fbpx
Таг: Апелациски суд Скопје

таг: Апелациски суд Скопје

Апелација ја потврди четиригодишната затворска казна за напаѓачот на Шекеринска

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата на Панче Ангелов за четиригодишната затворска казна што му ја одреди Кривичниот суд за нападот на Радмила Шекеринска, тогашна пратеничка, а сега актуелна министерка за одбрана, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, пренесува „Телма“. Со одлуката Апелацискиот суд ја потврди пресудата и висината на казната што на Ангелов му...

Од утре нов круг на одлуки за притворите на осомничените за 27 април

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Кривичниот суд со кое му беше продолжен притворот на режисерот Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Со ова, Апелација ги одби жалбите и им го потврди притворот на сите осомничени на кои им беше продолжена мерката, меѓу кои, покрај...

Не сум сторила тероризам, со моето апсење е прекршен Уставот, рече Пешевска во Апелација

Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Повреден е законот и Уставот со моето апсење. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје за продолжувањето на куќниот притвор кој и беше изречен,...

И Мукоски останува во притвор, одлучи Апелација

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата за продолжувањето на притворот и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, осомничен за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април. Второстепениот суд за жалбата на Мукоски одлучувал на затворена за јавност седница. Со одлуката на Апелација Мукоски останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, кој на 27 декември, минатата година...

Арнаудов и Василевски остануваат во „Шутка“, а Тарчуловски во куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје денеска на затворени седници ги одби како неосновани жалбите за продолжениот притвор на уште седуммина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Меѓу осомничените чии жалби се одбиени се и пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски. Со денешните одлуки Арнаудов и Василевски остануваат во притвор во истражниот затвор „Скопје во „Шуто Оризари“, додека...

Апелација денеска на затворени седници ќе одлучува за уште девет жалби за 27 април

Апелацискиот суд Скопјe и денеска ќе разгледува жалби за продолжувањето на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, потврдија за „Мета“ од судот. Оттаму велат дека денешните седници ќе бидат затворени за јавноста, бидејќи никој од осомничените не побарал нивните жалби да бидат разгледани на јавна седница. Како што ни изјавија од судот, станува збор за осум или...

Апелација ги одби жалбите на Чавков, Јовановски, Дурловски и Илиевски

Апелацискиот суд ги одби жалбите на единаесетмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски и Богдан Илиевски - Бетмен, кои и понатаму остануваат во притвор што им го одреди и продолжи Кривичниот суд. Дел од одлуките на...

Апелација ќе ја разгледува жалбата на Василевски за притворот за 27 април

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје денеска ќе ја разгледува жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Јавната седница на која ќе се разгледува жалбата е закажана во 12.30 часот. Кривичниот суд во Скопје на 27 декември, минатата година на Василевски, Крсто Мукоски и на Љубен Арнаудов им го продолжи...

Чавков: Ова е апсурден процес што е дамка на македонското правосудство

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, тврди дека со материјални докази ќе потврди дека раководел со акцијата за смирување на состојбата во Собранието по насилствата на 27 април минатата година и дал клучен придонес. Тој го нарече случајот против него темна дамка за македонскиот кривично-правен систем. На денешното разгледување на неговата жалба за новиот притвор од 30...

Пепиќ вели дека во Собранието бил службено, а по негова идеја ја евакуирале Шекеринска

Мунир Пепиќ, полицискиот службеник осомничен поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, до Советот кој во Апелациски суд – Скопје денеска ја разгледува неговата жалба за новиот притвор, рече дека во Собранието бил на задача оти следел едно лице, а потоа помогнал во евакуацијата на Радмила Шекеринска. Неговиот адвокат Еленко Миланов од Советот на скопска Апелација, кој решава...

Апелација ќе решава за притворите на Чавков, Дурловски, Пепиќ и Лазаров за 27 април

Апелацискиот суд Скопје покрај жалбите на Мунир Пепиќ, од Агенцијата за разузнавање и на Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР, денеска на јавна седница ќе расправа и за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков и на поранешниот директор на Македонска опера и балет (МОБ), Игор...

Апелација денеска ќе одржи јавни седници за жалбите на притворените за 27 април

Апелацискиот суд за денеска ги закажа јавните сендици на кои ќе се разгледуваат жалбите на дел од притворените за насилствата во Собранието од 27, април, минатата година. Првата седница, како што информираат од Апелација, е закажана во 14 часот, откако второстепениот суд вчера ги добил одговорите на жалбите од Вишото јавно обвинителство. Јавни седници за разгледување на жалбите побараа актерот Владо...

И денеска нема јавна седница на Апелација за притворите на осомничените за 27 април

Апелацискиот суд Скопје ниту за денеска не ги закажа јавните седници на кои треба да се разгледуваат жалбите за продолжувањето на притворите за дел од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Како што велат за „Мета“ од судот, сè уште се чекале одговорите на жалбите од Вишото јавно обвинителство. Од Апелацискиот суд ни потврдија дека се чекаат...

Апелација досега не добила ниту една жалба за продолжениот притвор на осомничените за 27 април

Во Апелацискиот суд Скопје сè уште не пристигнала ниту една жалба на одбраната за продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, велат за „Мета“ од судот. - Досега ниту жалба не е пристигната. Кога ќе пристигнат, ќе видиме колку се и ќе ги разгледаме предметите- ни изјави судијата на Апелацискиот суд Скопје, Сафет...

Апелација: Кривичен повторно да одлучува дали ќе се користат снимките со Заев за „Поткуп“

Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува дали снимката од посебните истражни мерки ќе се користат како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Апелацискиот суд денеска соопшти дека донел одлука со која се укинува претходната одлука на Кривичниот суд - снимката да биде дел од доказниот материјал, и...

Одложено судењето на Заев за „Поткуп“, се чека одлука на Апелација за снимките

Денешното рочиште од судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се одложи за 29 јаниуари, следната година, бидејќи предметот е во Апелацискиот суд Скопје кој треба да одлужува по жалбата на Заев околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судската постапка. Одбраната на Заев бара снимката од ПИ-мерките да...

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Титаник“ на СЈО, одлучи Апелација

Повеќе од 1.000 прислушувани разговори ќе се користат како доказ на судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката на Апелацискиот суд слeди по вчерашната јавна седница во судот, на која се расправаше по жалбата на СЈО на решението на Кривичниот суд од 20 октомври, со кое прислушуваните разговоти, т.н. „бомби“, беа издвоени од...

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа што судијата известител по овој...

Апелација денеска ќе одлучува дали снимките за Заев ќе бидат доказ во „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои...

СЈО: Судијката Бахчованска антидатирала одлука за отфрлање на „бомбите“ како доказ

Специјалното јавно обвинителство поднело претставка до Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, против судијката Моника Бахчованска од скопскиот Кривичен суд. СЈО бара од Советот да ја испита работата на судијката Бахчованска поради наводи што укажуваат на нестручно и несовесно вршење на судиската функација. Во претставката на СЈО се наведени околности кои укажуваат на тоа...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...