fbpx
Таг: Апелациски суд

таг: Апелациски суд

Апелација со признавањето на „бомбите“ го крши законот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Апелацискиот суд не смее да донесува одлуки спротивни на законот, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на судот прислушуваните разговори да може да се користат како докази во судската постапка за случајот „Триста“ на СЈО. „Апелацискиот суд, со одлуката со која ја уважува жалбата на СЈО за признавање на нелегално стекнатите разговори како доказ во кривична...

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Триста“ на СЈО, пресече Апелација

Прислушуваните разговори ќе се користат како доказ во судската постапка за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинет е помошникот-министер во МВР, Ѓоко Поповски, одлучил Апелацискиот суд. Оттаму денеска соопштија дека Кривичниот совет на судот во понеделникот оваа недела одржал седница, по која донел одлука да ја уважи жалбата на СЈО и да го преиначи решението на Основниот...

Mилошоски: Апелација потклекна на притисоците да се скрие криминалот на Заев

Апелацискиот суд не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку, порача Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на партиската прес-конференција во врска со одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во случајот „Шамари“

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка. „Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јавното обвинителство...

Шилегов: Со бегството, Грујовски и Бошковски ја потврдија оправданоста на одредениот притвор

Смисленото бегство на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, обвинети за тешки кривични дела, е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомневања за нивната вмешаност во делата за кои се товарат, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено,...

Распишана меѓународна потерница за Грујовски и за Бошковски

Министерството за надворешни работи соопшти дека побарало од судот да се распише меѓународна потерница за Горан Грујовски и за Никола Бошковски откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата, но полицијата не успеа да ги пронајде. МВР денеска преку соопштение информираше дека по наредба од Апелацискиот суд, била распишана национална потерница и биле извршени проверки на...

Врховен суд го потврди притворот за Грујовски и за Бошковски, Јакимовски останува без пасош

Врховниот суд денеска ја одбил жалбата на бранителите  на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и ги потврдил решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата, се вели во соопштението. Петчлениот совет на Врховниот суд истовремено ја уважил жалбата на бранителите на обвинетиот Тони Јакимовски, поранешен функционер...

Одбиени жалбите во случајот „Тендери“, Канческа-Милевска останува без пасош

Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“. Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд за Канческа-Милевска и за другите обвинети да им бидат одземени патните исправи и да се јавуваат во судот еднаш неделно. СЈО во жалбата бараше на Канческа-Милеска и...

Апелација одлучува за „Тендери“, Канческа-Милеска изненадена од барањето за притвор

Навистина сум многу изненадена од мерките што ги бара СЈО бидејќи не постои причина, ниту најмала, што оди во насока на попречување на самата постапка, бидејќи секогаш уредно сум се јавувала на поканите на СЈО, изјави денеска поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка, Елизабета Канческа-Милеска, по јавната седница во Апелацискиот суд. Ексминистерката е обвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со...

Апелација ги одби жалбите во случајот „Титаник“ – нема притвор за Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер, Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на експремиерот Груевски, сите обвинети во случајот „Титаник“, остануваат без пасошите, одлучи Апелацискиот суд Скопје. Информацијата ја потврдија од судот, а одлуката ќе биде објавена утре. Дел...

Груевски во Апелација: Се подготвувам да победам на избори, не да бегам

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Апелацискиот суд изјави дека се подготвува да победи на избори, а не да избега од земјава. Груевски во Апелацискиот суд, каде на јавна седница се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“, дојде половина час порано, придружуван од неговите адвокати Боро Тасевски,...

Бубевски: Бараме притвор за Груевски за да обезбедиме негово присуство

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, денеска побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи, како што рече, само така може да се обезбеди негово присуство. Бубевски рече дека не може да му се достави покана на Груевски и дека лидерот на опозициската партија примил само една покана, на 6 април 2017 година. – Не успеавме да најдеме...

Бубевски: Одложување на решение за притвор не постои никаде во светот, освен во Македонија

Не постои пример во светот каде се одложува спроведувањето на судско решение со кое е определен притвор, освен во Македонија. Ова е оценката на обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на ситуацијата во која Горан Грујовски (поранешен началник на петтата управа), Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков) и Никола Бошковски (вработен во УБК) нема да...

Советот на Врховниот суд што го ослободи Кочан треба да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и уште четворица судии треба да одлучуваат по жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на кои Апелацискиот суд Скопје вчера им одреди мерка притвор. Апелацискиот суд вчера соопшти дека ги прифатил жалбите на СЈО и донел одлука да ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Апелација за одземените пасоши не кореспондираат со реалноста

Одлуките на Апелацискиот суд, со кои не се вратија патните исправи на лицата што се политички гонети од Специјалното јавно обвинителство, се конформистички и не кореспондираат со реалноста, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓоѓиевски, член на централниот комитет на партијата денеска пред Апелацискиот суд Скопје изјави дека „одлуките се донесени повеќе како компромис“. - За да не изгледа дека судот ги отфрлил...

Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

Жалбата за мерката на претпазливост која ѝ беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која беше денеска објавена на веб-страницата на судот. Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е одземен и таа треба еднаш...

ВМРО-ДПМНЕ: Барањата од СЈО за притвори и одземање пасоши се политичка пресметка

Преку две прес-конференции денеска ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се груб политички обид за притисок врз Апелациониот суд за тој да не ги поништи одлуките за одземање на патните исправи донесени во првостепена постапка. - Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на партијата се донесени под притисок....

ТЕ–ТО го доби спорот со „Топлификација“

Апелацискиот суд во Скопје донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на ТЕ-ТО АД, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист на „Топлификација“ АД, на што...

Грчкиот суд одлучи да се екстрадира пребеган македонски специјалец од „Диво Насеље“

Грчкиот Врховен суд одлучи да се екстрадира македонскиот државјанин Дејан Вуковиќ, поранешен началник на антитерористичка единица на Македонија. Според информациите во Грција, за него има потерница во Македонија откако тој избегал од државата по неговото апсење за поседување бомба и марихуана во септември 2016 година. За конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер за правда, а во исто...

Додевски: Судот незаконски издал наредба за притвор и потерница за Сеад Кочан

По 17.20 часот денеска, решението за притвор против Сеад Кочан ќе биде неважечко, ако не биде доставено до Апелациски суд. Судот незаконски, пред да стане правосилно решението за притвор против осомничениот Сеад Кочан, издал наредби за притворање и за издавање потерници, што претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото, вели адвокатот на Кочан, Никола Додевски, во соопштение...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...