fbpx
Таг: Ангела Меркел

таг: Ангела Меркел

Меркел најави преместување на војниците од Инџирлик доколку Турција не соработува

Берлин може да ги премести своите војници од Турција во друга земја, изјави канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Како што наведе, тоа ќе се случи доколку Анкара не издаде дозвола на членовите од одбранбениот комитет на германскиот парламент да ги посетат вработените кои моментално се на НАТО-мисијата во турската воздухопловна база Инџирлик. Говорејќи денеска на конференција за новинари, Меркел рече дека...

Макрон во прва посета на Германија

Новиот француски претседател, Емануел Макрон, кој вчера и официјално ја презеде должноста, денеска ќе биде во прва посета на Германија, каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Макрон за време на кампањата рече дека неговата прва посета во странство, доколку победи, ќе биде во Германија. Таа земја била меѓу првите што на новиот претседател му ја честитала победата во првиот и во...

Партијата на Меркел победи на изборите во Шлесвиг-Холстајн

Партијата на канцеларката Ангела Меркел вчера победи на изборите во германската најсеверна покраина. Според прелиминарните резултати објавени утринава, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) освои 32 отсто од гласовите во мнозински протестантската покраина Шлесвиг-Холстајн, јавија германските медиуми. Социјалдемократите (СПД), кои во моментот се на власт во покраината со партијата на Зелените и со ССВ, освоија само 27,2 отсто од гласовите. Кандидатот на ЦДУ во покраината,...

Меркел и Путин се сретнаа во Сочи

Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во Сочи, на својата прва посета на Русија по две години, за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Темите за кои ќе разговараат се претстојниот самит Г20, но и ситуацијата во Украина, Сирија и во Либија, како и билатералните односи. Портапролот на германската влада, Штефeн Зајберт, претходно изјави дека Меркел и Путин ќе имаат две рунди...

„Протагон“: Нестабилноста може да доведе до притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО

Дополнителна нестабилност и граѓански конфликт во Македонија не ѝ оди во прилог на Грција, пишуваат грчките медиуми, кои деновиве будно ги следат случувањата во државата и на Балканот. Грчкиот информативен портал „Протагон“ коментира дека на Атина ѝ е потребна стабилна Македонија за да може во одреден момент да се најде соодветно решение за името, но и за да се...

„Шпигл“: ЕУ планира санкции за Македонија и блокирање сметки на политичари

Европската Унија размислува за воведување забрана за патување, замрзнување сметки за одредени македонски политичари, но и за кратење на претпристапната помош, јавува „Дојче веле“, повикувајќи се на германскиот неделник „Шпигл“. „Земјите членки на ЕУ почнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија“, објавува „Шпигл“. Германскиот неделник наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на ЕПП на Малта го предупредила лидерот...

Курц: Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава, демократијата и од ЕУ

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по повод исходот од референдумот во Турција рече дека таа земја јасно се одлучила против Европската Унија. „Иако е гласано тесно во корист на измените на Уставот, тоа значи дека Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава и од демократија. Исходот од гласањето е јасен сигнал против ЕУ“, порача Курц. Тој изјави...

Меркел, Јункер и Столтенберг ја поддржаа одлуката на Трамп за нападот на Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нападот на САД на сириската воздухопловна база, од која е употребено хемиско оружје за нападот во Идлиб, е разбирлив имајќи го предвид страдањето на сирискиот народ. - Нападот на САД е разбирлив, имајќи ги предвид димензиите на военото злосторство и страдањето на невиниот народ, како и блокадата на Советот за безбедност на ОН –...

Меркел: Најпрво фокус на условите за Брексит, а потоа за односите помеѓу Лондон и Брисел

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека Европската Унија ќе изгуби силен и важен играч, откако денеска британската премиерка Тереза Меј и официјално го прогласи излегувањето на Велика Британија од Европската Унија во согласност со членот 50 од Лисабонскиот договор. - Германија ќе вложи напори за време на преговорите за Брексит, да се гарантира дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе има...

Меркел: Засега нема санкции за Унгарија и за Полска

Германската канцеларка Ангела Меркел се надева дека напнатоста помеѓу Европската Унија и земјите членки, како што се Полска и Унгарија, ќе биде решена со дијалог. Таа додаде дека заканата со финансиски санкции не би била погодна засега. Канцеларката изјави дека Европската комисија треба да разговара со членките за суштината на нивните забелешки, иако не ги наведе експлицитно Полска и Унгарија. - Не мислам...

