fbpx
Таг: апоени

таг: апоени

Народна банка ги претстави првите полимерни банкноти, кои од 15 мај влегуваат во оптек

Народна банка го претстави сликовниот приказ на првите полимерни банкноти на Македонија, кои на 15 мај влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари. „Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност е материјалот кој се користи како подлога за печатење. Хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен...

Пластифицирани пари од 10 и 50 денари ќе се пуштат во употреба, книжните се повлекуваат

Народна банка ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер (пластифицирани), во апоени од 10 и 50 денари, информираат од таму. „Истовремено беше донесена и одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари кои што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа...

Утре ќе се пуштат во оптек апоените од 200 и од 2.000 денари

Утре (15 декември), Народна банка ќе ги пушти во оптек двете нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Воведувањето на двата нови апоени од 200 и од 2.000 денари, пак, е прва промена што се спроведува по период од 20 години. „Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и...

Се повлекува малку користената петилјадарка, се пуштаат банкноти од 200 и од 2.000 денари

На 15 декември, Народна банка ќе пушти во оптек две нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Оваа одлука била усвоена на седницата на советот на Народна банка, а, како што велат, произлегла од потребата за „ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.“ Во врска со...

 Кражба во Шарената џамија во Тетово 

Непознати сторители извршиле кражба на парични средства во Шарена џамија во Тетово, утринава околу 3.45 часот. Откако насилно ја отвориле дрвената кутија за доброволни прилози од верниците, поставена на sидот пред влезот на џамијата, одзеле околу 9.000 денари во разни апоени, а потоа незабележани од никого се оддалечиле. Се преземаат мерки и активности за расветлување на случајот и за откривање на сторителите....

Новите апоени од 200 и од 2.000 денари ќе излезат кон крајот на годинава

Новите банкноти од 200 и 2.000 денари треба да бидат пуштени во оптек кон крајот на оваа или на почетокот од следната година, информираат од Народна банка. Одлука за официјалното пуштање во промет треба да донесе Советот на Народна банка, а подготовките се сè уште во тек. Избрана е компанија што ќе ги печати, а планирано е да се произведат по 10 милиони парчиња...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...