fbpx
Таг: Англија

таг: Англија

Англија не се откажува од 15-минутни градови, проект за раззеленување, а не за контрола

Објавата се должи на теории на заговор и е невистина. Зашто и Концептот на 15 минутни градови е, исто така, комплетно неповрзан со камерите и казните кои што се споменуваат во постот кој го рецензираме. Тоа за Асошиејтед Прес го потврди Карлос Рати, професор по урбанизам, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната...

Шпанките за првпат го освоија Светското првенство во фудбал, совладувајќи ја Англија во финалето

Шпанија ја порази Англија со 1-0 во финалето на Светското фудбалско првенство за жени, завршувајќи го турнирот кој собори рекорди во посетеност и телевизиска гледаност и кој ги зголеми надежите за зголемен интерес за женската игра. Домаќини на деветтиот по ред светски шампионат беа Австралија и Нов Зеланд, со што овој настан за првпат се одржа на јужната хемисфера, пренесува...

Кикстартер-кампања на Ана Јакимска за филмот „Нема духови во туѓина“

Тимот на филмот "Нема духови во туѓина" од Ана Јакимска
Ана Јакимска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа дипломирала и Филмска режија на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје. Јакимска моментално е на дополнителни студии - магистериум - на универзитетот Голдсмитс во Лондон, каде што работи на нејзиниот најнов филм со наслов „Нема духови...

Англија ќе ги забрани влажните марамчиња поради загадувањето на реките

Речиси сите влажни марамчиња што се продаваат во Англија ќе бидат забранети, согласно плановите на властите за справување со загадувањето на водата, изјави за Би-би-си министерката за животна средина на Обединетото Кралство, Тереза Кофи. Забраната на марамчињата на база на пластика треба да стапи во сила следната година, а оваа заложба е дел од планот за подобрување на квалитетот на...

Англија стана европски шампион во женски фудбал откако ја победи Германија во финалето

Англија ја победи Германија со резултат 2:1 во финалето на Европското првенство во фудбал за жени, со што ја освои својата прва голема титула, пренесува Јуроњуз. Клои Кели го постигна победничкиот гол по одбиената топка во второто полувреме од судиското продолжение, откако Германија не успеа да изведе чист корнер. Натпреварот заврши со резултат од 1:1 по 90 минути на стадионот Вембли,...

Прв „компјутерџија“ на банкнота – новите 50 фунти со ликот на Алан Туринг

Гувернерот на Банката на Англија денеска соопшти дека новата банкнота од 50 фунти испечатена на полимерен материјал на реверсот ќе го има ликот на Алан Туринг, кој според многумина е главниот „виновник“  за создавање на првиот компјутер на светот. Банкнотата во оптег ќе биде пуштена во 2021 година, а на фотографијата е само концептот за нејзиниот изглед. Туринг бил математичар,...

Базата на САД во Британија затворена поради безбедносен инцидент

Британската полиција уапси маж кој со автомобил се обидел да влета во американската воздухопловна база на истокот на Англија. Американската база „Милденхол“ била затворена поради безбедносен инцидент а извори од британското Министерство за одбрана наведуваат дека едно лице е уапсено. Според првичните информации, еден маж се обидел со автомобил да влета во американската база по што бил уапсен.

Тројци убиени во пукање во Англија

Најмалку три лица се убиени во пукање пред базен во градот Сполдинг, во централниот дел на Англија, пренесуваат британските медиуми. Засега нема наводи дека станува збор за терористички напад. Како што пишува весникот „Мирор“, се претпоставува дека една од жртвите е и напаѓачот. На местото, бргу по инцидентот, пристигнале брзата помош и полициски возила и хеликоптер. „Во моментов се наоѓаме на местото на...

Аутсајдерот Лестер, нов шампион на Премиер-лигата

Екипата на Лестер ја освои шампионската титула во Премиер-лига, што во Англија, но и во целиот свет се коментира како еден од најголемите спортски настани на сите времиња. Шансите за Лестер, кој сезонава влезе во Премиер-лигата, да ја освои титулата беа 5.000 спрема 1, но екипата имаше само три порази во лигата, што англиските медиуми го опишуваат како „бајка“ и...

Откажани 150 летови на „Гетвик“ и на „Хитроу“ поради бурата „Кети“

Повеќе од 150 летови од лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ денеска се откажани поради силните ветрови со брзина до 100 километри на час предизвикани од бурата „Кети“, која ја погоди Англија. - Поради силните ветрови, предизвикани од бурата „Кети“, летовите доцнат, а некои се откажани - соопштија службите на аеродромот „Хитроу“. Досега на тој аеродром се откажани 50 слетувања и 80...

ФА ја суспендира поддршката за Платини за претседател на ФИФА

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека ја суспендира поддршката за претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во неговиот обид да стане претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА), пренесува „Би-Би-Си“. Против претседателот на УЕФА во моментот се води истрага поради 1,35 милиони фунти или околу 1,8 милиони евра што Платини во 2011 година ги примил од актуелниот претседател на ФИФА, Сеп...

Снегот го затвори аеродромот во Манчестер

Аеродромот во британскиот град Манчестер неколку часа беше затворен поради снегот кој напаѓал на пистата, откако северниот дел на Англија се соочи си силни снежни врнежи. - Не прифаќаме летови во ниту еден правец. Ќе има доцнења - изјави портпаролката на аеродромот. Претходно, на аеродромот веќе дојде до двочасовно доцнење на летовите поради неповолни временски услови.

Брод се насука во Велика Британија

Брод долг 180 метри, со 25 членови на екипажот, се насукал кај Солент, во Велика Британија. Бродот, кој пренесувал автомобили, е регистриран во Сингапур, а пловел од Саутемптон за Германија. Членовите на екипажот се здобиле со помали повреди и веднаш по спасувањето се префрлени во болница.  

Либи Лејн е првата жена-бискуп на Англиканската црква

Англиканската црква денеска ја именуваше првата жена на положбата бискуп и со тоа се стави крај на повеќевековната традиција што предизвика длабока поделба во верската организација. Црквата ја именуваше Либи Лејн за нов бискуп на Стокпорт, на северот на Англија. По долгата и бурна дебата, Синодот на Англиканската црква во јули, со гласање, одлучи да им дозволи на жените да станат...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...