fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Генерал Ѓурчиновски: АРМ ќе се преструктуира во нова формација следните 10 години

Процесот на трансформација на Армијата во новата формациска структура ќе трае до 10 години, најави началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Трансформацијата на АРМ е најавена во Стратегискиот одбранбен преглед донесен минатата година, а Ѓурчиновски очекува претседателот и врховен командант Стево Пендаровски наскоро да ја утврди новата структура и формација на армијата, која ќе го опфати активниот и...

Приватните агенции за обезбедување ќе ги чуваат и воените касарни?

Да се воведе приватно обезбедување во објектите на АРМ и Министерството за одбрана е идејата која денеска неформално ја промовираа професорот и продекан на Факултетот за безбедност Марјан Ѓуровски и Верица Милеска - Стефановска, претседателката на Комората за приватно обезбедување. Агенциите за обезбедување би ги замениле стражарите преку јавно-приватно партнерство, навестија Ѓуровски и Милеска - Стефановска, а преку истиот...

Антикорупциска поведе две прекршочни постапки против Иванов за унапредувањата во АРМ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во АРМ за време на изборниот период, што, според ДКСК претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси. Имено, претседателот Иванов со указ го унапредил...

Јанкович: Сојузниците ќе ја поддржуваат Северна Македонија во пристапниот процес

Во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“, полковникот Зоран Јанкович, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, порачува дека Северноатлантската алијанса, како фактор кој создава стабилност и ја зајакнува безбедноста и надвор од својата територија, ќе даде силна поддршка на Северна Македонија за нејзино целосно интегрирање во овој сојуз. Целосното приклучување на земјата во годината кога се одбележуваат 70...

Бошњаковски: Академиците ќе го одберат долгото име на МАНУ

Кратенката МАНУ на  Македонската академија на науките и уметностите ќе остане непроменета и по преименувањето на академијата, а за нејзиното ново целосно име ќе одлучат самите академици, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата. Тој за новото име на Армијата на Република Македонија (АРМ) рече дека ќе биде познато наскоро, но секако ќе биде во духот...

„Одземени овластувањата“ на припадниците на АРМ кои ширеа лажни вести, дисциплинската постапка е при крај

АРМ им одземало „одредени овластувања“ на двајцата свои припадници осомничени за ширење лажни вести, кои ги откри белгискиот истражувачки новинар Мартен Шенк. Против двајцата, инаку мајор-офицер за безбедност и професионален војник, АРМ најавува и други санкции, по формалното завршување на дисциплинската постапка. „Едниот припадник е повлечен од мисијата во Босна и Херцеговина, каде што досега бил. Превземени се чекори за...

Привлечни фотелји и плати за Македонците во НАТО со полноправното членство

Македонските граѓани ќе можат да се пријавуваат на огласите за работа во НАТО под исти услови како и жителите на останатите членки на Алијансата, а полноправното членство носи и одредени квоти за вработувања на цивилен и воен персонал чија селекција ќе се врши кај нас. Во „Службен весник“ веќе е објавен указот на претседателот Ѓорѓе Иванов за назначување на двајца...

Армијата вработени во 5 најголеми државни фирми е побројна од АРМ (инфографик)

Има ли превработеност во државните претпријатија во земјава? Ова прашање кое заслужува внимание посебно откако во јавноста во изминативе денови беа обелоденети повеќе случаи на вработување на блиски роднини на високи државни функционери. Податокот дека бројот на вработени во петте државни претпријатија Електрани на Македонија, Македонска пошта, Македонски шуми, Македонски железници - Инфраструктура и Македонски железници - Транспорт е поголем...

Во АРМ две постапки за креаторите на лажни вести, МВР води истрага

Комисии на АРМ го испитуваат случајот со лажните вести за да утврдат дали професионален војник и мајор-офицер за безбедност кои објавувале лажни вести на мрежа на интернет-сајтови и лажни „Фејсбук“ профили го нарушиле угледот на Армијата. Во зависност од тоа каков прекршок на работната дисциплина, а со тоа и на Законот за служба во АРМ, ќе утврдат комисиите, двајцата можат...

Почната истрага, можна и дисциплинска постапка за војникот – креатор на лажни вести

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести. Во зависност од тоа што ќе утврди истрагата, можно е против професионалниот војник да се покрене дисциплинска постапка за нарушување на угледот на Армијата, што, според Законот за служба во АРМ, предвидува казни од писмено предупредување до отказ. „Во случајот постапуваме во рамки...

