fbpx
Таг: арсен

таг: арсен

Годинава ќе се бара концесионер за чистење на арсенот во Лојане

Државата во 2024 година ќе го распише јавниот повик за пронаоѓање концесионер што ќе го исчисти арсенот и другите отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце. Ако не се најде заинтересиран приватен инвеститор, алтернатива ќе биде пронаоѓањето на странски фондови со домашна контрибуција на принципот по кој во моментов се решава проблемот со линданот во ОХИС. Вакво објаснување дава државата...

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти, пак, кои се отпочнати и се во тек, се реализираа бавно и со доцнење од...

Државата не ја сфаќа сериозно опасноста од труење со арсен во кумановскиот регион

Државните власти не го сфаќаат сериозно труењето на жителите и на целокупната животна средина во Липковско-кумановскиот регион од арсеновиот концентрат расфрлан во јаловиштето на некогашниот рудник во Лојане и во депонијата до железничката станица во Табановце. Ниту едно од двете ветувања на државата за решавање на оваа жешка еколошка точка со арсенот не е исполнето, а нема ниту конкретен...

(ИНТЕРВЈУ) Шукова: Срамно е што немаме ниту една депонија по европски стандарди

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервју за Мета.мк зборува за некои од најважните прашања за животната средина во земјата, а тоа се третманот на отпадот и отпадните води, процесите на воспоставување на основна инфраструктура по европски стандарди и за текот на изградбата на регионалните депонии и скопската пречистителна станица, како и за обезбедувањето на...

Тендерот за оградување на депонијата со арсен во Лојане ќе се објави најдоцна нареден месец

Министерството за животна средина и просторно планирање до крајот на август или почетокот на септември треба да го објави тендерот за оградување на депонијата со арсен и други отпадни минерали лоцирана во некогашниот рудник во Лојане. Од ова министерство додаваат дека до крајот на септември ќе биде познато името на компанијата што ќе го огради опасното јаловиште, кое се...

„Шорткат“: Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија?

Зошто младите лекари својата иднина ја гледаат надвор од границите на земјава и како да ги задржиме тука? Ова се главните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор во новата епизода на „Шорткат“. На оваа важна тема разговараме со доктор Божидар Кочоски, претседател на Асоцијацијата за специјализанти и млади лекари. Во неделните вести за млади информираме за најавата...

Најдоцна за два месеца тендер за оградување и покривање на арсенот во Лојане

Министерството за животна средина и просторно планирање најдоцна за два месеца ќе го распише тендерот за избор на компанија што ќе ја огради и покрие депонијата со арсен и други отпадни минерални суровини во кругот на некогашниот рудник „Лојане“. Најавените средства од 14 милиони денари за оваа намена се обезбедени од буџетот на Министерството. „Моментално се работи на тендерската спецификација....

Арсеновиот концентрат од Лојане и Табановце треба час поскоро да се извезе, предупредува професорот Стафилов

За справување со арсенот како жешка еколошка точка во Лојане и Табановце годинава најпрво ќе се изработи План за управување со ова контаминирано подрачје, а потоа и ќе се спроведе оградување и покривање на расфрланите количества арсен, антимон и други отпадни минерални суровини на депониите во Лојане и Табановце. Ова го најавуваат од Министерството за животна средина и просторно...

Државата обезбеди 14 милиони денари за оградување и покривање на арсенот во Лојане

Министерството за животна средина и просторно планирање во буџетот за наредната 2023 година ќе одвои 14 милиони денари за оградување и покривање на депонијата со арсен и антимон во селото Лојане. Станува збор за опасната локација што се наоѓа во кругот на поранешниот рудник „Лојане“ и е на само 100-тина метри од основното училиште „Рилиндја“. Мета.мк и Порталб.мк повеќе...

Македонија ќе го зајакне партнерството со УНОПС за справување со историските “жешки” точки

Земјава сака да ја интензивира и прошири соработката со Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки. За ова се разговарало на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), Јенс Вандел,...

