fbpx
Таг: анкета

таг: анкета

„Брима Галуп“: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Брима Галуп“, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5 проценти од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ - 12,4 отсто. Третото место го зазема ДУИ со 7,6 проценти поддршка, а четврта е ДПА со 3,5 отсто. Според анкетата, премиерот Никола Груевски има најголема доверба од...

Анкета: Стагнираме или назадуваме на патот кон ЕУ

Поддршката на граѓаните за членство во Европска унија е непроменета од март 2014 година, покажува новото теренско истражување на јавното мислење за ЕУ-интеграцијата на Македонија, спроведено о д Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Сепак, како што пишува во извештајот, факторот „промена на името“ на државата кај значителен дел од граѓаните е влијателен при нивната поддршка за интеграцискиот процес. За влез...

Анкета: 56 проценти од граѓаните тврдат дека пратениците не се достапни за средби

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) во периодот 5 мај - 6 јуни 2015 година, во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“, спроведе истражување на јавното мислење околу перцепциите на граѓаните за работата на Собранието. Некои од клучните наоди на истражувањето во однос на работата на Собранието во последните 12 месеци се: •...

Според анкетата на ИРИ, слаба поддршка за реизбор на Груевски

Во анкетата на Интернационалниот републикански институт (ИРИ), која беше објавена вчера, на прашањето дали премиерот Никола Груевски добро си ја завршил работата за да заслужи реизбор, во мај минатата година 44 отсто одговориле со „да“ на ова прашање, а од септември оваа бројка се намалува на 40 отсто, потоа на 37 отсто во декември и на 32 отсто во...

ИРИ: Најмногу ѝ веруваме на телевизијата, помалку на порталите, најмалку на весниците

Според истражувањето на јавното мислење, кое Интернационалниот републикански институт (ИРИ) го спроведе од 6 до 15 јуни 2015 година во Македонија, 90 отсто од граѓаните за политички вести се информираат преку телевизија. Втор извор на информации е интернетот, а веб-порталите ги избрале 23 отсто од граѓаните. Печатените медиуми ги одбрале 13 отсто од граѓаните, а радиото како медиум го одбрале...

Анкета на ИРИ: За мнозинството граѓани демократијата е поважна од економскиот просперитет

Четириесет и осум отсто од граѓаните во земјава сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, што е за девет отсто повеќе од минатата година, покажала последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена минатиот месец. „Педесет и три отсто од испитаниците рекле дека невработеноста е најсериозниот проблем со кој се соочува земјата, додека 64 отсто кажуваат дека животот бил...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев знае дека на следните избори ќе загуби и затоа бега од нив

Со денешната прес-конференција се докажаа нашите сомневања дека Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат, особено поради денеска објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ. „Зоран Заев знае дека следните избори ќе ги загуби и затоа бега од нив. Денеска се докажа дека...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, покажува најновата анкета на Интернационалниот републикански институт (ИРИ). Според оваа анкета, доколку утре има избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23 отсто од граѓаните, наспроти СДСМ, за кој се одлучиле 11 отсто од анкетираните. За ДУИ се изјасниле седум проценти, а за ДПА - три отсто од испитаниците. Во премиерот Никола Груевски веруваат 18 проценти од испитаниците, а...

МЦЕО: Повеќе од половина граѓани веруваат дека „бомбите“ се вистински

Граѓаните сè повеќе веруваат дека аудиоснимките што ги објавува опозицијата се автентични, велат од Македонски центар за европско образование, кои своите тврдења ги темелат на анкетно истражување, објави „А1 он“. Според нивните резултати, 96 отсто од граѓаните слушнале за аферата „Прислушување“, а 88 отсто од граѓаните лично слушнале некоја од снимките што ги објавува опозицијата. Од МЦЕО велат дека ова е изненадувачки резултат,...

ИДСЦС: Граѓаните сметаат дека тендерите во општините не се доделуваат праведно

Повеќе од 60 отсто од граѓаните сметаат дека процесот на вработување во општинската администрација во нивната општина е достапен за луѓе блиски на партијата на власт во таа општина. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење за судирот на интереси и за корупцијата на локално ниво на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, спроведено во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување конфликт на...

Матурантите ќе се запишат на факултет за знаење

Најголем дел од идните студенти ќе се запишат на факултет за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира, покажува анкетата на порталот „Факултети“ направена меѓу 446 матуранти. Според резултатите, 27 проценти од анкетираните матуранти како втора причина за запишување на факултет ја одбрале дипломата бидејќи сметаат дека полесно ќе им донесе вработување, а 18 проценти од нив го прават...

