fbpx
Таг: антитероризам

таг: антитероризам

Европската комисија го обнови договорот со Северна Македонија и Албанија за борба против тероризмот

Европската комисија денеска потпиша ревизија на билатералните аранжмани со Албанија и Северна Македонија, со тоа продолжувајќи го Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан. Аранжманите ги потпишаа Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледар Чучи и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски. Комесарката за внатрешни работи Илва...

Нови закани за бомби во девет скопски училишта, испраќачите сонувале за одмазда

Закана за поставени бомби денеска во точно 13.55 часот преку електронска пошта добија девет скопски средни училишта. Во кратката порака се вели дека „денеска во училиштето беа поставени многу бомби“, а испраќачите наведуваат дека сонувале за одмазда, но не потенцираат за што точно се одмаздуваат. „Во смена имаме по околу 600 ученици. Паника немаше, но сепак не е сеедно. Сите...

Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко

Во селото Ижиште вчеравечер екипи на крим-техника од Македонски Брод, Прилеп и од антитерористичка единица од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на родителите на Антонијо Милошоски, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил. Тој обвини дека „криминално-политичкото подземје кое се инспирира од „бомбите на мандатарот за Живот“, почнало да поставува вистински бомби со закани по живот...

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

Одделот за антитероризам при МВР ја подигнал импровизираната експлозивна направа од Собранието за понатамошна постапка, информираат од МВР. Оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Вчера, во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК) Скопје, началникот на обезбедувањето на Собранието пријавил дека во ходникот на првиот кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитиљ...

Во ходникот на Собранието била пронајдена импровизирана експлозивна направа

Денеска во Собранието, во ходникот на првиот кат, била пронајдена импровизирана експлозивна направа, потврдија за „Мета“ од МВР. Оттаму велат дека станува збор за петарда со фитиљ, кој со леплива лента бил врзан за голема плинска боца за полнење запалки. „Во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК), началникот на обезбедувањето на Собранието, Горан Јарчевски, пријави дека во ходникот на првиот...

Седум лица приведени во рации во Брисел

Белгиската полиција привела седум лица во антитерористичките рации во областа на Брисел, во рамки на истрагата за можно враќање на борци од Сирија. Канцеларијата на сојузниот обвинител денеска соопшти дека приведувањата следеле по осумте рации изведени утринава и додаде дека истрагите не се поврзани со нападите во Брисел изведени во март 2016 година, ниту со нападите во Париз од ноември...

Утврден идентитетот на сопственикот на сомнителното возило пред Амбасадата на САД

Министерството за внатрешни работи го утврдило идентитетот на сопственикот на возилото, марка „застава“, што вчера ги мобилизираше тимовите за антитероризам на МВР откако од Амбасадата на САД во Скопје било пријавено дека е можно во возилото, кое било паркирано пред амбасадата, да има експлозив. „Утврден е идентитетот на сопственикот, но во врска со тоа нема да излегуваме со понатамошни детали бидејќи...

Aнтитерористичка операција северно од Париз

Француската полиција денеска спровела антитерористичка операција во регионот северно од Париз, соопштија претставниците на полицијата и на правосудството. Операцијата во областа Аржантој не е директно поврзана со нападот во Ница, кој беше изведен минатата недела, рекоа правосудните органи. Медиумите јавуваат дека се извршени најмалку два претреса и оти во нив учествувале специјалните полициски сили. Медиумите јавуваат дека во тоа подрачје е забележан...

Формирана нова муслиманска антитерористичка коалиција

Саудска Арабија објави дека 34, главно муслимански нации, се здружиле во нова воена алијанса за борба против тероризмот, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на државните медиуми во Саудска Арабија, заедничкиот оперативен центар на коалицијата ќе биде во главниот град на земјата, Ријад. Во воената алијанса учестуваат земји од Азија, Африка и од арапскиот свет, но...

Египет воведе строги закони за борба против тероризмот

Египетскиот претседател, Абдул Фатах ал-Сиси ги одобрил новите строги антитерористички закони, поради зголемените закани од џихадистички напади во земјата, јавуваат светските медиуми. Новите закони предвидуваат воведување на специјални судови и дополнителна правна заштита за војската и полицијата при употреба на сила. Исто така, се воведува и смртна каза за секој што ќе биде прогласен за виновен поради организирање и водење...

Уапсени две лица во антитерористичка акција во Кина

Две лица се уапсени денеска во Кина, во полициска акција за разбивање терористички групи. Полицијата во градот Венџоу, во источниот дел на Кина, наведе дека спровела серија координирани акции во пет часот наутро, при што е запленетo големo количeство оружје, во кое имало ножеви и рачно изработени бомби. Не се откриваат детали за уапсените, но кинеските претставници често „терористи“ ги нарекуваат припадниците на радикалното...

И војската ѝ помага на белгиската полиција

Околу 300 војници денеска се распоредени низ Белгија да ги надгледуваат објектите што би можеле да бидат цел на терористички напади, вклучително и објектите во пристанишниот град Антверпен, пренесуваат белгиските медиуми. Белгискиот премиер, Стивен Вандепут, денеска во интервју изјави дека војниците надгледуваат одредени амбасади и неколку згради во еврејскиот кварт во Антверпен. Белгија го крена нивото на предупредување од терористички напади на трето...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...