fbpx
Таг: Анкара

таг: Анкара

Терористички напад во Анкара, се разнесе бомбаш самоубиец

Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на турскиот парламент, пренесе Би-би-си. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека „еден терорист се разнесе, а вториот е неутрализиран“ во терористичкиот напад во близина на министерството во главниот град Анкара. Јерликаја во објавата на социјалните мрежи напиша дека терористите се доближиле до зградата...

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му посака успешно извршување на одговорната функција и изрази подготвеност за продолжување на одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство...

Ердоган прогласи победа на претседателските избори во Турција [галерија]

Реџеп Таип Ердоган останува претседател на Турција. Според резултатите што ги објави агенцијата Анадолија, а се однесуваат на 98 отсто преброени избирачки места, Ердоган добил 52,10 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,90 отсто. Ердоган веќе излезе во јавноста и прогласи победа, а неговите приврзаници веќе со часови слават по улиците нa Анкара и на Истанбул, уште пред...

Најмалку седуммина загинати во Анкара во железничка несреќа

Најмалку седум луѓе загинаа, а 46 се повредени во несреќа на железничката станица Марсандиз во главниот град на Турција утрово. Брз воз кој бил упатен кон централниот турски град Коња, по четири минути од тргнувањето удрил во железничка машина што ги проверувала шините во станицата. По судирот два вагона излетале од шините, а возот удрил во пешачкиот мост над железничката...

Јилдирим: Грција не треба да го диктира официјалното име на друга земја

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференцијата со својот македонски колега, Зоран Заев, во Анкара порача дека е погрешно Грција да го диктира официјалното име на Македонија, но додаде оти се надева дека двете соседни земји ќе го разрешат спорот во пријателски дух, јави „Асошијетед прес“. - Погрешно е друга земја да го одредува името на една земја - рече тој. Заев...

Заев – Јилдирим: Турција ја поддржува Македонија во НАТО интеграциите

На средбата со својот турски колега Бинали Јилдирим во Анкара, македонскиот премиер Зоран Заев побарал да продолжи поддршката од Турција за членството на Македонија во НАТО, а турскиот премиер порачал дека неговата земја и понатаму ја поддржува Македонија во оваа стратешка цел, соопшти Службата за односи со јавноста при македонската влада. На средбата, на која од македонската страна присуствувале и...

Заев со бизнисмени во Анкара: Трговијата да достигне милијарда евра

Постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, констатирано е заеднички на вечерата на премиерот Зоран Заев со бизнисмени од Турција, организирана вечерва во Анкара, од ТОББ (TOBB) - Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. -Тука сме да пренесам отворена покана за инвестирање во Македонија. Свесен сум дека мојата земја ќе има...

Анкара забрани јавно спомнување на ЛГБТ-проблеми

Во Анкара се забранети сите јавни прикажувања на филмови и изложби кои се однесуваат на проблемите на ЛГБТ-популацијата. Ова го соопшти канцеларијата на гувернерот на турската престолнина, објаснувајќи дека одлуката е донесена поради јавна безбедност. „Почнувајќи од 18 ноември 2017 година, кината, театрите, панелите, интервјуата и изложбите во кои се спомнуваат ЛГБТ-проблеми се во иднина забранети во нашата провинција поради мир...

Повеќе од милион луѓе во Истанбул на годишнината од обидот за пуч

Повеќе од еден милион Турци во Истанбул синоќа беа на гигантскиот собир наречен „Епопеја на победата за демократија“, со кој беше одбележана првата годишнина од обидот за државен удар, што се случи на 15 јули лани. Мостот над Босфор, наречен Мост на мачениците на 15 јули, кој е долг 1,5 километар, беше исполнет со луѓе, а според некои проценки, имало повеќе...

Во Турција се одбележува годишнина од неуспешниот пуч

Во Турција денеска се одбележува првата годишнина од неуспешниот обид за државен преврат. Според турските власти, организацијата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, прогласена од безбедносните структури за терористичка, е одговорна за пучот извршен ноќта на 15 спроти 16 јули минатата година. Претседателот Реџеп Таип Ердоган објави вчера дека во државата ќе почне „национално демократско бдеење“ и ќе трае до...