Шкотските националисти ќе пресудат на изборите во Британија

Двете водечки британски партии тврдат дека се борат за апсолутно мнозинство во парламентот и се надеваат дека во последен момент тоа и ќе им успее. Сепак, анкетите, два дена до парламентарните избори, покажуваат дека парламентот ќе биде поделен, а лабуристите или конзервативците ќе мора да состават владата коалицирајќи со една или со повеќе помали партии. Се очекува в четврток само две...

Истражување: Повеќе од 80 отсто од Французите не го сакаат Оланд за претседател

Повеќе од 80 отсто од француските граѓани не го сакаат Франсоа Оланд за шеф на државата по претседателските избори, кои треба да се одржат во 2017 година, бидејќи не постигнал добри резултати на полето на економијата, покажало истражувањето на институтот ЦСА, спроведено за интернет-страницата „Атлантико“. Истражувањето, спроведено во пресрет на третата годишнина од изборот на Оланд за претседател на државата, покажало...

СИРИЗА со големо водство пред Нова демократија

Грчката владејачката партија СИРИЗА сè уште води со значителна предност пред десничарската Нова демократија. Две нови мерење на јавното мислење, едното анкета за весникот „То вима“, другото за неделното издание на „Прото тема“, покажуваат дека независно од проблемите со европските партнери, рејтингот на СИРИЗА во споредба со тој на Нова демократија не опаѓа. Според анкетата на „То вима“, СИРИЗА има...

Американците повеќе се плашат од Обама отколку од Путин

Третина од американските републиканци сметаат дека претседателот на САД, Барак Обама, претставува поголема закана за државата отколку рускиот претседател, Владимир Путин, покажа анкетата што ја спроведе „Ројтерс/Ипсос“. Во анкетата учествуваа 2.809 Американци, кои на скала од 1 до 5 можеле да ја оценат државата, организација или лице за кое сметаат дека претставува закана за САД. Резултатите од анкетата покажаа дека 34 отсто...

Ако Македонија е во војна, ќе се борат 38 отсто од Македонците

Триесет и осум проценти од граѓаните на Република Македонија се подготвени да се борат доколку земјата е во војна, наспроти 25 проценти од граѓаните на државите од Западна Европа, покажуваат резултатите од глобалното истражување спроведено во 64 земји, од страна на „ВИН-Галуп интернешенел“, со вкупно 62.398 испитаници, меѓу кои и во Република Македонија. Истражувањето е спроведено во ноември 2014...

И партиите и Амбасадата на САД забрзано анкетираат

Агенциите кои прават сондажи на јавното мислење деновиве имаат полни раце работа. Според извори од агенциите, и партиите, но и Амбасадата на САД во земјава прават анкети за расположението на граѓаните за предвремени избори, за преодна влада и за рејтинг на партиите и на политичарите. - Сите анкети се „приватни“, односно нарачателите сами одлучуваат дали ќе ги објават резултатите. Никој не нарачува...

СДСМ: Анкетите не се релеватни кога Груевски има целосна контрола

Во време на целосна контрола на власта на Никола Груевски, тешко може да се говори за релевантност на анкети, се вели во реакцијата на СДСМ за анкетата на ИРИ. „За тоа дополнителен показател се доказите што ги објави СДСМ за скандалозното масовно прислушување граѓани, монтираните политички случаи, буквалното инсталирање на власта во судството и во медиумите преку коишто се креира лажна...

Опаѓа бројот на корисници на „Фејсбук“

Компанијата „Глобал веб индекс“ направи анкета во која за три месеци учествуваа 40.000 лица од 32 држави, која покажува дека просечниот интернет-корисник има по пет профили на социјалните мрежи, а е активен на три. Лицата на возраст меѓу 16 и 24 години, во просек имаат по 6,6 профили на социјалните мрежи, додека постарите (25 - 34) имаат 4,2 профили. Истражувањето...

Половината Македонци се среќни

54 проценти од анкетираните Македонци во 2014 година се чувствувале среќни или многу среќни, 34 проценти ниту среќни, ниту несреќни, и 11 проценти несреќни или многу несреќни, објави водечката асоцијација во светот за истражување на пазарот „Вин Галуп интернејшнел“ (Win / Gallup International), откако ја спроведе анкетата „Крајот на годината“. Оваа организација ги истражува перспективите, очекувањата, ставовите и убедувањата...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...