fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Вистиномер: Бил Гејтс не е уапсен

Веста за навдното апсење на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс најпрво ја објави портал за сатирични содржини. Во делот „за нас” на сајтот, се вели дека информациите објавени на него се информативни едукативни и за потребите на забавата. Овој сајт содржи хумор, пародии и сатира. Самиот портал додава дека го вклучува ова предупредување за своја заштита и за да...

За пожарот кај Француски гробишта во Скопје приведен 87-годишен старец

На улицата „Самоилова“ во Скопје вчера во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(87) од Скопје, поради сомнение дека го предизвикал пожарот во близина на Француските воени гробишта на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Тој бил затекнат на местото каде...

Вистиномер: Не е вистина дека Каракачанов е уапсен

Постот што го анализира Вистиномер, а кој го пренесуваме во целост, е класична дезинформација. Бугарските медиуми пред еден месец известуваа за истрагата на набавките кои Каракачанов ги вршел додека бил министер за одбрана. Но, никаде не се спомнува апсење на Каракачанов, ниту, пак, дека е побаран притвор за него. Доколку отидете на официјалниот Фејсбук профил на Каракачанов, ќе видите дека...

Одбраната на Мијалков тврди дека обвинението за случајот „Тортура“ е непоткрепено со докази

Одбраната на Сашо Мијалков на денешното изнесување на завршните зборови во случајот „Тортура“ изјави дека поднесеното обвинение против него претставува гола формулација што е непоткрепена со докази. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски рече дека Мијалков не поттикнал мачење, нечовечко и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошковски. Покрај поранешниот директор на УБК којшто е осомничен за кривично дело „мачење и...

Во Русија нови протести против апсењето на Алексеј Навални

Властите во Москва ги затворија метро станиците и го ограничија движењето во очекување на нов голем протест во главниот град на Русија проти апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, откако во други големи градови во Русија, во други временски зони, почнаа протестите. Ресторани и други угостителски објекти во Москва ќе бидат затворени, а надземниот сообраќај ќе биде пренасочуван. По протестите изминатиот...

Европа и светот бараат итно ослободување на Алексеј Навални

Откако вчера веднаш по слетувањето во Москва, Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозиционер и жесток критичар на претседателот Владими Путин, беше уапсен од руската полиција, врвни светски водачи и политичари побараа тој да биде итно ослободен. Алексеј Навални вчеравечер) се врати во Русија, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на...

Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва

Најголемиот руски опозиционер и остар критичар на власта Алексеј Навални по неговото пристигнување на московскиот аеродром Шереметјево е уапсен откако ја минал пасошката контрола, јавија руски медиуми. Алексеј пристигна на аеродромот вечерва во 20 часот по московско време, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на лекување во Берлин. Претседателот на...

Масовно се споделуваат дезинформации дека Италија бара да се уапси Бил Гејтс

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info анализира едно видео на италијански...

Кризниот штаб на Србија не е формиран пред сите на Балканот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Новинарка во Србија уапсена, па пуштена оти пишувала за хаос во Клиничкиот центар Војводина

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека ќе се укине уредбата за централизирано информирање во врска со корона вирусот, откако вчеравечер една новинарка беше уапсена „поради ширење паника и предизвикување немири“. Брнабиќ нагласи дека тоа ќе се случи по молба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а дека одлуката за уредбата била нејзина и била глупава. - Тоа е моја глупост...

Актерката Силвија Стојановска осомничена за давање логистичка поддршка на нејзиниот сопруг во шверц на дрога

Сопругот на актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавјевиќ, е првоосомничениот за организирање шверц на кокаин, а Стојановска е осомничена за давање поддршка во неговите криминални активности, соопшти МВР. Станува збор за меѓународна акција за сузбивање шверц на вкупно 700 килограми кокаин од Колумбија во Европа. Уапсени се вкупно пет лица - покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг Воислав...

Спротивставени реакции на власта и опозицијата по приведувањето на Јанева

Власта и опозицијата излегоа со дијаметрално спротивни реакции по проведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева. Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска изјави дека одговорност за предметот „Рекет“ мора да има за секој инволвиран, повикувајќи на темелна и независна истрага за овој случај. Хоџа наведе дека со денешното приведување на Катица Јанева се потврди оти пред правдата и законите буквално секој е...

Обвинителството бара притвор за Катица Јанева за случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврди републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Поранешната шефица на СЈО е новото осомничено лице во предметот „Рекет“, а се товари за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Обвинителката Вилма Русковска на денешната прес-конференција потврди дека уапсената Јанева прво е однесена во просториите...

Приведена Катица Јанева

Полициски сили предмалку влегоа во домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, специјалната јавна обвинителка е приведена. Како што потврдија од Обвинителството, Катица Јанева е приведена поради кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ за предметот „Рекет“, за кој веќе се во притвор Бојан Јовановски...

Дел од медиумите во земјава дезинформира за интервенцијата на косовската полиција во Митровица

Интервенцијата на косовската полиција во северниот дел на Митровица, каде што живеат мнозинство Срби, во српската пропаганда против Косово ги вклучи и медиумите од Македонија, кои земајќи ги за единствен извор на информации само српските медиуми, на интервенцијата на Специјалната единица на Косово на 28 мај 2019 година ѝ припишаа „национализам или интервенција на Албанците против Србите“, пишува „КриТинк“. Но,...

Уапсен државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Јахи Јахија од Куманово, денеска бил уапсен бидејќи е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Неофицијално, тој се товари за земање на провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА-фондови. Во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА.

По утринските апсења, во Косово мирно, но напнато

  По утринското апсење од страна на членовите на специјалната единица РОСУ, на северот на Косово е мирно, но напнато, јави агенцијата Бета. Не е сигурно што ќе се случува до крајот на денот, така што граѓаните се собираат во групи во градовите. Денес во училиштата во Косовска Митровица не се одржуваше настава. Српскиот претседател Александар Вучиќ во парламентот на Србија рече дека...

Полицијата апсела во Гази Баба, Синѓелиќ и Арачиново барајќи дрога

Во голема полициска акција вчеравечер и ноќеска, полицијата извршила претреси на повеќе локации и домови во Гази Баба, Арачиново и Сингелиќ, а привела и неколку лица. Повеќе детали се најавени за денеска. Акцијата во интервју за телевизијата „21“ ја потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но не сакаше да дава повеќе детали. - Не очекувајте дека акциите ќе ги...

Џулијан Асанж уапсен во Лондон, Еквадор го повлече азилот

Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде ги мина изминатите седум години без да излегува надвор. Тој побара азил поради обвинувања за силување во Шведска, кои подоцна беа отфрлени. Асанж тврдеше дека овие обвинувања се само маска за негово испорачување од Шведска за САД,...

Пратеник на српската СНС: Бегството на Груевски е најдоброто решение

Бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од земјата е најдоброто решение, оти со тоа „американскиот пион Зоран Заев на подолго време загуби адекватен противник на политичката сцена, а Груевски не лежи робија за глупост, порачува во колумна објавена во вчерашниот број на српскиот весник „Блиц“ парламентарецот и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Владимир Ѓукановиќ. Во колумната во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...