fbpx
Таг: анкета

таг: анкета

Сè поголем е стравот од тероризам во Австрија

Сè поголем број Австријци се плашат од тероризам, покажува најново испитување на јавното мислење. Според истражувањето на институт „Галуп“, 56 отсто од Австријците веруваат дека Австрија би можела во следниот период да стане мета на терористички напади. Од друга страна, само 30 отсто од испитаниците се чувствуваат безбедно. И покрај сè поголемиот страв од тероризам, 43 отсто од Австријците истакнуваат дека нема...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 27,5 отсто, СДСМ со 25,2 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,5 отсто од граѓаните, за СДСМ - 25,2 отсто, за ДУИ - 10,5 отсто, за ДПА - 4,8 отсто, а неопределени се 25 отсто од гласачите, покажува новата анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“. Анкетата била спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.150 граѓани во периодот од 15 до 22 март 2016 година. На прашањето „Дали по...

Граѓаните бараат Шар Планина да се прогласи за национален парк

Се буди свеста кај локалното население, за што поскоро прогласување на Шар Планина за национален парк. Ова го покажала анкетата направена врз жителите што живеат и гравитираат околу Шар Планина. Анкетирани се 410 испитаници од 30 населени места, а од нив, 83 отсто одговориле дека Шар Планина треба да се прогласи за национален парк. Голем дел од испитаниците сметаат дека со прогласување на...

СДСМ: Стравот кај Груевски го покажуваат нарачаните лажни анкети  

Колкав е стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат нарачаните лажни анкети на нивниот партиски институт „Павел Шатев“, кој глуми дека спроведува некакво јавно истражување, реагираат од СДСМ на денешните анкета на Институтот „Павел Шатев“. „Преку изборни грабежи, закани, уцени, злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта. Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за...

„Павел Шатев“: За ВМРО-ДПМНЕ поддршка од 37,9 отсто, за СДСМ – 16,1 отсто

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 37,9 отсто од гласачите, а за СДСМ - 16,1 отсто, додека 26,9 проценти не би гласле за ниту една партија, покажува анкетата на институтот „Павел Шатев“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка кај 52,3 отсто од испитаниците, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, има поддршка од 19,1 отсто. Речиси една третина, односно 28,6 отсто од анкетираните, немале одговор...

Орав: Претседателот ќе одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата

Сега самиот претседател може да одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата, рече евроамбасадорот Аиво Орав, за одлуката на Уставниот суд да ги укине измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што претседателот ќе може да помилува и лица осудени за изборни измами. - Многупати сме ја критикувале вашата земја за независниста на судството...

Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

Повеќето Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и го одобруваат остриот курс на австриската влада во бегалската криза. Истражувањето на јавното мислење, спроведено по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија, покажува дека дури 85 отсто од Австријците го сметаат за исправно затворањето на балканската рута. Само 12 отсто сметаат дека затворањето на...

За Путин би гласале 74 отсто од Русите

Ако Владимир Путин повторно се кандидира за претседател во 2018 година, за него би гласале повеќе од 70 отсто од Русите, покажуваат резултатите од анкета објавена денеска. Според податоците на Серускиот центар за истражување на јавното мислење, за Путин би гласале 74 отсто од Русите, што е најголем процент во последните четири години. Путин не се кандидираше за претседател во 2008 година...

Анкета на „Фактор плус Адрија“: ВМРО-ДПМНЕ со 4,3 отсто предност пред СДСМ

Според најновата анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“ од Белград, доколку утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освојат 28,9 отсто од гласовите, СДСМ 24,6 отсто, за ДУИ би гласале 10 отсто од граѓаните, за ДПА 4,4, а неопределени се 26,9 отсто. Анкетата е правена телефонски, во периодот од 15 до 22 февруари, на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници. Според истражувањето, 56...

СДСМ: Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз

„Сè поголемата поддршка за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува страв и нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и кај Никола Груевски. Како што вртоглаво се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски, така му се потребни сè поголеми бројки во нарачаните анкети“, се вели во реакцијата на СДСМ, по анкетата на „Брима Галуп“ нарачана од неделникот „Република“. „Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ целосно...

