fbpx
Таг: атентат

таг: атентат

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска...

Зеленски не кажал дека наскоро ќе го убијат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема изјавено дека наскоро ќе го убијат, туку одговарајќи на прашање на новинарот на „Сан“, кажа дека има сознанија за операција наречена „Мајдан 3“ за која го информирале службите а според која Русија планира промена на претседателот на Украина. Но, Зеленски вели: „Гледате, можеме да живееме со тоа“ и никаде не кажува дека таквата операција...

Неточна е веста за обид за атентат врз палестинскиот претседател Махмуд Абас

Видеото кое стана доста вирално, а за кое се тврди дека го прикажува нападот врз конвојот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, всушност е видео од престрелка меѓу палестинската полиција и дилери на дрога. Генералниот политички комесар и официјален портпарол на палестинскиот безбедносен естаблишмент, генерал-мајор Талал Двејкат, соопшти дека шест палестински безбедносни офицери се повредени, од кои еден потешко, додека...

Во Софија убиен познатиот бугарски бизнисмен Алексеј Петров

Еден од последните позначајни бизнисмени од транзицискиот период во Бугарија, Алексеј Петров денеска е убиен во софискиот кварт „Драгалевци“, јавува mediapool.bg. Првичните информации говорат дека кон него било стрелано од пушка, а во моментот Петров имал тројца телохранители. Убиениот имал обичај да се шета на локацијата каде било пукано. Во последниве две децении врз Алексеј Петров биле извршени два неуспешни...

Претседателски кандидат во Еквадор убиен за време на изборната кампања

Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио беше убиен за време на митинг од изборната кампања во главниот град Кито, јавува Би-би-си. Вилависенсио беше жесток критичар на криминалните банди и водеше кампања против корупцијата, при што беше еден од ретките кои обвинуваа високи владини претставници за врски со организираниот криминал. По извршениот атентат во Еквадор е прогласена вонредна состојба. Сведоци...

Поради опасност од атентат, новинарот Христо Грозев ја напуштил Австрија и заминал во САД

Истражувачкиот новинар Христо Грозев, извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, инаку Бугарин, дел од мрежата „Белингкет“, кој до неодамна престојуваше во Австрија, заминал во САД, јави бугарскиот онлајн-медиуми mediapool.bg. Австриските власти го предупредиле Грозев дека убијци ангажирани од Русија активно го бараат, со помош на локални помошници. Грозев до неодамна живеел во Виена. Според неговата изјава за „Фајненшел...

По атентатот, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина

Кратко време откако беше пренесен во болница по атенатот врз него, поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, починал во болница откако состојбата му се влошила, јави Би-Би-Си. Абе (67) држеше говор во рамките на изборна кампања во градот Нара на југот на јапонија, по што беше застрелан. Напаѓачот, 41-годишник, беше совладан по нападот и однесен во полициска станица. Поранешниот јапонски премиер,...

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе e застрелан на предизборен собир, напаѓачот е уапсен

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе e застрелан на предизборен собир во градот Нара, во близина на Осака во западна Јапонија. Нападот се случил додека Абе држел говор, пренесе Би-би-си. Помладиот брат на Шинзо Абе им изјави на новинарите во Токио дека на поранешниот премиер во моментов му дадена е трансфузија на крв во болница и дека се прават обиди да...

Вистиномер: За да се привлечат кликови, се објавува невистина дека врз Путин е извршен атентат

Објавата што ја рецензираме се коси самата со себе – во насловот се вели дека бил извршен атентат врз рускиот претседател Владимир Путин, во текстот пишува за „наводен обид за атентат што се случил во февруари“, според изјава на украински разузнавач, за на крајот да се каже дека нема никакви докази за таквите тврдења, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Скопје од...

Вистиномер: Пост на Фејсбук манипулира дека Русите предупредиле за атентат на Вучиќ

Во оригиналната информација од „Новости“, на која се повикува текстот линкуван во постот,  никаде не се спомнуваат руски извори. Оригиналниот напис воопшто не наведува кој ја испратил заканувачка порака за атентат на Вучиќ, ниту пак, од кои извори е добиена пораката. Очигледно е дека „руските извори кои се обидуваат да ја вовлечат и Србија во нивните воени планови за...

„Убиен“ научник кој развивал вакцина за короната и свртени руски знамиња во лажните вести на Балканот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

СЈО: Немало обид за атентат врз Фатиме Фетаи

Специјалното јавно обвинителство попладнево ги демантираше информациите објавени во одредени медиуми дека бил извршен обид за атентат врз специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека...

Првите резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ се очекуваат денеска

Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби. Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.

Заев во ниту еден момент не ги доведе во врска заканите со атентат со Русија, велат од Владата

Изјавата на премиерот Зоран Заев за црногорискиот медиум се темели на искуствата од регионот и на реакциите на Руската Федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО, стои во соопштението на Владата по денешните реакции на Москва на изјавите на Заев за црногорското радио „Антена М“. „Во интервјуто за црногорскиот медиум, претседателот на Владата, Зоран Заев, во ниту...

ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев јавно да каже од кого добива закани за ликвидација

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика премиерот Зоран Заев јавно да каже од кого добива закани и колку тие се реални, откако Заев за црногорското радио „Анетна-М“ рече дека некои безбедносни аналитичари му кажале дека му е загрозена безбедноста и дека е потенцијална мета на атентат. „Ако не го стори тоа, тогаш сите негови изјави во тој правец се резултат на...

Заев две години е под постојани закани од атентат, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека премиерот, Зоран Заев, додека бил само лидер на СДСМ, но и сега, откако е претседател на Владата, е под постојани закани од атентат. Заев добивал индиректни закани додека како лидер на СДСМ пред две години ги објавувал материјалите од незаконското прислушување, односно проектот „Вистината за Македонија“. Овие...

Објавени нови документи за убиството на Кенеди

Американскиот Национален архив објави нови 676 владини документи поврзани за убиството на некогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, во 1963 година. Тоа е трето објавување на документи од Националниот архив годинава. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела нареди преостанатите податоци да станат достапни за јавноста и им нареди на федералните агенции повторно да ги проучат предложените интервенции и...

Се апсат десетици лица во две турски министерства поради наводна поврзаност со Ѓулен

Обвинителството во Анкара издаде десетици наредби за апсење на вработени во две турски министерства во рамките на истрагата за организацијата ФЕТО на проповедникот и опозиционер Фетулах Ѓулен, јави турската телевизија „Си-ен-ен Турк“. Наредби за апсење се издадени за 30 вработени во турското Министерство за образование и за 17 вработени од Министерството за транспорт, навигација и за комуникација. Осомничените лица се...

ВМРО-ДПМНЕ: МВР мора да бара одговорност од тие што го поттикнале „атентатот“ врз Тодоров

Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин, туку чин кој беше поттикнуван со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, денеска на прес-конференција во партиското седиште рече дека СДСМ и „невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и да ја подгреат атмосферата до момент во...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...