fbpx
Таг: Арсена

таг: Арсена

„Арсена“ предупредува дека гевгеличани уште пијат вода со арсен

Примерок вода од гевгелискиот водовод покажал дека водата што ја пијат гевгеличани сè уште содржи количества арсен опасни по здравјето на луѓето и ја повикува новата локална власт да го реши проблемот со посебни филтри, оти водата од изворите содржи големи количества арсен. Како што посочува граѓанската иницијатива „Арсена“, анализата на примерокот вода од гевгелискиот водовод што го испратиле на...

„Арсена“: И гевгелиските села Моин и Богородица пијат вода со арсен

Лабораторијата во Солун утврдила дека гевгелиските села Моин и Богородица, кои се приклучени на градската водоводна мрежа, добиваат вода со висока концентрација на арсен, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“. „Со анализа на примерок вода од домаќинства во овие населени места, констатирано е присуство на 17,7 микрограми арсен на еден литар вода во потпланинското село Моин и 16,9 микрограми арсен во...

На Меѓународниот ден на водите, „Арсена“ потсети на загадената вода во Гевгелија

Граѓанската иницијатива „Арсена“ подели пакувања чиста вода на штанд поставен на градското шеталиште во центарот на Гевгелија, по повод Меѓународниот ден на водите. Мотото на оваа акција беше „Здрава вода за здрав живот“, а целта беше да се актуелизира долгогодишниот проблем на гевгеличани со потребата од чиста вода за пиење, поради присуството на енормно високи концентрации на отровниот металоид арсен во водите од...

#Одговорност е вода без арсен во Гевгелија

Гевгеличани со години пијат вода загадена со арсен. Иако невладината организација „Арсена“ постојано укажува дека водата за пиење е загадена, Општина Гевгелија дури во септември годинава објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот. Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода....

„Арсена“: Новиот водовод е само предизборен маркетинг и медиумско замајување

Здружението „Арсена“ од Гевгелија, кое со години предупредува дека е загадена водата во овој град, вели дека конкурсот за изградба на нов водоснабдителен систем е само изборен маркетинг на градоначалникот Иван Франгов. Од здружението велат дека ова е четврта по ред медиумска објава на тендер за копање нови бунари за водоснабдување на Гевгелија и доаѓа само еден ден по најавата за...

Франгов: Водата е чиста, но со новиот водовод сакаме да го тргнеме сомнежот дека има арсен

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, денеска за „Мета“ изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода. Тој тврди дека водата во Гевгелија е чиста, но дека локалните власти сакаат да го тргнат секој сомнеж. - Одлучивме да градиме нов водоснабдителен систем затоа што имаме потреба од дополнителна количество вода. Исто...

Арсен во водата немало, ама во Гевгелија сепак ќе се гради нов водовод

По неколкугодишните обвинувања од невладината организација „Арсена“ дека водата за пиење во Гевгелија е загадена, Општина Гевгелија објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот. Се обидовме телефонски да го добиеме градоначалникот Иван Франгов, за да ни објасни од која прична се градат нови бунари кога, според неговите претходни изјави, сè е во ред со старите, но тој...

Во село Моин нема редовно вода, а и таа е нечиста

Жителите на гевгелиското село Моин се најблиску до бунарите од водоводниот систем на Гевгелија, но тоа не им е предност во однос на испораката на водата и на нејзиниот квалитет. Велат, иако е отровна, со арсен, ја немаат редовно во домовите ниту за основна хигиена. - Можеш да се разбудиш во пет часот наутро за работа, а да не можеш...

Франгов: „Арсена“ и Сорос сакаат да го урнат угледот на Општина Гевгелија

Гевгелискиот градоначалник Иван Франгов смета дека проблемот со арсенот е политички монтиран случај од невладината организација „Арсена“, која „зела пари од Сорос за да го урне угледот на Општина Гевгелија“, јавува „Телма“. Франгов смета дека лабораторијата во Солун што ги правела проверките, користела нестандардизирани методи при проверка на арсенот и дека резултатите се спротивни од тие што на почетокот на годината ги...

„Арсена“: Гевгелиската вода, покрај арсен, содржи и ванадиум

Анализата на примерок од водата за пиење од гевгелискиот водовод, земен на 16 јуни годинава, покажала присуство на енормно количество на арсен во водата, штетно за здравјето на човекот, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“. Анализата што ја извршила меѓународна лабораторија, како што додаваат од „Арсена“, покрај арсен, покажала и присуство на тешкиот метал ванадиум во водата од гевгелискиот водовод. „Само пред еден...

Во Гевгелија промовиран „Арсеновиот столб на вистината“

Граѓанската иницијатива „Арсена“ во соработка и „Центарот за современи уметности“ од Скопје, вчера попладне во Гевгелија го промовираше „Арсеновиот столб на вистината“, на кој се претставени резултатите од извршените анализи на примерок вода од гевгелискиот водовод, во кој е детектирано енормно количество од отровниот елемент арсен. Во гевгелискиот водовод во април оваа година детектирани се 21,3 микрограми арсен на еден литар вода,...

Нема крај за арсеновата треска на гевгеличани

Водата во Гевгелија содржи 10 пати повеќе арсен од дозволеното, а веќе 37 месеци државната Агенција за храна и ветеринарство има издадено решение за забрана на употреба на водата од бунарите кај Моин, од кои се врши водоснабдување на Гевгелија. Три години од откривањето на арсенот во Гевгелија нема ниту деарсенификатор, ниту нови извори, ниту нови бунари за водоснабдување...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...