги поминуваат часовите додека тие се на работа. Но, како што изјавија,...

Преку спортски активности до психофизички развој на децата со аутизам

Физичката активност може многу да помогне во целокупниот психофизички развој на децата со аутизам. Ова беше истакнато на денешната спортска манифестација организирана по повод Меѓународниот ден на аутизмот, одржана на спортските терени на Државниот универзитет во Тетово. Деца со аутизам од Тетово, Гостивар и од Дебар учествуваа во повеќе спортски дисциплини. - Мора да кажам дека го организиравме овој настан...

Децата со аутизам добија платформа за компјутерски игри

Платформа преку која безжично, со гестови, ќе може да се контролира компјутерска игра изработија студентите од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Оваа платформа, која денеска беше промовирана во Штип, е наменета за деца со аутизам и со синдром на дефицит на внимание, познат под кратенката АДХД. Раководителот на проектот, професорот Сашко Коцески, рече дека платформата е изработена...

Светски ден на аутизмот

Осми пат денеска, се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од Генералното собрание на Обединетите нации, за да се сврти светското внимание кон аутизмот како глобален здравствен проблем во подем. Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се јавува четирипати почесто отколку кај...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...