Анкета на „Брима“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36,8 проценти, а за СДСМ 15,7 отсто од граѓаните, покажа анкетата на „Брима Галуп“ нарачана од неделникот „Република“ во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година, за која беа анкетирани 1.006 испитаници, етнички Македонци, на возраст над 18 години. Речиси 56,6 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност од 6,4 отсто пред СДСМ

Доколку сега се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 29,9 отсто од гласовите, за СДСМ ќе гласаат 23,5 отсто, за ДУИ 10,1 отсто, а за ДПА 4,3 отсто, покажува телефонската анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“ од Белград, спроведена во периодот од 15 до 24 јануари на репрезентативен примерок од 1.250 испитаници. Според анкетата, 28,5 отсто од испитаниците се неопределени, за друга...

„Брима Галуп“: 51 отсто од Македонците се среќни, а 11 отсто – несреќни

Педесет и еден отсто од граѓаните на Република Македонија се чувствуваат среќни, 11 проценти несреќни, 35 отсто ниту се среќни, ниту несреќни, додека 2 отсто немаат одговор, покажаа резултатите од најновата анализа на „Брима Галуп“. Според нивната анализа, индексот на нето-среќа во Македонија изнесува плус 40 отсто и е понизок за 16 проценти од глобалниот просек. Во регионот, како и во Македонија, нето-среќата е со позитивен предзнак, но...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ

Доколу утре има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 29,5 отсто од гласовите, додека СДСМ - 21,4 отсто. ДУИ би добила 10,2 проценти, додека ДПА - 4,3 отсто од гласовите, објави српската рејтинг-агенција „Фактор плус Адриа“. На прашањето за кого би гласале, не сакале да одговорат 15,4 отсто од граѓаните, а неопределени се 14,9 проценти од испитаниците. На прашањето какво е мислење имаат за Зоран Заев, 44,1...

„Брима Галуп“: 33,3 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ

На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори, 33,3 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ. Ова го покажува најновата анкета на агенцијата за истражување на јавно мислење „Брима Галуп“, направена во соработка со неделникот „Република“. Најголема доверба, испитаните граѓани имаат во Никола Груевски 32,3 отсто, а за Зоран...

Груби: ИРИ потврди дека Албанците ја поддржуваат ДУИ

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска се сретна со Аник ван Калстер, амбасадорка на Белгија во Македонија, со која разговараше за актуелната политика во Македонија, спроведувањето на Договорот од Пржино и за преговорите на работните групи, експертизата на Охридскиот договор, предвремените избори и за прашањето за името и за евро-атлантската интеграција. „Во врска со анализата на Охридскиот договор, Груби истакна дека овој процес...

ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, покажа најновата анкета на ИРИ, пренесе „Курир“. Според ИРИ, 24 проценти од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 12 проценти за СДСМ. Вчера Меѓународниот републикански институт објави анкета за повеќе прашања од интерес на граѓаните.

Македонските медиуми различно ја прочитаа анкетата на ИРИ

Денеска Меѓународниот институт за демократија (ИРИ) објави анкета спроведена од „Брима“, преку интервју лице в лице, на примерок од 1.106 полнолетни македонски граѓани. Анкетата е направена од 29 септември до 5 октомври годинава. Извештајот предизвика реакции во јавноста, а медиумите го пренесоа различно - и според насловот и според пристапот во текстот. Еве дел од насловите во медиумите: Нова ТВ: Анкета на ИРИ: Над 50...

Повеќе од 50 отсто од Британците се за излез од ЕУ

Повеќе од 50 отсто од Британците сакаат Велика Британија да ја напушти Европската унија, додека 47 отсто од испитаниците и понатаму сакаат нивната држава да остане членка, покажуваат последните анкети. Премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон, рече дека Велика Британија до крајот на 2017 година треба да се изјасни дали ќе остане во ЕУ или не. Камерон рече дека се залага...

СДСМ: Нема услови за релевантна анкета

Нема услови во Македонија за анкета што го одразува вистинското расположение на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на анкетата на „Брима Галуп“, која покажува двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. „Не постои поголем лажго и манипулатор во Македонија од Никола Груевски. Слушнавме од „Вистината за Македонија“ како Груевски со неговите соработници се заканува на граѓани со бркање од работа,...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...