fbpx
Таг: Арбер Адеми

таг: Арбер Адеми

Адеми: Не градоначалниците, туку наставниците ќе ги избираат директорите

Новиот закон за основно образование носи промена во начинот на избор на директорите на училиштата. Тоа денеска во Штип го најави министерот за образование и наука Арбер Адеми, нарекувајќи го новиот систем „департизација на училиштата“. За тоа кој ќе биде новиот менаџер во училиштата, според предлог-законот, ќе одлучуваат наставниците. -Во делот на деполитизација и департизација на училиштата, има големи промени од...

Нема кратење на бројот на часови – нашите деца учат 1,5 година помалку од оние во земјите на ОЕЦД 

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку. Ова го истакна министерот Арбер Адеми на прес конференција, информирајќи за новините во Законот за основно образование, чија примена...

Ученици подгответе се, национално тестирање во училиштата од септември

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна...

Aдеми: Учениците и наставниците да не се плашат од националното тестирање 

Одговорните во Министерството за образование и наука анализираат од кога би го вовеле националното тестирање за учениците, кое ќе биде своевидна замена на екстерните тестови. Министерот Арбер Адеми на со новинарите изјави дека заедно со Државниот испитен центар и Бирото за развој на образованието, ќе биде изготвен акциски план кој ќе биде претставен пред Владата, а ќе содржи чекори што...

Новото име во учебниците, сведителствата и во наставата ќе влегува во фази

Сите учебници што се користат во образовниот систем во сите нивоа на образование, како и целата педагошка евиденција што ја водат наставниците и професорите, вклучително и свидетелствата и сите официјални документи, ќе се менуваат во следните пет години. Согласно Договорот од Преспа, секаде каде што стои името „Република Македонија“ или „Македонија“ треба да се промени во „Република Северна Македонија“. - Посебна...

Проектот „Компјутер за секое дете“ оди во историјата, нема да има наследник

Иако за „Мета“ неодамна заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, најави наследник на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Арбер Адеми денеска изјави дека тоа сепак нема да се случи. Во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците. - Не велам дека е лоша идејата за компјутери во училиштата, но треба да се има...

Адеми: Пет отсто повисоки плати за наставниците од септември 

Во 2019 година, вкупно за образование ќе се трошат 26,1 милијарда денари, што е зголемување на буџетот за седум отсто повеќе од лани. Парите ќе се трошат меѓудругото, и за повисоки плати за наставниците, информира на брифинг со новинарите денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми. - Минатата година имаше зголемување на платите за пет отсто, а за уште...

„Порталб“: Министерството за образование не кажува каде ги троши народните пари

Министерот Арбер Адеми и Министерството за образование и наука се нетранспарентни, не ги почитуваат барањата на медиумите, а со тоа и правото за информирање на населението, со чии пари се плаќаат и вработените и министерот Адеми, пишува „Порталб“. МОН немаше јавна презентација на буџетот и планираните инвестиции за 2019 година, и иако повеќе од два месеци „Порталб“ го барал овој...

Сипаниците може да го одложат почетокот на второто полугодие

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од сипаници, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен, ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие, кое по правило треба да започне на 21 јануари, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми. Во МОН потсетуваат дека...

Екстерното се укина, државното никако да почне

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не ја информирал подетално јавноста во врска...

Атанасов: Учебниците доцнат, но не се потпирајте само на нив

И оваа учебна година започна без учебници во основното и во средното образсование. Добар дел од оние од лани и од изминатите години се стари, искинати, мрсни, ишарани и оштетени, па родители по социјалните мрежи реагираа дека сами ќе купат нови комплети бидејќи е невозможно да се учи од партали. По неуспешниот обид за ова да поразговаравме со првиот човек...

Во новата учебна година со корегирани 22 учебници

За учебната 2018/2019 Министерството за образование и наука низ училиштата ќе достави 22 корегирани учебници, а од оваа учебна година сите учебници што бесплатно им се даваат на учениците ќе бидат достапни и во слободнна продажба, по истата цена по која ги откупува министерството, рече на прес-конференција министерот Арбер Адеми. Станува збор за учебниците по математика од прво до деветто...

Адеми најави реконструкции на училишта и домови и изградба на нови објекти

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска најави реконструкции на училишта и ученички домови, како и завршување на започнатите реконструкции на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, но и изградба на нови училишни објекти. Ќе се вршат реконструкции на училишта или изградба на нови училишни објекти во општините Боговиње, Студеничани, Демир Капија, Чаир и Струга. Предвидена е и комплетна реконструкција...

Адеми – Бејли: Комплексноста на ситуацијата бара брзо решение за излез од кризата

Комплексноста на ситуацијата во Македонија, во регионот и пошироко, во Европската Унија, налага земјава што побргу да најде излез од политичката криза, „користејќи ги расположливите политички и институционални капацитети, за враќање кон реформскиот курс“. Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања, Арбер Адеми, на денешната средба со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Околу актуелната политичка состојба во земјава, Адеми...

Хан ја предаде донацијата од ЕУ на граничната полиција и на ЦУК

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, денеска во Министерството за внатрешни работи ја предаде донацијата од 33 теренски возила наменети за зајакнување и за модернизирање на капацитетите на македонската гранична полиција и на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Хан, во своето обраќање по повод примопредавањето на донацијата, истакна дека таа е силен знак за блиската соработка меѓу „семејството...

Вицепремиерот Адеми на средба со еврокомесарот Хан

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. На средбата, соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми поврзани со европската интеграција на земјата, особено за политичката состојба, изборниот процес, поддршката од Европската Унија и за миграцијата. Како што информираат од кабинетот на Адеми, тој го информирал Хан за...

Експертите на ЕУ дале насоки за санирање на штетите од поплавите

Питер Глерим, лидерот на тимот експерти на Европската Унија кои минатата недела пристигнаа во земјава преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, на денешниот втор координативен донаторски состанок за поплавите, меѓудругото ги презентирал „советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...