fbpx
Таг: Апелациски суд Скопје

таг: Апелациски суд Скопје

Апелација потврди: Владата и ДИК ги дискриминирале лицата со попреченост

Апелацискиот суд Скопје потврди дека Владата и ДИК направиле прекршување на правата на лицата со попреченост, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. Апелациониот суд Скопје со пресудата од 30.10.2023 година во целост ја потврдил пресудата на Основниот граѓански суд Скопје од 31.03.2023 година. Тоа фактички значи дека Владата и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при...

Возачот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче во Велес ќе одлежи 10 години помалку

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на велешанецот Ангелче Николов кој пред осум месеци возејќи со голема брзина, под дејство на алкохол, на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова од Велес и му ја преиначи казната од осумнаесет на осум години затвор. Со ова преиначување на пресудата на Основниот суд во Велес, на Николов фактички казната му...

Aпелација ги потврди казните за убијците на Денис Тот

Скопскиот Апелациски суд ја одби жалбата на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот како неоснована. Тоа ќе значи дека тој ќе треба да издржи казна затвор во траење од 18 години. Делумно уважени се жалбите на осудените Клементина Лефковска и Андреј Костовски. Убијците на Денис Тот добија вкупно 52 години затворска казна. По 18 години затворска...

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската казна на поранешниот премиер Никола Груевски од седум на девет години. Со првичната пресуда на Основниот кривичен суд од Скопје Мијалков беше осуден на една година и три месеци затвор за...

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков за случајот „Тортура“

Апелациониот суд-Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и припадниците на поранешната полициска единица „Алфи“ во случајот „Тортура“, откако претходно ослободителна пресуда донесе и Кривичниот основен суд. „Советот на Апелациониот суд-Скопје утврди дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на одредбите на ЗКП, а фактичката...

Порталб: Скопска Апелација донела одлука за случајот „Монструм“, но се очекува да ја објави во септември

Апелацискиот суд во Скопје ја донел одлуката за случајот „Монструм“, по одржаната јавна расправа на 18 март годинава, но таа не може да се објави бидејќи сѐ уште не е напишана и потпишана, известува Порталб.мк. „Ве известуваме дека предметот КОК-66/17 на Основен кривичен суд Скопје е доставен на одлучување по жалба до Апелациониот суд и е со број КОКЖ-109/21, за...

Порталб: Во Апелација молк по скандалозното ослободување на Мијалков од притвор

Остри реакции уследија откако Апелациониот суд завчера одлучи да го ослободи од притвор поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков, кој со првостепена одлука во два предмети е осуден на вкупно 20 години затвор, а осомничен е и во неколку други случаи. Ослободувањето на Мијалков од притвор е скандалозно и поради тоа што во февруари годинава Мијалков избега на три...

Сашо Мијалков повторно во притвор – за друг судски случај

За помалку од половина ден, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вчеравечер повторно доби притвор од Основниот кривичен суд во Скопје. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бил поднесен предлог за определување на мерка притвор, и тоа за случајот „Плацевите на Водно“ каде Мијалков е обвинет за помагање при кривичното дело „Перење пари и други...

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе излезе на слобода, бидејќи Апелациониот суд Скопје му ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра што ја има дадено за замена на притворот со мерки за претпазливост. Апелација ја прифатила жалбата на Сашо Мијалков, со што решението за притвор е преиначено со мерки за одземање на неговиот пасош и обврска редовно да се јавува...

Апелација ја потврди казната од 1,5 години затвор за Груевски за шамарите пред Општина Центар

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна од 1 и пол година за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Насилство во општина Центар“, којшто се однесува на шамарите и демолирањето на бараките на Општина Центар во периодот на неговото владеење. „Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен...

Обвинителство: „Гаќите“ на Рускоска треба да се разберат како моментално разочарување

Откако Апелацискиот суд денеска ја објави содржината на СМС пораката што првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, вчеравечер ја испратила на еден од членовите на Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје кој решавал за пуштање на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и порача дека се работи за директна закана и директно мешање во...

Рускоска: Ако сте ја пуштиле Катица, од гаќи ќе ве истресам!

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“ Ова е содржината на СМС-пораката што според Апелациски суд Скопје, првиот човек на Обвинителството за организиран...

„Војна“ меѓу Русковска и судиите од Апелација што ја пуштија Јанева

По одлуката на Апелацискиот суд Скопје поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева да излезе од притворот во Шутка и да издржува домашен притвор во станот на нејзиниот син, изби „војна“ помеѓу првиот човек од Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и Апелацискиот суд во Скопје, пишува СДК.мк. Според овој медиум, Русковска вчера му испратила смс порака на еден...

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно...

Одбиени првите барања на Груевски, сега се бара изземање на судијката-известител

Откако по два и пол часа заседавање Врховниот суд попладнево го одби барањето на адвокатите на Никола Груевски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелациски суд, одбраната повторно побара изземање, овојпат на судијката - известител, Тања Милева. Апелацискиот суд денеска на јавна седница треба да решава за жалбата на Никола Груевски и на поранешниот помошник-министер во МВР,...

Во судовите функционирал двоен АКМИС – рачен и компјутерски

Извештајот за користењето на информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС) открива дека тој во голема мерка не функционирал, како и дека повторно во движењето на предметите решавал човечкиот фактор, открива извештајот на Работната група формирана од Министерството за правда. Актуелната министерка Рената Дескоска го објави извештајот на групата вчера и од него се гледа дека во Основен суд...

Ивона Талевска вели дека не била виновна, ама морала така да каже

Иако пред само пет месеци призна вина, новинарката Ивона Талевска вчера на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје негираше каква и да е нејзина виновност за милионското даночно затајување за коешто беше осудена во предметот наречен „Тифани“, јави ТВ 24. - Јас и ден-денес не чувствувам вина, но поради медиумската хајка, која што трае повеќе од една година, сметав...

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март, се чека одлуката на Апелација за Мијалков

Првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска е одложено, бидејќи како што соопшти судијката Александра Ристеска, Апелацискиот суд сè уште не донел одлука по жалбата на СЈО дали и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе му се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе има кога судот ќе ги ослободи сите притворени за 27 април

Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Правната држава ќе почне да функционира само тогаш кога ќе бидат укинати и домашните притвори и кога ќе бидат отфрлени неоснованите обвиненија за тероризам. Судот мора да биде на...

Дамовски, Илиевски и Арнаудов излегуваат од „Шутка“, Апелација им одреди куќен притвор

Организаторите на протестите на „За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски и пратеникот Љубен Арнаудов, излегуваат од истражниот затвор „Скопје“, откако Апелацискиот суд Скопје им ги прифатил жалбите и им ја заменил мерката притвор со куќен притвор и да им бидат одземени пасошите, потврдиле за „Телма“ од судот. Дамовски, Илиевски и Арнаудов се меѓу 35-те осомничени за насилствата во...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...