АРМ со хеликоптер носи помош во завеаните Танушевци, Брест и Малина Маала

АРМ со хеликоптер во два налета вчера и во саботата доставила повеќе од еден тон храна и неопходни продукти во завеаните села Танушевци, Брест и Малина Маала на северната страна на Скопска Црна Гора. Доставата била организирана на барање на жителите на отсечените села, не на општината на чија територија се наоѓаат. Акцијата ја координирал Центарот за управување со кризи...

Нема кој да крои капи за АРМ – никој не се пријавил на огласот

Ниту една фирма не се пријавила на огласот на Министерството за одбрана за конфекционирање на капи и ветровки за маскирни теренски униформи за АРМ, објавен на 30 ноември лани. Поради тоа, Министерството минатата недела го поништило огласот. Министерството за одбрана на 30 ноември лани објави оглас за конфекционирање на ветровки од ткаенина за воено теренска униформа во основна маскирна шара...

АРМ си набави вакцини, дијазепами и антибиотици

Министерството за одбрана од трет пат успеало да најде фармацевтски фирми кои на војската ќе и обезбедат вакцини и лекови, откако на претходните два огласи не била поднесена ни една понуда или ниту една прифатлива понуда. Првиот оглас бил поништен на 17 декември, а вториот на 4 јануари. Набавката сега е поделена во два дела, а лекови и вакцини на АРМ...

„Волците“ и „Тигрите“ на експертска обука со американските „Фоки“

Македонските армиски и полициски специјалци имале заедничка експертска обука со американските „Фоки“ – SEAL тимовите на Воената морнарица на САД, информираше Генералштабот на АРМ. - Обуката се реализираше во периодот од 17 до 21.12.2018 година на полигоните во касарната „Илинден“, касарната „Ѓорче Петров“ и Армискиот Полигон „Криволак“. За време на обуката тимовите се запознаа со најновите тактики, техники и процедури...

Армијата со „Центри за прва поддршка“ ќе се грижи за семејствата на војниците во мисија

Министерството за одбрана и АРМ ќе формираат Центри за прва поддршка, кои треба да се грижат за семејствата на војниците додека се на мисија надвор од земјава, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа и началникот на Генералштабот генерал-мајор, Васко Ѓурчиновски во Домот на АРМ во Скопје организираа средба со семејствата на припадниците на АРМ кои се во мисии...

Досега најголемата меѓународна воена вежба во Македонија ќе се одржи летово на Криволак

Досега најголемата меѓународна воена вежба во Македонија, „Одлучен удар“, ќе се одржи во јуни и јули на Армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“. Таа ќе биде дел од комплексот вежби на Европската команда на вооружените сили на САД „Saber Guardian 19“ во Црноморскиот и Балканскиот регион. - Станува збор за циклус на вежбовни активности  од големи размери на...

АРМ денеска купи 14.000 униформи за 60 евра по комплет – ќе ги добие во март

Министерството за одбрана денеска објави известување за склучен договор за јавна набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа. По цена од околу 840.000 евра, АРМ до крајот на март треба да добие комплети од капа, палто и панталони изработени по нејзина спецификација. Набавката, чиј главен критериум била најниската цена, ја добила фирма од Штип, а платното и униформите ќе ги изработи...

Иванов: Против мене се води хајка и линч со нарачани лажни искази

Претседателот Ѓорге Иванов демантира дека на 27 април планирал да прогласи воена состојба и дека наводно под притисок на меѓународната не го направил тоа. Претседателот во обраќањето рече дека против него се води хајка и линч со очајно смислено сценарио со нарачани лажни искази и генерирање лажни вести. - Ако УБК се дрзнува без никакви основи да ги следи активностите...

Шекеринска: Втора година по ред буџетот за одбраната расте, 135 милиони евра за 2019

Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес–конференција го образложи буџетот за одбраната за 2019, кој по десетгодишниот пад, втора година по ред е во нагорна линија и оваа година изнесува 135 милиони евра. „Лани, буџетот за одбрана порасна за 15 процнети, а зголемувањето за 2019 во споредба со ребалансираниот буџет за 2018 изнесува над 33 проценти. Следната година освен...

И со зголемен буџет, на АРМ ќе и треба најмалку една деценија да се доопреми

На АРМ ќе и требаат најмалку четири години за со најавените буџети, кои ќе се зголемуваат, да го купи само минималниот неопходен број на оклопни транспортери, а најмалку една деценија за да ја купи сета потребна опрема, покажуваат пресметките направени врз основа на постоечката формација на АРМ и проекциите на Министерството за финансии во Фискалната стратегија за 2019-2021 година. Владата...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...