fbpx
Таг: анонимуси

таг: анонимуси

„Анонимуси“ упаднаа во електронската пошта на еквадорската влада поради Асанж

Хакерската група „Анонимуси“ соопшти дека ја згаснала електронската пошта на еквадорската влада затоа што нивната амбасада му го исклучила интернетот на Џулијан Асанж. - Го исклучивте интернетот, ние ќе ја прекинеме вашата комуникација – напишаа „Анонимуси“ на социјалната мрежа „Твитер“. Амбасадата на Еквадор во Лондон му го исклучи интернетот на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, поради неговите објави за кампањата на Хилари...

Анонимуси ја нападнаа веб-страницата на Грчката централна банка

Грчката централна банка била мета на кибернетички напад на активистичката хакерска група Анонимуси, што го попречи функционирањето на нејзината интернет-страница, соопштија денеска претставниците на банката. - Вчерашниот напад траел неколку минути. Системот за безбедност на банката успешно одговорил на нападот. Единствено проблем претрпе нашата интернет-страница – рече неименуван претставник. Групата преку видеосервисот „Јутуб“ соопшти дека „Олимп ќе падне“. „Пред неколку дена прогласивме...

„Анонимуси“ ја хакираа веб-страницата на Министерство за транспорт: Не простуваме, очекувајте нè!

Официјалната веб-страница на Министерството за транспорт и врски е хакирана од „Анонимуси“. Тие на англиски јазик пишуваат дека се борат против цензурата, за слободата на медиумите и на народот, а не дејствуваат за лични и за политички цели туку во интерес на народот. „Ние сме Анонплус – Анонимуси и ова е нашиот манифест. Секое лице што сака да ја одбрани својата слобода на...

Анонимуси ја урнаа веб-страницата на јапонскиот премиер поради ловот на китови

Хакерската група Анонимуси соопшти дека ја урнала веб-страницата на јапонскиот премиер Шинзо Абе во знак на протест против плановите на земјата за лов на китови. Шефот на кабинетот на премиерот, Јошихиде Суга, соопшти дека утринава не можеле да пристапат до веб-страницата и оти полицијата покренала истрага. Суга потврди дека Анонимуси на „Твитер“ објавиле порака во која ја преземаат одговорноста за уривањето на веб-страницата, но...

„Анонимуси“ со поддршка на новата енкриптирана социјална мрежа

На интернет се појави нова социјална мрежа, која ветува поголема транспарентност, безбедност и приватност од „Фејсбук“ и од другите социјални мрежи, пренесуваат светските медиуми. На прв поглед „Мајндс.ком“ (Minds.com) изгледа како и сите останати социјални мрежи, но главната разлика е во она што е во заднина. „Мајндс“ не е фокусирана на профит од собраните податоци, туку нејзината цел е сосема...

„Анонимуси“ се заканија со „електронски холокауст“

Хакерската група „Анонимуси“ објави видеозапис во кој се заканува дека на 7 април ќе изврши „електронски холокауст“ и ќе го избрише Израел од кибер-просторот. Како што јавуваат светските медиуми, мета на нападите на „Анонимуси“ ќе бидат серверите и интернет-страниците кои ѝ припаѓаат на еврејската држава, израелската армија и на банките. - Се враќаме за повторно да ве казниме за вашите злосторства...

Иво Котевски најавува тужби за клевета и навреда

Иво Котевски, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, ги демантира сите текстови во кои се зборува за поврзаност на Министерството со групата што се претстави како „Македонски анонимуси“. - Јас, лично, како помошник на министерот за внатрешни работи задолжен за односи со јавноста, најостро ги демантирам сите лаги и клевети објавени на неколку интернет-портали за наводно организирање или каква било поврзаност...

Анонимуси на вестите на „Канал 5“

Новинарка на телевизијата „Канал5“ во попладневните вести имаше „интересен“ гостин при директното вклучување кај Порта „Македонија“. Додека новинарката зборуваше за тоа колку таблети „тамифлу“ се препишани од матичните лекари, во кадарот влета момче со маска како таа на Анонимуси и почна да извикува „ВМРО“ и „Македонија“. Погледнете ја видеоснимката

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...