fbpx
Таг: Ататурк

таг: Ататурк

Ердоган ги повлече турските војници од воена вежба, НАТО се извини

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се извини на Турција откако актуелниот претседател на земјата, Реџеп Таип Ердоган, и првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, беа претставени како „непријатели“ на воена вежба на НАТО во Норвешка. Ердоган, лут поради тоа, ги повлекол 40-те турски војници, по што следуваше извинувањето од Столтенберг. - Се извинувам за навредата што е нанесена. Инцидентите беа...

Судскиот совет денеска ќе избира претседатели на Кривичниот и на Врховниот суд

Судскиот совет денеска 14 часот закажа седница на која на дневен ред се избор на в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 по оставката на судијката Татјана Михајлова. Како трета точка на дневен ред е усвојувањето на конечни ранг-листи на кандидатите за претседатели на Врховен суд, по што ќе се избере и новиот претседател на тој суд. Судијката Михајлова минатата недела...

Нормализиран авиосообраќајот помеѓу Скопје и Истанбул

Летовите на авиокомпнаијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Скопје и обратно, денеска се реализираат според нормалниот распоред за летање, откако вчера беа откажани поради обидот за државен удар во Турција. Според веб-страницата на аеродромот „Александар Велики“, од аеродромот „Ататурк“ во Истанбул утрово на скопскиот аеродром во редовното време, 8.30 часот, слетал авионот ТК 1003, а во 9.48 од Скопје кон...

Нови апсења во Турција поради нападите на аеродромот „Ататурк“

Турската полиција уапси и поднесе обвинение против нови седум лица осомничени во врска со нападите на аеродромот во Истанбул, во кој беа убиени 47 луѓе, јавуваат турските агенции. Со ова, вкупниот број на обвинети лица поврзани со овој напад се искачи на 37. Според властите, се работи за 22 странци и за 15 Турци кои се осомничени за членство во вооружена...

Москва: „Ататурк“ се случи затоа што нè игнорираа

Официјален Кремљ наведува дека неодамнешниот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул се случил како последица на тоа што турските и европските служби го игнорирале предупредувањето на Москва. - Во текот на изминатите години, руската страна ги информираше своите турски и европски колеги дека лицата за кои се сомнева дека се поврзани со тероризам, нашле засолниште како во Турција така и...

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на државата. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изнесе...

Ердоган: Исламските милитанти ќе завршат во пеколот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Исламската држава најверојатно е одговорна за нападот на аеродромот во Истанбул, додавајќи дека исламските милитанти ќе завршат во пеколот. Зборувајќи денеска во Истанбул, по исламската молитва што се одржува во петок, Ердоган изјави дека екстремистичката група тврди дека дејствува во име на исламот, но нагласи дека нема никаква врска со религијата, пренесува АП. -...

Еден од напаѓачите во Истанбул бил азилант во Австрија

Чеченецот Ахмед Чатаев, кој е еден од бомбашите самоубијци што усмртија 42 и повредија 239 лица на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, од 2003 година како политички азилант живее во Австрија, објави виенскиот весник „Пресе“. Весникот наведува дека Чатаев во 2012 година заминал за Сирија, каде се бори на страна на џихадистите. Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека турските власти веќе...

Сè поголем бројот на загинатите во нападот во Истанбул

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ се искачи на 41 лице, додека повредени се 239 луѓе, соопштија турските власти. Турските медиуми јавуваат дека повеќето од жртвите се државјани на Турција. Досега се идентификувани 37 од загинатите, од кои 24 се Турци, 10 се странци, а тројца имаат двојно државјанство. Неименуван турски претставник соопшти дека конечниот број на загинатите би...

Ердоган: Турција ќе се бори против тероризмот до крај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, оценувајќи дека целта била „Турција да се поткопа, посегнувајќи по невините“. „Јасно е дека целта на овој напад не беше постигнување на некаков резултат, туку создавање пропаганда против нашата земја, користејќи ја крвта и болката на невините луѓе,“ наведе Ердоган во соопштението. Тој порача дека очекува светот да заземе...

Преживеани патници за нападот на „Ататурк“: Расфрлани тела на сите страни

Преживеани патници кои сведочат за крвавиот напад на аеродромот „Ататурк“ во кој загинаа најмалку 36 лица, а повредени се повеќе од 147, велат дека на сите страни виделе безживотни тела на убиени луѓе. Пред да се случи експлозијата, еден од напаѓачите почнал да пука додека се приближувал кон терминалот, изјавил еден сведок за „Ројтерс“. „Пукаше на сè пред себе. Беше облечен...

Исламска држава најверојатно стои зад нападот во Истанбул

Триесет и шест загинати и 147 повредени е последниот биланс од синоќешниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Според првичните анализи, нападот кој беше извршен синоќа околу 22 часот, најверојатно е дело на припадниците на Исламска држава, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој рече дека досега никој ја нема преземено одговорноста за нападот, но оти сите докази укажуваат дека е дело...

Тројца бомбаши самоубијци се разнеле на „Ататурк“

Најмалку 28 лица загинаа, а 60 се повредени откако тројца бомбаши самоубијци се разнесоа на најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“. Васип Шахин, гувернерот на Истанбул, за телевизискиот канал НТВ изјави дека 28 лица загинале и оти властите веруваат дека нападот го извршиле тројца бомбаши, бидејќи на аеродромот одекнале три одделни експлозии. Друг турски претставник, за британскиот весник „Гардијан“ соопшти дека осомничените се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...