fbpx
Таг: апел

таг: апел

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат нашата тага и потресеност по овие грозоморни настани. Сојузот на средношколци реагира по грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Оваа трагедија ќе ни служи како сурова...

Да се избегнува непотребно полевање бавчи и перење автомобили – апел од скопски „Водовод“

Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, апелираат од ЈП „Водовод и канализација“. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 степени, како и податоците на...

МПЦ со донации од граѓаните ќе ја доградува црквата „Свети Константин и Елена“

Скопската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) соопшти дека нема доволно пари за да ја доизгради црквата „Свети Константин и Елена“, пред Дом на АРМ во центарот на Скопје. Допрва треба да се изработи фрескописот во црквата. „Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Скопската епархија сметаат дека македонскиот народ и верниците заслужуваат храмот во центарот на главниот...

УСС УКИМ: Загрижени сме од гласините за можно враќање на онлајн наставата како решение за енергетската криза

Загриженост од гласините кои се шират деновиве во однос на можно враќање на онлајн наставата за студентите како едно од решенијата за справување со енергетската криза, искажа Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ). Од студентското собрание на УКИМ сметаат дека онлајн наставата не е единствено решение. Апел до надлежните упати и претседателот на УСС УКИМ,...

РСБСП со апел до возачите и до учениците: Бидете внимателни и почитувајте ги сообраќајните правила

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до возачите, учениците и нивните родители за внимание и почитување на сообраќајните правила и прописи на стартот на новата учебна година. Од Републичкиот совет апелираат возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовните установи, но и до родителите на учениците,...

Комисија за заразни болести: Расте бројот на ковид случаи, но во безбедна зона сме

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19,...

На вчерашниот протест уапсени 10 лица, собраниската расправа за европскиот предлог продолжува денеска

Собраниската седница за европскиот предлог за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ продолжува денеска во 11 часот. Единствена точка на дневен ред е Информација за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, а пријавени за збор се вкупно 42 пратеника. Првиот ден од собраниската расправа за европскиот предлог помина во тензична атмосфера, со...

Ковачевски со осуда за вчерашниот инцидент, да не се вовлекуваат граѓаните во насилни сценарија

Премиерот Димитар Ковачевски најостро ги осудува вчерашните настани кај плоштадот „Скендербег“, за кои вели дека за голема среќа не резултирале фатално за граѓаните. „Никаков револт не може да оправда употреба на огнено оружје од страна на цивили, каменување, оштетување државен имот, посегнување по нечиј живот. Изразувањето незадоволство преку мирно протестирање е уставно загарантирано право и оваа Влада досега повеќе пати...

Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Претседателот Стево Пендаровски по синоќешниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“ утрово испрати соопштение во кое наведува дека е неприфатливо користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. „Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани“, се наведува во соопштението испратено од претседателскиот кабинет. Пендаровски упати апел...

Хелсиншкиот комитет апелира за мирни протести без насилство

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска излезе со соопштение, во кое изразува загриженост за настаните од вчерашниот протест против францускиот предлог, кој ескалираше со насилство и употреба на говор на омраза. „Го осудуваме секој чин на насилство и секој говор на омраза, како и поттикнувањето и повикувањето на насилство, како крајно штетни и спротивни на вредностите на едно демократско општество“,...

Не излегувајте во периодот од 10 до 14 часот, апелира Министерството за здравство

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на земјава, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се...

РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги упати до матурантите и нивните родители на почетокот од периодот на матурските прослави. Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите да не управуваат моторно возило без возачка дозвола...

Спасовски: Не ги чекајте летните гужви за да извадите нов пасош

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати апел до граѓаните што поскоро да го продолжат рокот на истечените патни исправи за да не се соочат со гужви за време на летната туристичка сезона. „Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат...

Грета Тунберг со апел до медиумите и граѓаните: Човештвото не успева да ја сопре климатската криза

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од Полска и Мици Тан...

Министерство за здравство со апел до младите да се вакцинираат: Сè поголем број развиваат тешка клиничка слика

Се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста, информираат од Министерство за здравство. „Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот.Ниската стапка на...

ЦУК: Пожарот кај Делчево доби нови жаришта, гори и кај Велес, Берово и во село Буковиќ

Пожарот во делчевскиот регион од синоќа доби нов интензитет и се прошири на две нови жаришта, селата Разловци и Тработивиште. Денеска таму ќе дејствуваат силите на Армијата, МВР, вработени во јавното комунално претпријатие од Делчево, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека пожарот во село Будинарци е активен и се проширува кон општина Берово. - Таму...

МЗ: Од 416.614 вакцинирани лица со две дози, само 167 се заразиле, а 11 биле хоспитализирани

Министерството за здравство (МЗ) информира дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози на вакцина против ковид-19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани. „Ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, што потврдува дека вакцината е корисна, односно е единствениот...

Апел до вработените во градинките да се имунизираат, речиси 60 проценти од нив примиле вакцина

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да го сторат тоа, со цел непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во време на пандемија. „Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо...

До крајот на неделава ќе преовладува многу топло време, апел за рационално користење на водата

Од денеска до крајот на оваа седмица, под влијание на топла воздушна маса од југ, времето во земјава ќе биде многу топло, со натпросечни температури за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. „Најтопло ќе биде од среда до недела, кога ќе биде активирано...

РСБСП апелира до возачите да возат одморени за време на долгите патувања и почесто да прават паузи

Летото е период кога температурите секојдневно се издигнуваат над 30°C. Во вакви услови возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност. Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот. Со цел безбедно патување, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...