Догодина физибилити студија и тендер за нова фирма за чистење на арсенот во Лојане

Во 2023 година ќе се објави нов јавен повик за пронаоѓање концесионер што ќе треба да го отстрани арсенот и другите отпадни минерални суровини од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“. Од Министерството за економија за Мета.мк информираат дека ја започнале постапката за изработка на физибилити студија за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална суровина од поранешниот рудник...

Опасноста демне: Загадувањето со арсен на водите во Лојане и Табановце воопшто не се испитува

И покрај тоа што се контаминирано подрачје со арсен и други опасни метали, во Лојане и Табановце не се вршат редовни лабораториски испитувања за присуството на овие отрови во водата, почвата и храната. На јаловиштето во поранешниот рудник „Лојане“ во близина на истоименото село се лоцирани 15.000 тони арсен сулфид, а на само 100-ина метри од нив се наоѓа...

ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава. „Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства и за нивна ремедијација. Инспекторатот...

„Шорткат“ на државното првенство во прескокнување пречки со коњи

Љупка Аврамовиќ од клубот „Бравадос“ е долгогодишна вљубеничка во коњите и е една од нашите најдобри претставнички на натпревари со коњи во светот. Во новата епизода на „Шорткат“, нашите вести за млади, зборуваме со Аврамовиќ и ве водиме на државното првенство во прескокнување пречки со коњи организирано од страна на Федерацијата на коњички спортови. Во новата, 48. епизода на „Шорткат“,...

Државата ќе изработува физибилити студија за чистење на арсенот во Лојане и Табановце

Пред да се избере новиот концесионер што би го исчистил арсенот од Лојане и Табановце, Министерството за економија најпрво ќе мора да изработи физибилити студија за оправданост на доделувањето на нова концесија, постапка која е задолжителен чекор во согласност со одредбите од Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, велат за Мета.мк од Министерството за економија. „Министерството за економија треба да...

За неоградување на арсенот во Лојане, досегашниот концесионер доби казна од 1.550 евра

Глоба од 1.500 евра за правното лице и казна од 50 евра за одговорното лице во компанијата „Калтун Мадденџилик“ е крајниот исход од постапката за порамнување и спогодување со оваа компанија, која што до пролетва беше концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини во рудникот „Лојане“. Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) за Мета.мк потврди дека...

Концесионерот не го оградил арсенот и не поставил табли за предупредување во Лојане, ќе биде казнет

Јаловиштето со околу 15.000 тони арсен сулфид, опасен отпад којшто е лоциран во рудникот „Лојане“ на околу 100-тина метри од основно училиште, не е ограден. Ова за Мета.мк го потврдуваат од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои посочуваат дека турската компанија „Калтун Мадденџилик“ до моментот на поседување на концесијата, односно Договорот за концесија за екплоатација на техногени минерални суровини...

Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја

Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. Во емисијата за млади го третираме и рангирањето...

Чистењето на жешките еколошки точки чини десетици милиони евра, мора да се најде економски одржлив модел

Десетици милиони евра ќе мора да се изнајдат за чистење и повторно доведување во природна состојба на жешките еколошки точки во земјава. Арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница, линданот во ОХИС, депонијата за гипс во ХИВ-Велес, јаловиштата во дел од рудниците се само некои од жешките еколошки точки, врз чија околина ќе...

Заеднички железнички граничен премин со Србија ќе се гради во Табановце, решение за арсенот нема

Полициските, царинските и фитосанитарните погранични контроли на патничките и товарните возови меѓу Македонија и Србија во иднина ќе треба да се вршат на заеднички железнички граничен премин, којшто е планирано да се гради до железничката станица Табановце. Објектот со површина од 2.500 метри квадратни треба допрва да се гради во земјава, а во него ќе бидат сместени полицајците, цариниците,...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...