fbpx
Таг: аптека

таг: аптека

Од утре се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките

Граѓаните од утре во аптеките ќе можат да подигнат лекови без да стравуваат дека се потрошени залихите. Со воспоставувањето на новиот систем за подигање лекови ќе нема квоти за лековите од позитивната листа, со што на граѓаните ќе им се овозможи во било која аптекада го добијат неопходниот лек. Воедно, кај матичните лекари и во аптеките ќе се врши препишување...

Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија. Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари...

Ограбена аптека во Скопје

Непознато лице со закана со нож ограбило аптека синоќа во 21 часот на улица Бутелска во Скопје. Напаѓачот со нож им се заканил на вработените и ги украл парите од дневниот промет. Екипа на полицијата извршила увид на местото на настанот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Ограбена аптека во Радишани

Вработена во аптека во населба Радишани синоќа во 21 часот пријавила во полиција дека непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со нож од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Разбојник ограбил аптека во ТЦ „Буњаковец“, со закана дека ќе ја зарази вработената со сида

Синоќа, околу 18.30 часот, непознат сторител извршил разбојништво во аптеката „Виола“, во трговскиот центар „Буњаковец“, од која однел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии таблети „вијагра“. Како што информираат од полицијата, кога влегол во аптеката, разбојникот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му ги даде парите, ќе ја зарази со сида. Откако ги зел...

Ограбена аптека на „Зегин“ во центарот на Скопје

Вчеравечер, околу 20.30 часот, во полиција било пријавено дека во аптека на „Зегин“, во кругот на Зелен пазар во Скопје, било извршено разбојништво од две маскирани лица, информираат од МВР. Според полицијата, разбојниците, заканувајќи се со нож, одзеле 8.000 денари од дневниот промет. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за расчистување на случајот.

Кумановец осомничен дека шверцувал лекови од Косово

Кумановската полиција поднела кривична пријава против 41-годишниот А.И. и приватната аптека „Шпенди фарм“, поради сомнеж за недозволена трговија и за шверцување, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, осомничениот А.И. во јули минатата година од Косово набавил поголемо количество лекови, чиј промет е ограничен и кои не биле евидентирани во регистарот на лекови во Македонија, за да ги препродава во својата аптека. Според полицијата,...

Ограбена аптека во Тетово

Вчера, околу 19.40 часот, во аптека „Виталек“ лоцирана на улицата Борис Кидрич во Тетово, непознато маскирано лице извршило разбојништво над вработената, при што ѝ се заканил, ја удрил со рачка од пиштолот во пределот на главата и ѝ ги одзел дневниот промет околу 23.000 денари, еден мобилен телефон и уште 470 денари. Извршен е увид на местото на настанот и...

Грабеж во аптека „Зегин“ на Партизанска

Вчера, во 20.15 часот, во Скопје, на булеварот Партизански одреди, во аптека „Зегин“ биле ограбени две вработени од две непознати маскирани лица, од кои едното било вооружено со пиштол, при што одзеле околу 60.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ограбена аптека на „Зегин“

Вчера, околу 21 часот, во Скопје на улицата Московска, во аптеката „Зегин“, две непознати маскирани лица, од кои еден вооружен со пиштол, извршиле разбојништво над вработената, при што одзеле околу 20.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Разбојници однеле 30.000 денари од аптека во Чаир

Двајца маскирани и вооружени разбојници вчеравечер ограбиле апетка во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.45 часот, на улицата Џон Кенеди, кога двајцата маскирани влегле во аптека на „Зегин“ и заканувајќи им се со пиштол на двете вработени, однеле околу 30.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, чии екипи извршиле увид на местото и...

Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

Две маскирани лица вчеравечер извршиле разбојништво во аптеката „Голд мун“ на улицата Лазо Трповски во Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20.20 часот, кога две маскирани лица влегле во аптеката и, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзеле 18.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на разбојниците.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...