fbpx
Таг: Апелационен суд

таг: Апелационен суд

Гордана Јанкулоска излегува од затвор на 1 ноември, одлучи Апелација

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе излезе од затвор на 1 ноември. Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудената, со кое ја отпушта осудената на 1 ноември од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, да не стори ново кривично дело, соопштија оттаму. „Судот ги ценеше личните прилики на...

Апелација: Условни казни за Јанкулоска, Протуѓер и Пепиќ, а за Јанакиески 3,5 години затвор за „Титаник“

Апелациониот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“. Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на единствена казна затвор од...

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ падна на Апелација

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, соопштиja во судот. Случајот беше отворен за масовното нелегално прислушување, а резултираше со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. „Судот известува дека постапувајќи...

Апелациониот суд ја укина осумгодишната казна за Сашо Мијалков

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој од Кривичниот суд беше осуден на осумгодишна казна затвор. „Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од...

Апелациониот суд ги намали казните на осудените за „27 април“

Апелациониот суд Скопје ги намали за една до две години затворските казни на осудените за крвавиот четврток кои се товарат за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за инцидентот на 27 април 2017 година. Судот со тоа ја потврди првостепената пресуда за вина за стореното кривично дело, но и делумно ги уважи жалбите на обвинетите. Со преиначена пресуда, поранешниот шеф...

Порталб: Апелација ја намали казната за убиството на Алмир од 6 на 4 години затвор

Апелациониот суд официјално потврди за „Порталб.мк“ дека ја смениле првостепената одлука за случајот „Алмир Алиу“, со која на Бобан Илиќ, кој со автомобил усмрти 4-годишно дете од Куманово. Казната е намалена од 6 години на 4 години затвор, додека остатокот од одлуката останува ист, односно таткото на Алмир е осуден на 6 месеци, додека другите двајца членови на семејството...

Ѓорѓиевски: Апелацискиот суд го погреба концептот на правна држава

Вчерашната одлука на судот го погреба концептот на правна држава, изјави денеска пред Апелацискиот суд Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека одлуката за притвор е партиско-политичка нарачка која треба да го означи почетокот на политичкиот прогон во Република Македонија. - Судот вчера потклекна на притисоците. Судот вчера стана дел од сценариото на СДС и на СЈО со тоа што почна да...

Данев: Одлуката за притвор е политичка, а не правна – судот подлегна на притисоците

Одлуката на Апелацискиот суд, да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство, е срамна и без никаков издржан правен аргумент, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е доказ дека судот подлегнал на притисоците. - Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на...

САД: Отфрлено барањето на Трамп за деблокирање на уредбата за имиграција

Американскиот федерален апелациски суд го отфрли барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп повторно да се воспостави забраната за влез во земјата на граѓани од седум претежно муслимански државни. Федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, во петокот ја блокираше оваа одлука на американската администрација. Американското министерство за правда во саботата поднесе жалба против одлуката на федералниот суд. Во жалбата се...

СЈО ја обжали одлуката на Апелација – ист судија не може двапати да одлучува

Специјалното јавното обвинителство соопшти дека поднело жалба до Врховниот суд - Скопје бидејќи одлуката на Апелацискиот суд - Скопје за одбивање на барањето за продолжување на притворот за осомничениот во случајот „Транспортер“, Владимир Талевски, ја донел судија кој претходно одлучувал за истиот предмет. „Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување...

Апелација е надлежна за трето продолжување на притворот на Талески

За продолжување куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, треба да одлучува Апелацискиот суд затоа што судија на претходна постапка може само двапати да одреди продолжување на притвор, велат од Основен суд Скопје 1 за „Мета“. „Досега во Основен суд Скопје 1 не е пристигнат никаков предлог од Специјалното јавно обвинителство. Судија на претходна постапка може само двапати да...

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева. Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го одби барањето на СЈО. „Во решението,...

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна на Паско Кузман за случајот „Фаланга 2“

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда против шестнаесеттемина обвинети во случајот „Фаланга 2“, меѓу кои е и поранешениот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, пренесува „Утрински“. Апелацискиот суд ги отфрлил жалбите на обвинетите како неосновани и ги потврдил затворските и условните казни на кои беа осудени во јули 2014 година. Со првостепената пресуда, Паско Кузман беше...

Одложена седницата на Апелација за „Шпион“

Седницата на Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ денеска повторно е одложена. Причина за одложувањето официјално беше отсуствoто на адвокатите на дел од обвинетите. Одбраната истовремено доставила барање предметот да го преземе Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите имаат поднесено жалби на првостепената пресуда, со која сите беа осудени на затворски казни. Првообвинет во судскиот процес е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15...

Бошкоски покажа материјали за кои тврди дека докажуваат оти е наместен за „Ровер“

Обвинителката Лидија Раичевиќ-Вучкова, која го води предметот за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, денеска соопшти дека се повлекува од случајот сè додека не се одлучи дали овој предмет ќе го земе Специјалното обвинтелство или не. Одлуката на обвинителката Раичевиќ-Вучкова следуваше откако на денешното рочиште Бошкоски презентираше транскрипти и УСБ за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...