fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Подофицер и војник на АРМ заразени со корона вирус

Генералштабот на АРМ информира дека во текот на денешниот ден потврдени се два случаи на припaдници на армијата кај кои на тестот за „Covid19“ се покажани позитивни параметри. Станува збор за подофицер и војник кои извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал. „Веднаш по сознанието...

Армијата ќе помага во чувањето на виталните објекти и во спроведување на полицискиот час

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција соопшти дека владата донела Уредба со законска сила со која на армијата ѝ дава обврска во услови на вонредна состојба да биде целосно во функција на поддршка на државните органи. Веќе е формиран оперативен штаб помеѓу армијата и полицијата и прецизно се дефинирани начините на кои армиските припадници ќе и асистираат...

Македонија ќе побара поголем број на странски полицајци за чување на границата кон Грција

Македонската влада на денешната седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза во нашата земја, информираат од владината прес - служба. Владата донела повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека Македонија веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза кој е подготвен и функционален за...

Српски „Ало“ забрзано почна да не вооружува „со оружје од моќен сојузник“

Во сензационалистички манир српскиот портал „Ало“, преку насловот на текстот објавен на 10.12.2019 година ја манипулира јавноста: „МАКЕДОНЦИТЕ ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВААТ – Пристигнува оружјето од моќниот сојузник. Скопје, сепак,  ќе мора од нешто да се откаже!“ (MAKEDONCI SE UBRZANO NAORUŽAVAJU Stiže oružje od moćnog saveznika. Skoplje će ipak morati nečeg da se odrekne!)  Во конкретниот случај направена  е збунувачка  насловна конструкција со која е врамена една преземена информација од ТВ 21,  според која „во следните 10 години ќе бидат потрошени...

Екологистите по средбата со Пендаровски: Граѓански протест и бојкот на избори ако не се реши загадувањето

Доколку не се превземат итни мерки за справување со тешката состојба во која се наоѓа животната средина во државата, ќе ги искористиме сите демократски права и средства во борбата за заштита на нашето уставно загарантирано право на здрава животна средина и покрај досегашните форми на организиран протест, блокади, ќе повикаме и на граѓанска непослушност, бојкот на избори и други...

Нова опрема за атомска, биолошка и хемиска одбрана за АРМ од САД

Европската команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави во рамките на програмата Три-три-три донирааа нова опрема за атомска, биолошка и хемиска одбрана за потребите на македонската армија. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Ѓорче Петров“ изврши увид во туку што пристигнатата нова опрема, која што како донација ќе биде комплетирана во 2020 година. Како што информираат од...

Екологистите од Пендаровски и Заев бараат активирање на АРМ и МВР за справување со нелегалните огнови

Граѓанските здруженија за заштита на животната средина денес побараа од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев со активирање на војската и на полицијата да се справат со енормното загадување на воздухот. Повикувајќи се на уставно загарантираното право на здрава животна средина, активистите на „Скопје Смог Аларм“, „О2 Иницијатива“, „Еко Герила“, „Мој воздух“ и „Битола сака...

Во МВР само 20 отсто жени, во војската помалку – (инфографик)

Дваесет отсто од вработените во МВР и 40 отсто од администрацијата во Министерството за одбрана се жени, покажуваат податоците на двете министерства, но дамите се многу помалку застапени во униформираната полиција и во војската. Во МВР во 2018 година само 13 отсто од учесниците во основната обука за полицаец биле жени, покажуваат податоците на Министерството. !function(e,t,s,i){var n="InfogramEmbeds",o=e.getElementsByTagName("script"),d=/^http:/.test(e.location)?"http:":"https:";if(/^/{2}/.test(i)&&(i=d+i),window&&window.initialized)window.process&&window.process();else if(!e.getElementById(s)){var r=e.createElement("script");r.async=1,r.id=s,r.src=i,o.parentNode.insertBefore(r,o)}}(document,0,"infogram-async","https://e.infogram.com/js/dist/embed-loader-min.js"); Во Армијата жените...

Шекеринска: Законот во собраниска процедура е отскочна штица за сите проблеми во „Еурокомпозит“

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера во Прилеп истакна дека Законот за исплата на заостанатите побарувања на вработените, што го усвои Владата, а што е сега во собраниска процедура, ќе значи решение за децениските проблеми на вработените во прилепски „Еврокомпозит“. -Законот нема потреба од двотретинско мнозинство, така што не очекувам негативни изненадувања, очекувам силна поддршка од Собранието и силна поддршка кон решавање...