Мартин Шулц е избран за нов претседател на германските социјалдемократи

Германската социјалдемократска партија (СПД) денеска одржа конвенција на која за нов претседател на партијата едногласно е избран поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен кандидат за германски канцелар, Мартин Шулц, пренесува ХРТ. Новиот претседател на СПД е сè поголема закана за Ангела Меркел, која сè до неодамна имаше отворен пат до нов мандат, но последните анкети покажуваат дека таа и...

Меркел ќе ја посети Москва на 2 мај, најави Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Москва на 2 мај, изјави денеска рускиот претседател, Владимир Путин, на состанокот со премиерот на Баварија, Хорст Зехофер, јавуваат светските агенции. „Посакајте ми сè најдобро со федералната канцеларка. Ја чекаме посетата на госпоѓа Меркел на 2 мај“, рекол Путин. Меркел, заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд, беше посредник во постигнувањето на мировниот договор во...

Откажани повеќе летови во САД поради снежната бура на североистокот

Снежната бура, која ја најавија метеоролошките служби на САД, го погоди денеска североисточниот дел на државата, поради што се откажани повеќе летови. Властите им препорачаа на луѓето да останат во своите домови. Државните училишта во Њујорк, Бостон, Вирџинија и во Филаделфија се затворени. Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за снежна бура во региони во осум сојузни држави, вклучувајќи ги Њујорк,...

Бура ја одложи посетата на Меркел во Вашингтон

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи посетата на Вашингтон, каде што вчера требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Посетата на Меркел е одложена поради брзото напредување на зимската бура, која се очекува да го погоди североистокот на САД. Меркел на новинарите им соопшти дека Трамп телефонски ја побарал за да ѝ објасни колку е сериозна ситуацијата со бурата. - Патот е...

Доналд Туск останува претседател на Европскиот совет

Лидерите на Европска Унија денеска му го продолжија мандатот на поранешниот полски премиер Доналд Туск на функцијата претседател на Европскиот совет за нови 30 месеци и покрај жестоките противења на Полска, јавува „Би-би-си“. Според француски дипломатски извори, за реизборот на Туск гласале 27 земји членки, а само еден гласач бил „против“. „Ќе направиме сè да не се случи реизбор на Туск“,...

Меркел: Ердоган претера, нема место за споредување со нацизам

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема оправдување за тоа што турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја споредил забраната за некои политички собири во Германија со нацистичка практика. Таа рече дека коментарите на Ердоган само ги „ревитализираат неспоредливите страдања на жртвите од нацистичките злосторства против човештвото“. Меркел призна дека постојат длабоки несогласувања помеѓу Берлин и Анкара по прашање на слободата на...

Ангела Меркел повторно ќе се кандидира за канцеларка

Конзервативната Христијанско-демократска унија (ХДУ) денеска и официјално ја именуваше својата лидерка, Ангела Меркел, за кандидат на претстојните парламентарни избори во септември. Меркел добила поддршка од 95 проценти од делегатите на конвенцијата на партијата во сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија, која се смета за нејзина политичка база. Истражувањето на јавното мислење покажува дека Социјалдемократската партија би можела да претставува голем предизвик за актуелната...

Меркел: Би разговарала со Путин за лажните вести

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека со задоволство би разговарала со Русија за сајбер нападите и лажните вести. Таа ја истакна својата загриженост дека е прашање дали проблемот со лажните вести би можел успешно да се реши пред европските избори оваа година. - Знаеме дека Русија многу отворено става до знаење дека хибридното војување го смета за еден вид на одбрана...

Меркел: Да се зајакне мултилатерализмот и соработката со Русија против тероризмот

Германската канцеларка Ангела Меркел ја истакна потребата од зајакнување на мултилатералните структури како што се Европската Унија, НАТО и Обединетите нации. Меркел во обраќањето на Безбедносната конференција во Михнен, порача дека е важно да се соработува со Русија во борбата против тероризмот. -Сите ќе бидеме посилни ако заедно делуваме – порача Меркел на собирот на кој присуствуваше и американскиот потпретседател Мајкл...

Меркел и официјално кандидатка на конзервативците на изборите во Германија

Германската конзервативна партија денеска постигна договор канцеларката Ангела Меркел да биде номинирана како нејзина кандидатка на изборите на 24 септември, без разлика на спорот за приливот на мигранти, соопштија денеска учесници на состанокот. Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел (ЦДУ), претходно ја критикуваше канцеларката затоа што дозволила повеќе од милион бегалци да влезат во Германија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...