Се апсат десетици лица во две турски министерства поради наводна поврзаност со Ѓулен

Обвинителството во Анкара издаде десетици наредби за апсење на вработени во две турски министерства во рамките на истрагата за организацијата ФЕТО на проповедникот и опозиционер Фетулах Ѓулен, јави турската телевизија „Си-ен-ен Турк“. Наредби за апсење се издадени за 30 вработени во турското Министерство за образование и за 17 вработени од Министерството за транспорт, навигација и за комуникација. Осомничените лица се...

Анкара ќе именува улица по убиениот руски амбасадор

Турскиот министер за внатрешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека една улица во Анкара ќе се именува по убиениот руски амбасадор. Тој соопшти дека по Андреј Карлов ќе биде наречена улицата на која се наоѓа амбасадата на Русија во турската престолнина. Карлов вчера беше убиен на отворањето на изложбата „Русија во очите на Турците“. - Донесовме одлука, во чест на господинот Карлов, улицата...

Гокчек: Убиството на амбасадорот е за да се нарушат односите меѓу Турција и Русија

Градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек, изјави дека смртоносниот напад кој денеска беше изведен врз амбасадорот на Русија во Турција преставува обид да се нарушат односите помеѓу Русија и Турција. Турските власти по нападот ја зајакнаа безбедноста во околината на руската амбасада во турската престолнина. Нападот се случи само еден ден пред најавената посета на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на...

Турција испратила официјално барање до САД за апсење на имамот Ѓулен

Турското министерство за правда испратило официјално барање до САД за апсење на имамот Фетулах Ѓулен, за кој се тврди дека стои зад обидот за воен удар во јули, јави државната агенција „Анадолија“. Официјални лица од министерството изјавиле дека писмено барање било испратено до нивните американски колеги и во него било наведено дека Ѓулен „наредил и командувал“ со насилниот пуч во...

Голем чад се издигнува над Анкара – пожарот под контрола

Силна експлозија денеска одекна во главниот турски град Анкара, јавуваат странските медиуми. Како што јавува „Фокс њуз“, експлозијата одекнала во зградата на државната телевизија, додека според турски извори, чадот кој се издигнува над градот можеби е предизвикан од голем пожар, а не од експлозија. Во меѓувреме, турската полиција ги отфрла извештаите за експлозија, наведувајќи дека станува збор за пожар, кој веќе...

Уапсен маж кој пукал кај судот во Анкара

Анкарската полиција уапси маж кој во близина на зградата на судот, каде се спроведува сослушувањето на приведените генерали за пучот, отворил оган, јавуваат турските медиуми. Интервенцијата ја спровеле припадниците на специјалните единици со помош на оклопни возила. Според информациите на локалните медиуми, напаѓачот носел воена униформа и веќе е почната потрага и по евентуални негови соучесници.

Жена од ПКК е еден од напаѓачите во Анкара

Еден од двајцата осомничени напаѓачи за нападите во Анката, каде загинаа 37, а повредени се 125 лица, била жена која во 2013 година се придружила кон Работничката партија на Курдистан (ПКК), изјавија денеска турските безбедносни претставници. Тие соопштија дека жената е родена 1992 година во источниот турски град Карс. Полицискиот извор наведува дека другиот напаѓач е маж. Отсечените раце на двајцата...

Расте бројот на загинатите во Анкара

Триесет и седум загинати и 125 повредени е последниот биланс од експлозијата на автомобил-бомба во центарот на турскиот главен град Анкара, соопшти турскиот министер за здравство. Мехмет Муезингоглу рече дека во болница се префрлени 125 повредени, од кои 19 се во критична состојба. Се верува дека меѓу загинатите се и двајцата напаѓачи. Министерот за внатрешни работи најави дека името на...

Експлозија во Анкара, најмаку 27 загинати

Најмалку 27 лица загинаа, а 75 се ранети во експлозија во центарот на Анкара. По експлозијата се слушнале и пукања, а запалени се и одреден број на возила. Сведоци велат дека димот од местото на експлозијата може да се види и од 2,5 километри оддалеченост. Од канцлеаријата на градоначалникот на Анкара соопштуваат дека убиени се најмалку 27 лица, а дека се повредени најмалку...

Уапсени 22 лица за терористичкиот напад во Анкара

Турската полиција уапсила 22 лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара, кој се случи на 17 февруари, а во кој загинаа 28 луѓе, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавуваат агенциите. Според Давутоглу, припадниците на групата што стои зад нападот е поврзана со курдската работничка партија и силите за самоодбрана на сириските Курди. „Во рамките на истрагата за терористичкиот напад...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...