Прилеп им оддаде почит на десеттемина бранители што загинаа на Карпалак

Делегација на прилепските здруженија на бранители вчера изутрина положија свежи цвеќиња и им оддадоа почит на загинатите 10 прилепски бранители, коишто загинаа кај месноста Карпалак на автопатот Скопје - Тетово, на 8 август 2001 година, во време на воениот конфликт. Свежи цвеќиња беа положени и на нивните вечни почивалишта, а се одржа и панихида во црквата „Света Петка“ во населбата...

Армијата доби нови 125 професионални војници

Армијата на Република Северна Македонија од денеска во своите редови има нови 125 професионални војници, прва од двете планирани класи за оваа година. Минатата година беа примени 375 нови професионални војници. На свеченоста во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакна дека со приемот на овие 125 професионални војници, се подмладува армискиот состав, а се...

Вишокот од Министерство за одбрана ќе оди во пензија, старите војници во државна агенција

АРМ чистење одбрана војска
Околу 300 вработени во Министерството за одбрана (МО) ќе заминат од оваа институција, најголемиот дел во пензија. Истовремено, се подготвува решение за продолжување на кариерата на војниците по навршување на 45 години старост. Тие, заедно со цел еден сектор од Министерството, веројатно ќе станат дел од нова државна агенција која, во рамки на плановите за ослободување од несуштински дејности...

Годинава првпат по десет години курс за подофицери во АРМ

Војската годинава, по цели десет години, ќе спроведе курс за подофицери, со кој дел од професионалните војници ќе можат да напредуваат во кариерата и нивните тригодишни договори за работа да ги заменат со договор за вработување на неопределено време. Ваков курс последен пат бил спроведен во 2009 година, единствен пат во периодот на постојаните кратења на буџетот на одбраната од...

Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно

По 250 нови војници ќе се вработуваат секоја година, во рамки на трансформацијата на АРМ која почна со Стратегискиот одбранбен преглед (СОП), донесен минатата година, потврди Министерството за одбрана информациите за „Мета“. До утре трае јавниот оглас за прием на 125 професионални војници, првиот контингент регрути за годинава. Минатата година, со три конкурси, беа вработени 375 нови војници. Поради постојаните кратења...

Најголемата воена вежба во земјава ќе ја видат во осум градови

Осум градови во земјава ќе видат дел од војниците и опремата кои ќе учествуваат во досега најголемата и најсложената воена вежба во Македонија, „Одлучен удар“, која од денеска до 9 јули ќе се одржи на воениот полигон Криволак. На вежбата ќе учествуваат 2.600 војници од АРМ и од САД и стотина нивни колеги од Албанија, Бугарија, Црна Гора и...

Годинава 2.300 војници на АРМ во 30 вежби од Шпанија до Грузија

Војници од специјалните сили „волци“ на АРМ штотуку завршија воена вежба во Албанија, ренџери од Полкот за специјални операции учествуваат на американска регионална вежба во Хрватска, а пред нив, на истата вежба, но во Словенија, учествуваше вод од баталјонот за противвоздушна одбрана. Годинава 2.300 војници на АРМ учествуваат на 30 воени вежби од Шпанија до Грузија, вклучувајќи и две...

МО: Ревизорскиот извештај е потврда за тешката состојба која ја наследивме

Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) е уште една потврда за тешката состојба која Владата ја наследи и во Министерството за одбрана, нагласува Министерството во својот допис до „Мета“ по повод ревизорскиот извештај за 2017 година. При ревизија на сметката на основниот буџет на Министерството за одбрана за 2017 година, ревизорите констатирале  слабости во системот за јавни набавки во...

Ревизорите во Министерството за одбрана утврдиле незаконски набавки, нецелосен попис и неосигурен имот

Слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за буџетот на Министерствоот за 2017 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната...

Изборниот пост заврши, почнаа да фрчат огласи за државни вработувања

По неколкумесечната пауза во распишување огласи за вработување во државните органи и претпријатија поради одржувањето на претседателските избори, денеска Министерството за одбрана го „скрши мразот“ и распиша оглас за прием на цивилен персонал во служба во Армијата на Република Северна Македонија. Во огласот се бараат кандидати за вработување на неопределено време на работните места психолог во гарнизоните на АРМ во...

Министерството за одбрана ги бара парите за комуналии за воените станови

Општина Карпош и Градот Скопје да му вратат 10 милиони денари на Министерството за одбрана, за комуналиите за воени станови, бара ресорната министерка Радмила Шекеринска, по чиј налог во 2017 година е стопиран проектот „АРМ мој вистински дом“. Државниот завод за ревизија смета дека треба да се преиспита оваа одлука поради парите кои веќе се потрошени. Со проектот требаше во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...